Се глуми лудило тука малку повеќе за некои работи.
Искрени да бидеме, на насилниве протести пред некој ден, полицијата се однесуваше премногу меко и премногу пасивно.
По сите Европски стандарди. Сте можеле да видите како реагира полицијата низ Европа на вакви протести.
И не проаѓа тој филм дека: јас си стоев мирно, а мене полицијата ме тепа и напаѓа.
Ако ти си дел од голема толпа, во која во првите редови се удира и мава по полицијата. Ти си соучесник.
Ако видиш дека протестот станал насилен, а ти и понатаму си дел од толпата, тогаш за тоа законски е дозволено да бидеш
уапсен.
На протестите за Талат, јас ништо не фрлив ниту некого мавнав. Ама кога полицијата тргна во акција, и јас си бегав.
Затоа што знам дека сум дел од толпата, и дека имаат право и со пендрак да ме удрат и да ме уапсат.
Али некој упорно сака да глуми лудило за полициска бруталност, па тука се вадат некои смешни приказни.