ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Се дистанцирав од ваков муабет, али ајде, само постов.

Прво, не верувам дека ова е сценарио нарачано од големите играчи. Дека е со нивни амин, сигурно. Со нивни амин се и бомбите на Заев, и прикривањата на криминалните дејанија на властите, па сигурно и прикривањата за Смилковско.

Второ, криминогени структури во Македонија има премногу. Во последно време страшното е што тие не се само од албанска страна. Од соживотот си ги посвојуваме само лошите страни, така ние посвоивме од нив само лоши. Да не се лажеме не сме деца, знаеме какви криминалци се најголемите македонски имиња кои моментално се во фотелји и институции, го видовме тоа. Не беше монтирано, сечено и лепено сигурно.

Така да конечна пресметка со криминалните и терористички структури во земјава е во моментов речиси невозможна, затоа што нивните пајажини се испреплетени се нечиви наши пајажини и си се помагаат. Плус на тоа додај го амеркианското влијание, кое рака на срце сега е неспорелдиво помало од тоа што беше од 1999 до 2001, веќе и тие не се толку дефанзивно настроени кон пулените нивни. Искористи и плукни им прават.

Да не збориме па за вахабисти кои слободно се шетаат во државава. Останавме последна на Балканот која не спроведе акција за апсење на нивни членови. Тие се подвижна опасност, можеби поопасни и од овие, ама среќа во несреќа е што не сме таква таргет земја каде би направиле пакост, а што и би направиле коа слбодно се шетаат никој не ги чепка овде.

Она што е мое мислење за акцијата, а основано врз непартизиран мозок и информации од луѓе кои директно биле вклучени во драмата и информации кои смеат да ги кажат (остантото не смеат, логично е) е дека, ова излегло од контрола, гадно. Но имало иницијатор на акцијата, од наша страна. Така има две опции:
Или овој иницијатор ова пребрзо го наредил, без да подготви задолжително претходно сканирање на терен, разузнавање итн, се водел по застарени информации и направил лоша проценка,
или,
Некој гадно го предал планот на терористите, па отидоа затоа јабана наши полицајци.
Затоа што има многу нелогичности и факти за акцијава кои говорат така. Дефинитвно, од прва рака, не очекувале да начекаат спремни терористи, само поединци кои би чувале стража, овие сите биле спремни на штрек.

Факт е дека ги начекале во заседа и биле живо место. Таму нема спас колку и да си спремен, а барем тие што биле прва група се поискусни и поспремни, така да во „еднакви“ услови би се заштитиле добро. Потоа имале засилување од релативно тазе специјалци, со морам да бидам брутално искрен, сомнителен тренинг и квалитет, па не се ослободиле толку лесно од групата.

Што било точно нема да дознаеме, ќе остане да заклучуваме по сопствена волја (некои и по партиска за жал), жртвите нема никој да ги врати.

Трето, во тој муабет за гасоводот јас не верувам, ти веруваш и тоа е, џабе би се убедувале за тоа. :)
Неопходноста и тајмингот на полициската акција беа одредени по претходно добро добиени информации, а секое одлагање ќе значеше нови ризици, објасни премиерот Ама проблем е што многу луѓе размислуваат вака
 
Мене само едно ме чуди, како само им успеа на овие терористите, после 9 години владење на Груевски во Македонија, и после девет години тендерска идила помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, да нападнат ТОЧНО една недела пред големиот митинг на опозицијата во Скопје?
 
Знам, ама вика more than 20 killed. Штом не се специфирани дали се терористи или полицајци значи зборат за вкупно жртви. А за тоа што значи... за жал знаеме сите.

Некрофили се, ги интересираат само жртви нив, какви и да се.
 
Чак и да не е вистина она со палењето на знамето се виде нивната реакција кога оклопните возила си заминуваа.
 
Мене само едно ме чуди, како само им успеа на овие терористите, после 9 години владење на Груевски во Македонија, и после девет години тендерска идила помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, да нападнат ТОЧНО една недела пред големиот митинг на опозицијата во Скопје?
Леле како ги отрки значи секоја чест.
 
Ова што се случи може да се сумира како една театарска претстава,
Терористите платени од наши пари се борат со полицијата платена од наши пари, за да ти одбранат нашите украдени пари.
Штета што заврши со жртви, но во оваа држава навистина треба да има пуч од страна на војската и полицијата или раководните лица на овие сектори да поднесат оставка и тотална парализа на нивното дејствување, дотолку повеќе што може да ги проследат платениците да ги извршат своите дејствија баш врз политиката гарнитура.
И ако некој уште верува на тоа дека е америчко или било какво масло, да ве потсетам на последниот авионски лет на Трајковски, тоа не го прават американците со кревање на тензии, туку суптилно и шармантно, бидејќи знаат дека рибата смрди од главата и ја сечат главата, ако не слуша.
 
Неопходноста и тајмингот на полициската акција беа одредени по претходно добро добиени информации, а секое одлагање ќе значеше нови ризици, објасни премиерот Ама проблем е што многу луѓе размислуваат вака

Проблем е што многу луѓе смртно му веруваат на премиерот другар. Или на Заев, на Аљи, на кој било политичар, т.е. на строго една страна. Толку им веруваат што не води до вакво дереџе.
 
На прецедателот Иванов говорот беше како некој да му го напунил паметот додека бил во Русија. Јас таков впечаток добив.
 
На прецедателот Иванов говорот беше како некој да му го напунил паметот додека бил во Русија. Јас таков впечаток добив.
среќа па у америка што не бил,можеби ко вахабист ќе го врателе
 
Леле како ги отрки значи секоја чест.

Јас не ги открив, ама ти сигурно имаш некоја геостратешка теорија како Македонија е центарот на Умиверзумот, а клетите Американци ни завидуваат и сакаат да не уништатат. Плус нешто и за гасоводот, како во крими филмче...
 
Мене само едно ме чуди, како само им успеа на овие терористите, после 9 години владење на Груевски во Македонија, и после девет години тендерска идила помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, да нападнат ТОЧНО една недела пред големиот митинг на опозицијата во Скопје?

Aj контра.Ти од увек си бил паметен дечко..ќе ми одговориш..
Зашто увек кога ДПМНЕ е на власт а СДС опозиција се дешаваат срања..2001,Кале,Смилковско,ова сега..?
Зашто во документите од ''Надеж'' на опозицијата и се трасира патот дека само преку дестабилизација или граѓанска војна ќе го срушат ДПМНЕ?
Од каде знаеше Шекеринска пред месец-два дека во Македонија ќе има нереди?
И на крај,зашто мислиш дека на власта и одговараат немири,наместо мир,каде во мир ќе си ги тераат своите интереси?
Не ги боли таквото нив за опозицијата,опозицијата нити има моќ нити паметна стратегија
како да ги сруши овие од власт.9 години нижат порази,нокаут до нокаут,најтазе им е Центар,се виде дека немаат поддршка ни на референдум,во една од ретките општини што ја добија на прошлите избори.
 
Трагедија..
Сочувство до семејствата на загинатите полицајци.Слава им!
Се надевам дека информациите за тоа дека нема цивилни жртви,се точни.

Кој стои зад групава не сакам да шпекулирам во моментов,сите варијанти се можни.
Времето ќе покаже.
Во 2001 имаше исти вакви обвинувања СДСМ вс ВМРО и обратно,излезе дека се тоа било плод на антагонизмот/желба за политички да се профитира од ситуацијата.

Мислам дека во моментов во Македонија воопшто нема клима за меѓуетнички судири,ама таква клима може да се создаде.Се надевам дека до тоа нема да дојде.

Инаку,вчерашниот ден покажа колку очајни медиуми имаме.Па мамичето да ви го ебам куропушачко,од американската амбасада и од српските медиуми ли треба да дознаеме дека има жртви?!Среќа што постои интернетов.


Ги гледам Јанкуловска и Мијалков на погребот на еден од загинатите полицајци,и сакам да верувам дека искрено сочуствуваат,не за друго,јас ќе чуствувам подобро ако верувам во тоа,ама не можам,не ми успева да се убедам во тоа..

За крај,околу начинот на изведување на акцијата,што и како се случувало на лице место,треба да почекаме да разбереме од прва рака,од луѓето кои беа таму и учествуваа во акцијата.После ќе можеме и таа тема да ја разглобиме.
 
Јас не ги открив, ама ти сигурно имаш некоја геостратешка теорија како Македонија е центарот на Умиверзумот, а клетите Американци ни завидуваат и сакаат да не уништатат. Плус нешто и за гасоводот, како во крими филмче...
Сигурно им рекле поседете тука и дива маала и ние ќе се пукаме малце, 14 ќе ви убиеме а после кој остане жив ќе делиме парите, *********

Оди фрлај шишиња на полицијата.

Едитирано и Опомена од Модератор: Внимавај на речник.
 
Последно уредено од модератор:
На прецедателот Иванов говорот беше како некој да му го напунил паметот додека бил во Русија. Јас таков впечаток добив.
Дали го има негде онлајн говорот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom