ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Па нема ни недела дена од Гошинце и пак му се дозволува на групи од странство слободно вооружени до заби да си преминат граница без никој да ги гибни? Зарем не беше доволно предупредување Гошинце да се зголемат контролите на границата со Косово? Зошто им се дозволи да влезат дури до Куманово и им се даде шанса за битка во урбана средина кога можеја да ги средат во планински предели мноогу полесно...
 
Иванов се враќа од Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја прекинува работната посета на Руската Федерација и се враќа во земјата, информираат од неговиот кабинет и додаваат дека по последните случувања во Куманово ќе биде свикан и Советот за безбедност.
За актуелната состојба во Република Македонија претседателот Иванов утрово ги информирал Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Чешката Република, Милош Земан и останатите соговорници, со кои остварил средби во Москва.
 
Америчката амбасада изрази сочувство кон загинатите полицајци. Пошто они ретко грешат, најверојатно, има загинати...
 
Официјално е ова со загнатите полицајци? И сајтови од балканот пренесуваат за загинати, а никаде не прочитав на владин сајт од Македонија.

КУРир и останати владини портали наместо да се појават со повеќе информации, они споделуваат слики кој и што пишал на фејсбук и кој каде ја тргнал фамилијата. :tapp:

Еве опозицијата ги повикува Грујо и Ахмети да се изјаснат околу настанатата ситуација. Каде се крие Чарли Чаплин? :rolleyes:
И престаните не е никаков меѓуетнички конфликт, туку борба за фотеља. ;)
koj del od zabrana za kazuvanje vo javnost ne go razbiras.

Sigurno e veke i semejstvata nivni znaat

Неофицијално: Тројца повредени полицајци, наредба да не се даваат информации

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=22214
 
AIR_UAV_ERMP_Warrior_Test_Flight_lg.jpg

Имаме вакво нешто ??? Полиција, армија...било кој ? 2 од овие UAV's ми летат над глава моментално
 
Иванов се враќа од Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја прекинува работната посета на Руската Федерација и се враќа во земјата, информираат од неговиот кабинет и додаваат дека по последните случувања во Куманово ќе биде свикан и Советот за безбедност.
За актуелната состојба во Република Македонија претседателот Иванов утрово ги информирал Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Чешката Република, Милош Земан и останатите соговорници, со кои остварил средби во Москва.

Тој па тој па, гарант отишол за да може спектакуларно да се врати демек некој јак курац е ќе не оправа. Фино им се погоди кога беше Гошинце Грујо во Брисел, сега ова кога е Хорхе во Москва. Па треба да си малоумен барем да не сумњаш.
 
Се знае , сатаната реши да го уништува православјето , ама че се изгори и тоа ногу јако овој пат ! Ова е шанса , оваа нова светска војна која заочна во Украина е шанса да се обедини славјанството и да направиме заедничка унија и да го оттргнеме зверот од нашите дворови !! СЛАВА БОГУ !
 
Стварно, сто души тешко наоружани да слезат до Куманово, и тоа со "претходни сознанија". Кај нас слонови ќе поминат, никој нема да примети.
 
Батали ги тие од Твитер, прст да им покажеш ќе се насмеат.

Лошо е ако мораат комбиња да одат до Куманово и назад, се троши време а лекарите се вадат надвор од болница.
па поади тоа ги носат и со хеликоптери... http://www.telma.com.mk/vesti/na-skopskite-kliniki-pristignuvaat-povredenite-vo-kumanovo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom