Заклучно со денешнава ситуација мислам дека за жал радикализација и ескалација на Македонскава драма е неизбежна.
Бог да ги прости и вечна им слава на момците кои што денес животот го дадоа за Македонија и застанаа рамо до рамо со бранителите од 2001, партизаните и илинденците.
Ете веќе денес се почна со меѓусебни обвинувања, а веќе набрзо за два три дена очекувам смртта на бранителите бескрупулозно да се искористи и од една и од другата страна што на крај ќе резултира со директни обвинувања кој е виновен.
Според тоа како и дел од народот после денес реагира, мислам дека веќе го добиваат посакуваниот легитимитет од своето тело за full scale пресметка со сите методи со секој што пробува да дестабилизира според нивното толкување на поимот дестабилизација.
Ако мислев дека до крај на годинава ќе има политичка разрешница сега убеден сум дека веќе месецов или наредниот месец не очекува опасна ескалација.
Господ нека ни е напомош.