Имале локално население јатаци - убиените ‘цивили‘ (сега разни страни ќе ги користат можда за други цели).Не можам да ве цитирам сите посебно туку ќе прашам еве овде. Како ни е поспремна полицијата кога дозволила толкава група терористи да ни помине преку граница? Секако ако ова не е исценирано од било која страна, искрено и јас се повеќе и повеќе се сомневам во оваа теорија. Немој да ме сфатите дека ги обвинувам полицајците, крива е МВР како институција шо еве ова се дешава, само ме испровоцира постот на @Fringe дека сме биле поспремни од 2001....
имаш бујна фантазија ...прво фирма купи плац на водно по цена од 1,2 Милки евра, некаде по 90евра/м2, а управител на фирмата наводно бил кум на Груевски од првиот брак. А братучедите на Заев купиле голема вила на Касандра за 100.000 евра и Заев рече дека немал ништо со тоа. Тоа е се од пишани документи, се друго ти е фантазија.Јас немам никакви фантазии. Ја не живеам на Филипини, во Македонија живеам, и можам да кажам дека Албанците кои живеат тука немаа никаков интерес или желба за војна, додека во 2001 ситуацијата вриеше уште пред да пукне. Проблемот е што кај Албанците ко народ има највеќе усијани глави и ова може да се рашири на поголема територија, па и ние што сме тука на форумов можеби ќе облечеме униформа и ќе земеме пушка. Јас знам само дека сегашниов премиер апла беше фатен како договара провизии од 20 милиони евра, како купува плацови на Водно исто така од 20 милиони евра, како на министерка и е до шала кога едно дете беше убиено а вчера на прес покажа завидни актерски способности, знам дека му се собра неколку иљаден народ кој сакаше да го линчува. И сеа треба глуп да си или да сакаш да замижиш за да не разбираш што е работава.
Ова го заклучи поради пресот на ДУИ?Втор факт е дека албанците се видно изненадени од „војната“ во нивно име.
За последнава реченица да можев десет лајка ќе ти ставев.Ова го заклучи поради пресот на ДУИ?
Да не заборавиме со какво лицемерие си имаме работа.
Од видеово се гледа колку е тешко да се справуваш со терористи кои постојано пукаат во тебе, а истовремено мора да ги тргаш и евакуираш цивилите од улиците.Ова видео не го видов до сега. Језиво.
https://www.facebook.com/Kosovari.Info/videos/vb.1571182163109862/1661070574121020/?type=2&theater
Никаков прес немам гледано.Ова го заклучи поради пресот на ДУИ?
Да не заборавиме со какво лицемерие си имаме работа.
ова е од времето на сдсм, за потсетување... а освен Бродец 2007 имаше акција и неколку години пред тоа, мислам во Шипковица, министер на МВР беше Костов... и тогаш и 2007 ОБСЦЕ веднаш рипна дека се користи несразнерна сила... сега се јави за таа работа Најчевска...Интересна информација за еден од уапсените командант малишева. Веста е од 20о6 година.
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2488&stID=35399
Нормално дека моментот за одговорност треба да дојде покасно, одкако сево ова ќе се смири, се сложувам со тебе. Но, прашањето „ да се смири “ ситуацијата е дали тоа ќе биде онака како во 2001 - што аналогно би требало да има техничка влада ( што би било спротивно на целата политика на власта водена во претходниов период ) или па ќе имаат уште време да изменаџираат тотална конфузност и да се исперат на нечив туѓ грб ( мислам на жртви ) со тоа што би го продлабочиле лудилово само со поголема координираност ?Oва некој тука ми го исповети со мочање врз загинатите полицајци.
Боље мајка да ми опцуе некој отколку ова да го каже, али нека му е.
Него на тема оставки, сеа му реплицирав на бугарот од друга тема али и он утнал тема а и ја у пакет со него зашто го цитирав, па тука истото ке го кажам, на тема оставки и одговорност.
Во моментов најмалце е битно дали грујо, горде, или било кој ке поднесе оставка најискрено да ти кажам, до пред некој ден беше, у моментов тотално небитно е, кога имаш 8 семејства у црнила ...
За оставки друг ден може да се праи муабет, у моментов треба да се консолидира цела политичка елита и да дејствува ко едно, зашто ситуацијата е деликатна, бројот на жртви не е официјален и може да е поголем, можноста за други судири исто постојат и уште ништо не е готово, така да тотален распад систем и една политичка анархија во моментов нас ко земја не ни одговара.
Одговорност може да има кога ситуацијата целосно ќе се смири и ќе се искалкулираат некои работи, па тогаш може да правиме муабет за тоа, во моментов колку да сметам дека они функционираат лошо, и се однесуваат неприлагодно на даденава ситуација, не е момент да се тргнат, ќе видиме вечер што ќе биде и од состанокот кај Иванов, мислам дека сите потврдија присуство ако не се лажам, бар така тука прочитав.
Битна е и самата поента на овие атаци, која е целта, сега за сега ништо незнаеме, добро е што имаат затврено низа терористи, па да видиме они дали нешто ќе пропеат, се надевам дека брутално ќе ги мачат и од уста ке им ги влечат со клешти зборовите.