Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Сега не ми е јасно. есдеес бара нова истрага за Младенов а вемероу односно грујо ја поддржа и се согласи.
Дали со тоа признаваат дека имало нерегуларности при истрагата?

Колку е тоа направено непрофесионално покажа фактот што Кежаровски недела дена по сообраќајката најде сметки од патарина, што не ги собрале дечкиве од Крим Техника. Истражниот судија не знаел каде да го носи автомобилот на вештачење. Хаос, пичке, лудило.

Али тоа е, ако нешто бомбиве потврдија, тоа е дека 70% од нововработените се неквалификувани за работното место што го држат, јер општински комитет кажал дека тие ке се вработуваат...
 
Од една страна ништо спектакуларно за случајот со Младенов,од друга уште една потврда за тоа дека за баграва на власт,прв и најважен приоритет е виртуелната реалност што ја ствараат.Се друго им е од секундарна важност.
 
Нормално дека може, затоа прашав. Само што кога ќе заврши истрагата, мегафоните на властта ќе викаат дека истрагата е иста, мегафоните на опозицијата, дека не е иста и ние пак ќе си останеме ебени од сите страни.

Под „ние“ мислам на неопределените, се разбира :)
Eпа финтава е што ако се тргни со изјава-Нема повторување на истрагата, нема никаква потреба. Ќе се создај добар материјал за триста спинови, порталите како нова/а1он ќе бидат преполни со вести, што крие власта а што откри заев, каква беше истрага ау., а другиве курир/мурир се е ок, органите се крајно професионални и така натака.

Вака, баравте/гледајте ние сме самоуверени и чисти и ај со здравје :)
 
„Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти, како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница“

Напротив. Новата истрага се нуди како опција за да прекинат медиумските спинови.
 
И да има друга (ако не остане само на зборови) од каде тоа дека некој поупатен од тој „новопечениот“ или „неискусниот“ (како и да го нарекоа), ќе ја прави истата? Од каде тоа дека нема да биде монтирана истрагата? Што би ми дало за право да верувам во ова судство?

Чисти, можеби сте во овој сегмент, со Младенов. Општо, перална со големина на Шара не ве пере :)[DOUBLEPOST=1431013074][/DOUBLEPOST]
„Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти, како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница“

Напротив. Новата истрага се нуди како опција за да прекинат медиумските спинови.

Уствари, за да си ја заштити партијата и имиџот. Нешто во што се уверивме доста пати со снимкиве.
 
И да има друга (ако не остане само на зборови) од каде тоа дека некој поупатен од тој „новопечениот“ или „неискусниот“ (како и да го нарекоа), ќе ја прави истата? Од каде тоа дека нема да биде монтирана истрагата? Што би ми дало за право да верувам во ова судство?

Чисти, можеби сте во овој сегмент, со Младенов. Општо, перална со големина на Шара не ве пере :)
За тој новопечениот се изјаснив. Делот од разговорт беше каде оговараат некој неагилен истражен судија. Никаде барем јас не слушнав иако со максимално внимание слушав, во тој дел не се спомна дека неагилен судија работи на случајот Младенов, не се потенцира во разговорот случајот. Ако грешам исправете ме, ќе се извинам.

И не знам колку од вас забележуваат, има моменти од разговорите во кои завладеува апсолутна тишина, некое мало шушкање и следува клучна реченица. Преслушајте си пак, моментот кај протугер, како најнов во овој разговор.

Мислам ептен е лесно да имаш ти разговоришти, па да втераш едно речениче каде не му е местото.
 
Колку е тоа направено непрофесионално покажа фактот што Кежаровски недела дена по сообраќајката најде сметки од патарина, што не ги собрале дечкиве од Крим Техника. Истражниот судија не знаел каде да го носи автомобилот на вештачење. Хаос, пичке, лудило.

Али тоа е, ако нешто бомбиве потврдија, тоа е дека 70% од нововработените се неквалификувани за работното место што го држат, јер општински комитет кажал дека тие ке се вработуваат...
А, што ако МВР ги отвори транспаретно доказите пред јавноста што не се за кажување како на пример:
- Дека Младенов одел по курви или швалерка во Велес?
-Дека пиел многу, бил во големи долгови?
-Дека со други политичари бил вмешан во секс авантури?

Зошто неговото семејство сега молчи и не е бунтовно? Можеби затоа што на нив им се доставени доказите, а да не се компромитира неговата личност се молчи. Ни тој не бил наивна душа како што се обидуваа да го претстават.

Има многу зошто и затоа, но реалноста е дека Младенов не е никаков фактор владата да го убива или замара со него. Стотина новинари како него плукале, плукаат и ќе плукаат кон власта. Особено во 21 век кога е медиумска либерализација со интернет, форуми, вебсајтови каде што информации кружат со брзина на светлина. Политиката е нечиста игра, но не верувам дека некој политичар е храбар да помисли да нарача убиство, а не пак да нареди негово извршување.
 
НН: И бил психолошко-финансиски оптоварен.
ВМ: Да?
НН: Да. По кажување на Павле.

Во врска со овој траскрипт, вината тука дефинитивно е на власта, сепак тие го притискаа и психички и финансиски со тужбите.
 
За тој новопечениот се изјаснив. Делот од разговорт беше каде оговараат некој неагилен истражен судија. Никаде барем јас не слушнав иако со максимално внимание слушав, во тој дел не се спомна дека неагилен судија работи на случајот Младенов, не се потенцира во разговорот случајот. Ако грешам исправете ме, ќе се извинам.

И не знам колку од вас забележуваат, има моменти од разговорите во кои завладеува апсолутна тишина, некое мало шушкање и следува клучна реченица. Преслушајте си пак, моментот кај протугер, како најнов во овој разговор.

Мислам ептен е лесно да имаш ти разговоришти, па да втераш едно речениче каде не му е местото.

Јас разбрав дека го коментираат истражниот, дека му било прв пат и бил неискусен...
Еве Инглориус нека каже што слушнал, што разбрал...

Ова со монтираниве разговори е врвот :D
Мислам, да ги спремале, да ги монтирале, верувам дека не би дозволиле такви пропусти што лаик ко мене и тебе би ги приметиле :)
 
Прегледај го приврзокот 120657 Еве ја сликава

Како е можно да возиш на десна лента и одма наеднаш да зилеташ со удар од предна страна а да нема лижење по банкина на страничниот дел до возилото? Во записникот пишува дека возле на десна лента. Нависитна нема логика и отвара сомнеж да се повтори истрагата
Инаку ова е возможно. Не ги знам точните детали, ама под предпоставка дека возел со брзина поголема од 100км/ч. На таа брзина доволно е само малце да го сецнеш воланот и отиде курбан. Ова од лично искуство :cenzura: само што јас возев на некој 60тина км/ч и некако ја смирив колата + прав пат, а тука е остра кривина.
 
НН: И бил психолошко-финансиски оптоварен.
ВМ: Да?
НН: Да. По кажување на Павле.

Во врска со овој траскрипт, вината тука дефинитивно е на власта, сепак тие го притискаа и психички и финансиски со тужбите.
Не му го отвори власта дневен Фокус. Младенов западна во финансиска криза после отворањето на дневен Фокус.
 
НН: И бил психолошко-финансиски оптоварен.
ВМ: Да?
НН: Да. По кажување на Павле.

Во врска со овој траскрипт, вината тука дефинитивно е на власта, сепак тие го притискаа и психички и финансиски со тужбите.

Противник им е брат. Сигурно нема да го мазат.
 
^^^ Нешто ко легендава шо кажа на новинарско прашање.

Леле овој Заев која откачалка глупава е, маж со маж :pos:

Човекот има во раце оружје за рушење влада, досеге еден салам прес нема одржано, едно нормално интервју нема дадено, лош човек одбрале кои и да му се надредените.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom