Имаш претпоставка зошто го туркаа ова со Младенов и претходно и сега финално со објавувањето на бомбата (а искрено, се од почетокот мене лично ми беше на ниво на теорија на завера дека фактички е убиен)?
Направи глупост Заев денес, а има многу подобар материјал за предизвикување гнев (пр. како што слушнавме од Гордана и од Грујо дека рекетарите Урковци се опуштиле многу, плус тука е Ален Зекиров -- претпоставувам има аудио материјали за ова...)
Го туркаа затоа што Заев стана жртва на оптимизмот што сам го ширеше. Уште од прв ден излезе со прогнози дека Владата паѓа за 3 дена, дека ќе објави нешто и толку е, се во државава ќе се смени. Кога членството тоа го слуша, си прави филмови. Тие филмови стануваат кафански муабети, се шират и преку ноќ се неофицијална „вистина“.
Јас не сум убеден дека Заев сакаше да го објави ова. Ако му ги пратиш интервјуата, никогаш не го споменуваше Младенов своеволно, после бомбата со материјалите на новинарите. Ама редовно беше прашуван и беше доведен до ѕид да мора да објави. Истото му се случува со Смилковско. Еднаш се заеба и го спомна, членството и вахаби идиотите направија од тоа помпа и толку е, сега ќе мора да се бламира пак.
Урковци, Алени и останати стероидни типови се доволно иритантни и без снимки. Затоа и се повеќе се развластуваат.