ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.086
Поени од реакции
11.485
Ми личи на заседа, изгледа некој ги исцинкарил полицајците уште пред да стигнат да претресуваат

 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Симптоматично е што никој од жителите кои живеат во Диво Насеље нема видено некој од "терористиве", од тие што ги анкетираа до сега. Со оглед на тоа дека се 80-100 души, нема теорија никој да не ги видел.
Синоќа во 03:30 поминав низ таа населба, немаше ни ќорав полицаец, ниту пак некоја група, сите беа стационирани на потегот кон Липково, во Бедиње, пред Режановце и Лопате.

Иначе, местото е перфектно за улична борба, ради тесните улички, и густо поставените куќи.
од таму и дошле,така се збори...но веројатно некако им се протнале,веројатно како цивили,а оружјето било стационирано во населбата.

и нема што да не чуди тоа-ништа нисмо видели,ништа нисмо чули,ми смо миран и поштен народ...и во 2001 криеа така оружја муниција униформи и храна и лекови,има и видео од таков случај,а и за се се кријат они,кражба да направи нивен го кријат и го правдаат,камоли вкаво нешто...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
Македонија има председател????????????????

Секој нормален функционер во ваква ситуација ќе откажеше било каква активност и ќе се вратеше да биде она за што е избран од народот.

Врховниот командант на РМ се лади во Москва додека умираат полицајци и македонски цивили.

Во моментов воопшто не е битно која е етничката припадност на повредените (или евентуално убиените) полицајци и цивили, сите се жители на Македонија.

Во моментов треба да престанеме да обвинуваме било кого, а кога ова ќе заврши треба да наполниме еден воз со сите политички активни функционери од 90 до денес и право за Аушвиц. Само така може да се нормализираме и да почнеме да живееме. Вака само ќе се препукуваат кој би помал криминаец и помало зло, додека луѓе вршат самоубиства поради извршители и секој ден умираат во беда.

Срамота е што како народ дозволивме 25 години шака бандити да ни се серат на глава и да се богатат на наш грп. Ни го усраа детството, ни ја усраја младоста, а сега сакаат да ја усерат и иднината на нашите деца.

ОВА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.622
Поени од реакции
43.469
кој беше после Гошинце што кажа дека после фијаското таму и глумењето лудило, наредната ваква работа со жртви ќе биде само за да се истера муабетот дека Македонија е нападната и е под терористичка закана.
Не сакам да верувам у муабетот дека има доволно луди луѓе кај нас кои би го истерале ова,
Но, имам низа прашалници на кои барам одговор, зашто Стојанче Ангелов убедуваше дека во Македонија има уфрлено криминална банда за да предизвикува инциденти недели пред ова да се случува, инфо за кое на Телма кажа дека му е од високи структури на МВР кои не сакаше да ги именува ( од оправдани причини ) а се до Гошинце го правеа луд, за да по Гошинце истите тие што го правеа луд да му препишат дека со тоа само се потврдуваат игрите на опозицијата и дека они подготвуваат нешто што води кон второто многу битно Зашто, наместо да глумат лудило и да се брукаат, зашто никој од МВР, АРМ, сеедно, не го свати сериозно и зашто никој не го повика на разговор за да ги образложи тие тврдења, такво тврдење МОРА сериозно да се свати поготово зашто не доаѓа од било кој, зашто вчера дел од нашиве медиуми кои не се под контрола на власта известија за уфрлена криминална банда во тој регион ( што се испостави денес како точно, сега пролистав на Курир не најдов никаква слична информација од вчера ) а полицијата не реагирала да се тргне населението и да се создаде подобар терен за акција а уз пут и да има поголема спремност кај специјалните единици за да и кај нив нема жртви, зашто дефакто, криминална група имало, била вооружена, и како таква, претставува опасност за сите во тој реон ....

Точно, Се ова налага на сценариото од 2001, и тогаш се знаеше дека нешто се спрема а буквално НИШТО не се превземаше Се дур не ескалираше, и сега се знаеше дека нешто се спрема, неколку индикации за тоа, а не видов нешто асално да се спреми за да се спречи. Па ја уште не видов асална акција од наша страна и од косовска за наводното преминување на криминални банди од кај нив ( ова може да се додаде ко уште едно Зашто од погоре ), памти некој колку малце се известуваше за вакво нешто, за контакти со косоварите, за откривање на бандата од Гошинце и слично, повеќе известуваа за Ангелов, сорос, есдес, бранко и остали виновници за Гошинце, а многу малку за она што под дифолт ко акција мораше да се случи по тој фамозен напад.

Во 2001 немавме интернет, немавме мобилни што снимаат, денес мислам дека нема да помине ова кај народов, ова дефакто е исценирано, каква голема албанија, какви права на албанци, ова на албанциве кај нас ВООПШТО НЕ ИМ ОДГОВАРА зашто добија СЕ и ситуацијата е таква да подобро е да си албанец отколку македонец така да не се они глупи тоа да го изгубат...
Сеа ко и по смилковско ке тераат на радикали, исис, гарант, тоа е моја претпоставка, зашто муабетите за незадоволство кај албанците у Македонија во 2015 секако дека нема да поминат.
Неам зборови еј спиев до сега и дознав дека тројца од специјалните сили за безбедност ни се убиени, еј што е ова бе, кај ќе им оди душата на сценаристите, у пизду матер све нека иде, уште 3 семејства завиени у црно ( ако сум грешка за ова поправете ме ама на 100 места видов потврда, а и луѓе со кои муабет правев истото ми го рекоа дека ова е официјално ... сега за сега ).
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.449
Поени од реакции
4.937
хаха,па не сме 1913 па да се прават војни со јуриш...ајде ајде многу добро знаеш ти,не глуми мрднат тука.

Се знае,класика.Завземаш територија која е со албанци,и мал дел Македонци,албанците остануваат во нивните куќи и ти помагаат со облека(да се пресоблечеш кога ќе навлезат специајлците) со храна,засолниште,чуваат муниции и оружје,застануваат како жив штит,влагаш у куќата и гаѓаш на полиција а внатре цела фамилија деца и жени,па нека иде специјалецот да чисти таква куќа...

така се водат денеска војни секаде низ светот,оддамна изумре принципот на јуриш.
Јака стратегија де, завземи место со отворено небо, сред град...
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
абе не мора ни да ги исцинкари,доволно е да имаат фб терористите,и наши и Албанци постнуваат позиции,ги снимаат полицајциве...

веројатно први на удар биле кумановските полицајци,кои веројатно на шала ги сфатиле дојавите дека има терористи со оружје во населбата,па отишле да видат...бројката од 30тина е вројатно нивна...бидејќи не очекувале,не биле спремни,а отишле во поголем број за секој случај,чим и населбата е ризична..

возилото е на ЕСЗ тигар...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Медиумиве 99% од нив од двата табори потфрлија многу денес. Па не може да почекаат 24 часа? Пак препукувања овој бил на одмор оној платил. Подобро е да не се цитираат такви глупости.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.434
Поени од реакции
29.711
Главна цел е дестабилизација на државата ...било кој да е на власт и Вмро и Сдсм, се играат тешки игри у заднина со други играчи на кој не им е важно кој е на власт туку каква ќе биде состојбата во државава а македонецот ни еднаш не застанал заедно на една страна туку се делат на црвени и плави, или албанци на македонци а не се свесни дека сите сме тука на оваа територија и сите треба да бидеме на иста страна кога се брани мирот и стабилноста на местото каде живееме.
Луѓето мислат ако дојдат нивните автоматски мед и млеко ќе тече...а тоа што после овој хаос ќе треба да минат години да се поправат работите никој не му е гајле.
Генерации израснавме во транзиција, во воен период, пост воен период, меѓуетнички тензии, имате ли вие мозок, има ли крај на ова бре ?
 
V

viktora

Гостин
Ми личи на заседа, изгледа некој ги исцинкарил полицајците уште пред да стигнат да претресуваат

Сто посто не е местено.Само пички како УЧК пука во заседа и позади грб.Ова е нивниот знак.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.831
Поени од реакции
18.517
Жалосно е ова, нека почиваат во мир сите што ги изгубиле животите, за што? За што бе идиоти, за што? Нели ви беше доста крв, крв да серете мајката да ви ја изнаебам.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Прочитав негде дошла армијата на помош вистина е ова или не ?
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.768
Поени од реакции
6.735
А где је војска? Па нели редовни учесници сме во мисиите во авганистан во борби баш против вакви групи. Нели сме кандидати за членство во НАТО и нонстоп трубат дека се држиме до тој пат, дека имаме мала но спремна војска, дека се е под контрола...и капак на се после Гошинце да се дозволи 100-ина души да си влезат преку граница со оружје, опрема и сл...па каде го има ова бе?! Во ваква ситуација претседателот го свикува советот за безбедност во најкраток можен рок, а тој каде е? Во Москва? Во вилата на Водно, срамота! Ако не е сценарио од власта, треба после ова да си поднесат оставка пошто се неспособни да си ја зачуваат границата на најранливиот дел, а пак ако е нивно сценарио арам да им е лебот што го јадат. Клетви да ги стигнат и нив и нивните потомци до трето колено, кога посегнуваат по вакви сценарија само за да се одржат на власт, што ќе беше до толку лакоми за пари и моќ бре бре...
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.179
Поени од реакции
8.492
Ми личи на заседа, изгледа некој ги исцинкарил полицајците уште пред да стигнат да претресуваат

и јас така мислам, колку што читав на еден од албанскиве сајтови, во една куќа бил убиен сопственикот на куката каде што биле сместени бандитиве и плус МК полицаец, за каков полицаец не беше прецизирано, дали учествувал во напад или внатре бил претходно , незнам
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Хорхе е во Москва на марш, do not disturb.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.954
Поени од реакции
11.580
Форумот се заеба, па ми беше заебано полево за пишување. Нема да цитирам никого, ќе кажам пар работи.

Прво, би сакал да не ги мешате овој немил настан со она што се случуваше во вторникот. Да, тогаш имаше прекумерна употреба на сила од страна на полицијата (според мене и многумина други), ова денеска е нешто сосема друго.

Второ, не сакам да терам теории на заговор туку ќе понудам опции: или е некоја криминална банда со некакви намери или станува збор за креиран настан од страна на власта/опозицијата. Ако е вистина она што го напиша Стефан Богоев дека викендов требал да се одржи конгресот на ДПМНЕ во Куманово, но пред 10 дена бил одложен за претходниот викенд, мора да се признае дека делува сомнително. Но, нема да избрзувам со заклучоци.

Би сакал да изразам сочувство до фамилиите и пријатели на загинатите припадници на МВР (нема официјално за цивилни жртви, така да и за тоа нема да избрзувам). Нека почиваат во мир. Исто така, посакувам што побрзо закрепнување на повредените полицајци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom