ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
@_The Great_
Знаеш што е работата? Имале они сознанија за групата, знаеле дека се терористи и слично, ама не знаеле дека се толку многу и не знаеле дека имаат толку оружје и муниција. Тука е ајде да кажам пропустот на МВР, но реално местото е такво што не дава да помислиш дека на толку мал простор ќе се стационираат толку многу терористи.
Друже тоа е проблемот, тоа што не знаеле. Значи ти не можеш да пратиш да речеме 15 специјалци, да им речеш - „Еј, одите, апсите овде, пукајте“. Значи мора да знаат однапред со кого се соочуваат, колку силен е нивниот противник, па да донесат одлука со каква сила да реагираат. Тигрите само што стапнале во населбата, одма биле жестоко нападнати. Јас не сум стручен во оваа област, ама логиката ме тера да мислам на некои работи - МВР морале со поголема сила да реагираат, или не знам, се' да направат оперативците за да спречат жртви на наша страна. Ме сфаќаш? Едноставно ова е ПРЕГОЛЕМА бројка, 8 загинати специјалци за мене се премногу.

Vanlok - Не можам да те натерам да ми веруваш. Ова јас го слушнав од другар кој зборел лично со цајканот. Не планирам да лажам и да дезинформирам, јас лично сум многу потресен деновиве зошто живеам меѓу луѓе кои што се директно погодени од трагедијава и знам како ми е мене, а и на нив.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.954
Поени од реакции
17.781
Друже тоа е проблемот, тоа што не знаеле. Значи ти не можеш да пратиш да речеме 15 специјалци, да им речеш - „Еј, одите, апсите овде, пукајте“. Значи мора да знаат однапред со кого се соочуваат, колку силен е нивниот противник, па да донесат одлука со каква сила да реагираат. Тигрите само што стапнале во населбата, одма биле жестоко нападнати. Јас не сум стручен во оваа област, ама логиката ме тера да мислам на некои работи - МВР морале со поголема сила да реагираат, или не знам, се' да направат оперативците за да спречат жртви на наша страна. Ме сфаќаш? Едноставно ова е ПРЕГОЛЕМА бројка, 8 загинати специјалци за мене се премногу.

Vanlok - Не можам да те натерам да ми веруваш. Ова јас го слушнав од другар кој зборел лично со цајканот. Не планирам да лажам и да дезинформирам, само са
Доста од специјалците биле без борбено искуство,кога ќе споредиш со кој и во каква ситуација се бореле 8 жртви и не е така лошо. Терористиве сите имаат неколку војни преживеано, којзнае во колку вакви ситуации се имаат најдено.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.151
Поени од реакции
21.794
На американците им треба влада што ќе слуша,нешто што мислам дека моменталната влада го прави. Доколку не го прави,ќе донесат некоја која ќе го прави тоа. Русија у секој случај не ни преостанува,притиснати се од сите страни и ќе не остаат да идеме јабана ко и секад.
Интересна забелешка , посебно болдот.
Само уште одговорими како тоа ке ја донесат. Со кои средства и начини. Онака општо. Како би паднала една легално на избори избрана влада во една суверена и меѓународно признаена држава членка на обединетите нации.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Па го имаат тоа, сега во моментов.

Решете се еднаш, ја сакаат Американците Македонија распадната, или сервилна. Крај не ви се наоѓа.
Повеќе ја сакаат цела бидејќи тогаш ќе треба да прават вакви сценарија во две држави со помош на тамошниот домашен непријател
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.794
Поени од реакции
26.355
Едноставно ова е ПРЕГОЛЕМА бројка, 8 загинати специјалци за мене се премногу.
И еден човек е преголема бројка да загине. Едноставно немале искуство, а се соочиле со многу увежбана воена единица. Тоа е тоа за жал.

Него друго мене ми е страв, доколку 10-15 борци на ИСИС ни направија толку проблеми, замислете си како би било кога би ни пуштиле 1000.

Чисто информативно, зошто Македонија ја укина воената обврска и дали на пример во Грција како НАТО земја е укината?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Епа тоа е муабетот бе , зошто дошло до престрелка. Спиеле ли тие во куќите, од некое село ли баш во тој момент влегле во населбата, неможе у 5 сабајле ти да бидеш со униформа на учк, а да имаш за цел да напаѓаш стратешки места во наредните денови. И по леб да не оделе со униформи.

