Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ова! А не Рада на чело да биде. Мене ми е јасно дека опозицијата има гадно вмешано прсти во ова, али барем оние кои се неутрални треба да им дадат до знаење дека не се добредојдени. Јас не би стоела рамо до рамо со тие кретени. Јасно ќе им покажам дека не „работам“ за нив. Имбецили!
ЖенЦка, комплетно се согласувам. И мене ми е исто гадно, ми се повраќа кога ќе сфатам дека сум со таква гнаса во иста група и заедно се движам ама па од друга страна, јас ќе протестирам, они ќе седат по кафани и на мој грб да добиваат поени? Не оди ни тоа...

Треба![DOUBLEPOST=1431129498][/DOUBLEPOST]
овие позади што прават?
Ова е од првиот ден, пред влада. Фрлаа со јајца, лично гледав како луѓе се враќаат од некаде (веројатно до киоскот одма што е) со табла или две. После тоа фрлаа со патлиџани и компири мислам, за на крај да се фрли некој камен и грутка земја (што се наоѓа тука кај што се јарболите). Не можам да тврдам ама мислам дека ниту еден не беше фрлен до службено лице, освен ако можеби стварно не е погоден некој од луѓето што фрлаа а што беа далеку од први редови, па не можат да дофрлат.
По полицијата мислам дека се фрлаше со пластичните шишиња.

Не можам да тврдам, зошто не знам тој што фрла во што цели.[DOUBLEPOST=1431162702][/DOUBLEPOST]Иначе, вчера помасовно и мирно се разбира. Под мирно подразбирам без инциденти. Тоа што имаше пцуење, свирење и дерење е друг муабет.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.399
Поени од реакции
18.556
Абе ве разбирам јас, ама како што знаете дека секој што гласал за овие е виновен, така ќе бидат виновни и тие што ќе им направат ѓаволска услуга на другите ѕверови.
Само што ја после 3-4 години на власт ќе си се свртам против нив,а ти и по 50 години вмро на власт ќе гласаш за нив(ако опстоиме толку).Па сеа види кој прави поголема ѓаволска услуга.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.778
Поени од реакции
17.009
Има начини на отпуштање во кој работникот сам ќе си дае отказ:icon_lol: Шала на страна,масовно вработување ќе има со ист интензитет кој и да е на власт,едина разлика ќе биде чии партиски војници. Не глеам зашто ако вмро остане на власт да прекине со тоа.
Од друга страна нова власт нема да праи мегаломански проекти како Скопје 2014, туку ќе се фокусира на проекти кој ќе им носат гласови дур да зајакнат.
не најавија никакви проекти, само најчевска најави укинување на рамен данок и бркање на странските инвеститори[DOUBLEPOST=1431172632][/DOUBLEPOST]
А што ќе биде ако се погоди некој што му е загрозено правото на движење?
Треба ли да ги испогази телетабисиве ко лајна на асвалт?
во УСА, ама и во Хрватска, знам дека полицијата може да растури демонстрации ако го загрозуваат сообраќајот. Во УСА кога беа демонстрациите Окупи, пред 2 години, во Вашонгтон полицијата ги затвори демонстрантите со се градоначалникот кој им се придружил. Во Хрватска веројатно е причината што они се туристичка држава и секое блокирање на сообраќајот може да биде фатално за туризмот. А таму имаше случај, исто пред 2 години, кога жена налета на демонстрант со кола, тој и рипна на хауба и се фати за брисачите. Епилог беше, Осигурителната компанијатужеше и со извршител ја наплати штетата од демонстрантот... А кај нас шред 5-6 години мислам беше, тутунарите ја изблокираа пола Македонија, еден пријател од Прилеп едвај стигна во Охрид, кружеше преку некој селски патчиња цел ден...
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.399
Поени од реакции
18.556
не најавија никакви проекти, само најчевска најави укинување на рамен данок и бркање на странските инвеститори.
Све среќа да најавеа ќе им верував. Тоа програмата ни тој што ја пишува за партиите не ја чита.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Вахабистите. Финасирани од истиот газда со истите пари, со кои се финасира вахабистичката телевизија АЛ Џезеира чија проганда ја одобруваш.
тоа што не се тие непријател бр 1 за мене, не значи дека ги одобрувам или дека ги одобрувам сите нивни известувања. А што се однесува до известувањата, и други странски медиуми известуваа исто многу "реално". Ако збориме за медиуми, мене повеќе ме загрижуваат известувањата на домашните медиуми, како утринава кога спиеја буквално до пладне, додека сред Куманово се водеа борби. Така функционираа и за војната 2001, дури после 14-15 часот известуваа што се случува.
Што се однесува до Смилково, времето -и снимките- ќе покажат кој е виновен.
Што се однесува до тие вахабисти кои слободно шетаат низ Македонија требаше да се грижа на безбедносните служби, посебно оние "познати исламски терористи со досие" кои "веднаш ги открија" за убиствата на радишанските деца.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Поднесени 11 кривични пријави, најголемиот дел се за учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на својата должност (така мислам беше кривичното дело).

Инаку вчера протестот беше најмирниот досега, буквално немаше никакво фрлање со предмети. На крај испадна марш заради ограничената слобода на движење, но океј, ништо ново.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Поднесени 11 кривични пријави, најголемиот дел се за учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на својата должност (така мислам беше кривичното дело).

Инаку вчера протестот беше најмирниот досега, буквално немаше никакво фрлање со предмети. На крај испадна марш заради ограничената слобода на движење, но океј, ништо ново.
Не сум правник ама не се прекршочни пријавите?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Не сум правник ама не се прекршочни пријавите?
Кривично дело е, не може да е прекршочна пријава. Прекршочни пријави се поднесуваат врз основ на Закон за прекршоци.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Да се надополнам на постот.

Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие
Член 384
(1)Тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршење на службено дејствие или на ист начин ќе го присили да изврши службено дејствие, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. (2)Водачот на толпата, ќе се казни со затвор од една до пет години.

И на тројца им е поднесена кривична пријава заради ова:

Насилство Член 386
(1)Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2)Ако делото е извршено во група од две или повеќе лица или насилството е извршено над повеќе граѓани или сторителот телесно повредил друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.358
Поени од реакции
21.777
Има начини на отпуштање во кој работникот сам ќе си дае отказ:icon_lol: Шала на страна,масовно вработување ќе има со ист интензитет кој и да е на власт,едина разлика ќе биде чии партиски војници. Не глеам зашто ако вмро остане на власт да прекине со тоа.
Што знам, некако ко премногу високо да летаат. Не значи дека ако го сменат Груевски, ќе владеат долго. Прашање е дали ќе издржат 2-3 години на власт. Државната администрација е пренатрупана. За да вработиш свои луѓе, треба да избркаш други кои веќе работат таму. Е сега, не ми е јасно како планираат да ги избркаат партиските војници од администрација, на нивно место да вработат свои и притоа да останат на власт (и живи)!?

Пред некој ден, видовме какви проблеми може да направат 30-40 емотивно погодени демонстранти. Веројатно претпоставуваш на што се спремни 3-5-10-20000 емотивно и материјално погодени демонстранти кои останале на улица и не можат да го прехранат семејството. Плус, тука имаш и исфрустрирано гласачко тело од 500,000, кои насилно изгубиле власт, а егзистенцијата им виси во воздух.

Јас да сум на нивно место, би гледал малку подалеку од носот. Како што евентуално би дошле на власт, така и би заминале. Жалосно што членството го лажат дека сите ќе ги вработат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom