Големо браво за сите што уште ја имаат таа неискварена наивност и протестираат без агенда друга од онаа искрената за правда и за подобро утре за сите, а не за нив лично. Сакам да им се извинам што јас не ги дружам, од неколку причини:
1. Не сакам сега, за на оној кловнот со внимателно дозираните објави на делумната вистина да му правам услуги
2. Не можам да седам у близина на Рада и другите лешинарски опозиционери без да фрлам едно од јајцата/шипките/флашите кон нив
3. Не можам да стојам мирен до тој шошонот во прв ред што им простираше знаме на џандарите по штитовите, за да им ликува за 2001-ва и да ги провоцира (од фаца му се чита мислата а и друга причина не гледам зошто би го правел тоа)
4. Не можам да стојам до напалени копиљаци што фрлаат по полицијата само додека овие имаат наредба да не возвраќаат, а после бегаат у читална као пички за да ги наместат недолжните што учеле. И да, знам дека меѓу нив има и такви што се нечии најменици, ама најголемиот дел се само ептен лути дечки ко и ние, ама дечки што немаат капацитет да размислуваат за долгорочни резултати туку сакаат инстант одмазда
5. Не верувам дека мирни протести ќе донесат било каква промена. Сметам дека за резултати е неопходно да се пролее крв, за жал. Тоа не значи дека уште утре демонстрантите треба да нападнат, не. Они треба да протестираат најмирно и најкоректно, ко што воглавно и прават, сé додека полицијата не ја ескалира состојбата. Е тогаш веќе, тоа ќе е неопходен покољ, ама тој покољ не сакам да почне ради 2-3 фрлени пивски флаши
6. Мислам дека нема ништо да се постигне, дури ни со крв. Клучот е во тоа што има премногу гзови дадени на чување во туѓи фиоки, во било кој од засегнатите табори. Мнозинството од народов не знае за кичма, а е професионален куропушач. Баш така се довлечкаа до позиција, плата и некаков потсреден животец. Тие таквите конечно најдоа „братство“ кое им го брани грбот и им овозможува да се курчат и кај што треба и кај што не треба. Тие таквите не знаат како поинаку да се снајдат во цивилизација и тие ќе убијат и брат и ќе силуваат и сестра ако треба, за да ги зачуваат тие благодети.
7. Сметам дека требаше да се реагира многу порано. На пример, еве нашиве стари можеле да мрднат со прст кога сме се одделувале од Југославија и сме барале своја држава. Ама они биле зафатени со одмори, скијање и друштва со гитари, додека све друго идело у курац, за денес да кулминира.
8. По мене, најфер е сите да си отидеме у курац. Сме си заслужиле