Сакаш да кажеш цело време не ја соблекувале униформата и додека спиеле?!

Како можеш да ги фатиш неспремни, кога биле во униформи и имале оружје со нив за 2 дена без прекин да пукаат.

Затоа барам некој да се појави на тв со официјална информација од тоа што се случило сабајлето и како влегле терористите во населбата.
Ти бе си бил во војска па да не се чудиш зошто спиеле ли не спиеле

Сигурно влегле со организиран превоз на некоја туристичка агенција која претходно им обезбедилаа визи
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.954
Поени од реакции
17.781
Интересна забелешка , посебно болдот.
Само уште одговорими како тоа ке ја донесат. Со кои средства и начини. Онака општо. Како би паднала една легално на избори избрана влада во една суверена и меѓународно признаена држава членка на обединетите нации.
Вајда глеаше како се бута власт легално избрана на избори во Украина,земја со 50 милиони жители и сосед на Русија. Во кој свет живеете вие дека земја како Македонија ќе се и се спротистави на Америка? Доволно е само Ахмети да излезе од влада и толку ќе беше.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.680
Поени од реакции
5.958
Доста од специјалците биле без борбено искуство,кога ќе споредиш со кој и во каква ситуација се бореле 8 жртви и не е така лошо. Терористиве сите имаат неколку војни преживеано, којзнае во колку вакви ситуации се имаат најдено.
Не е точно, од загинатите само еден е без борбено искуство Ненад С. кој е влезен во МВР т.е во Тигрите преку првиот оглас за нови полицајци кој го објави МВР. Останатите се сите со воено искуство од 2001 и од многу други акции.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.151
Поени од реакции
21.794
Вајда глеаше како се бута власт легално избрана на избори во Украина,земја со 50 милиони жители и сосед на Русија. Во кој свет живеете вие дека земја како Македонија ќе се и се спротистави на Америка? Доволно е само Ахмети да излезе од влада и толку ќе беше.
Да да јасно, само очигледно не ми го сфати прашањето. Ајде вака ке го поставам.
Ако ДУИ реагира на дугме на странска сила и работи за нејзини интереси ( во случајот Америка ) што тогаш тоа ја прави ДУИ во државата ?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.954
Поени од реакции
17.781
Не е точно, од загинатите само еден е без борбено искуство Ненад С. кој е влезен во МВР т.е во Тигрите преку првиот оглас за нови полицајци кој го објави МВР. Останатите се сите со воено искуство од 2001 и од многу други акции.
Од загинатите да,од ранетите не е само он(без борбено искуство).
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Најверојатно има и во други региони инфилтрирано групи, Недај Боже.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.954
Поени од реакции
17.781
Да да јасно, само очигледно не ми го сфати прашањето. Ајде вака ке го поставам.
Ако ДУИ реагира на дугме на странска сила и работи за нејзини интереси ( во случајот Америка ) што тогаш тоа ја прави ДУИ во државата ?
хм американски вазал? Они си бркаат свои интереси кој им се поклопија со Американските и тоа е тоа. Наш избор е или ќе слушаме или ќе глумиме бунтовници.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.680
Поени од реакции
5.958
Од загинатите да,од ранетите не е само он(без борбено искуство).
Па добро нормално дека ќе има,сега кога веќе влегле сигурно нема да дремат само во касарна, ама пак се минимален број што учествувале во акцијата за разлика од постарите.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.151
Поени од реакции
21.794
хм американски вазал? Они си бркаат свои интереси кој им се поклопија со Американските и тоа е тоа. Наш избор е или ќе слушаме или ќе глумиме бунтовници.
Не туку ги прави петта колона и колаборационисти. Не им се поклопија нивните интереси со на Американците туку одработуваат за Американците за да можат да ги остварат нивните интереси. Било како било значи начинот за да падни една легално избрана влада или да се дестабилизира некоја земја и со тоа да се направи поподложна на странски влијанија е да се има домашен непријател или народски кажано петта колона која одвнатре би го рушела системот и би одработвала за нив.
Или тоа или директна странска интервенција која би дошла на барање пак на таа петта колона.
Ако ја нема таа петта колона од равенката што тогаш би се случило ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom