Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Possession (1981)

Филм со тестиси. Ниво на глума, високо, ниво на приказна високо, добро издржани реплики. Шта речи друго. Причина плус да ја сакам многу повеќе европската кименатографија. Строго препорачливо ако не е гледано :)
 
TReZjFg.jpg
 
После напорно возење со точак нормално следи релаксација со филм. Али коа си малку уморен се бара полесен филм. Од филтрираните опции изборот падна на Wallace & Gromit, анимирани. Имаат неколку 30 минутни и еден долг.
Се почна со првиот краток A Grand Day Out, 7,5, се запознаваме со другариве, Волис човекот и Громит кучето, љубители на кашкавал, крекери, чај и иновации... хуморот погоден, може да се продолжи со наредниот.
The Wrong Trousers
, 9, овој веќе е сериозно добар, за тоа се погрижи и еден опасен пингвин. Одма на третиот што ми е симнат, зашто официјално сум купен.
A Close Shave
, 8, и овој доста добар, плус се појави и една интересна овца.
Следно беше на имдб да се види што е наредно хронолошки и да се симне. Меѓу другото видов дека напраиле и спиноф серија, со овцата, Шон. А интересно е што пред некој ден симнав филм Овцата Шон, и испадна дека се работи за истата овца:eek:.
Одма пуштив 2 епизоди(7минути е една), ми беа смешни, и падна одлука да се глеа Shaun the Sheep Movie. Испадна дека е шлагот на тортата, заедно со цреша. Се утепав од смеење цел филм без прекин. Од 2015та е, и сиилно ви го препорачувам. Класичен feel-good. Коа почнаа завршните кредити со музиката, почнав ко дете да си скокам по соба, side effects од филмот, шо да праиш:toe:. Може многу му дигнав очекувања али гајле ми е, по мене си заслужи. И ги препорачувам и другите што ги спомнав...

Сега се враќам на Волис и Громит, плус серијата со овцата таман ќе се најде ако треба да се попунат 6-7 минути :D
Јас не сум гледал ништо од другарчињава, но сега кога ги отворив IMDB страните за филмовиве забележав дека сите 3 кратки биле номинирани за Оскар, а последните два и освоиле Оскар, па ми текна дека во 2005 имаа направено и долгометражен: The Curse of Ware-Rabbit, што исто така освои Оскар, овојпат за најдобар долгометражен анимиран, и тоа во година кога противкандидат му беше еден Howl's Moving Castle на оскаровецот Хајао Мијазаки (се сеќавате на Spirited Away и The Wind Rises?). Мора да им седнам и јас сега!
 
Абе фраери, еден торент што го спуштам ми crash-на на 80% и знакчето му стана црвено и лево ми пишува Error, па не може да се доспушти. Го избришав и го ставив пак и re-check torrent му направив и џабе.
Чаре?
 
Абе фраери, еден торент што го спуштам ми crash-на на 80% и знакчето му стана црвено и лево ми пишува Error, па не може да се доспушти. Го избришав и го ставив пак и re-check torrent му направив и џабе.
Чаре?
Тешко дека има чаре за тоа.
Пробај избриши го торентот од торент клиентот, ископирај ја содржината од торентот што е делумно симната/зафркната на друго место, пушти го пак торентот, намести да се симиња на новата локација кај што си го пренел фајлот и може ќе тргне.
 
Wild Tales луѓе, Wild Tales. Колку ми фалеа вакви приказни, не бев свесен додека не го погледнав филмот.
Обавезно симнувајте го веднаш, 6 неверојатно реални (дискутабилно ова реални, ама за мене се реални) приказни кои освен што ќе ви бидат многу интересни, ќе ве натераат да размислите за животот и како тој може да биде погоден од едноставни коинциденции, турбуленции, одлуки и размислувања во одредени ситуации.
Одмаздата, општеството, прељубата... Колку сме само... луѓе.
P.S. Каснам, знам :D
 
Последно уредено:
Шо очекуваше толку?
Епа од Ултрон очекував да биде многу појак, откако го изглеав глеам дека првиот трејлер беше ептен misleading. И ептен комедија го направија, баш само за забава филмов ко што пишаа погоре.. имав високи очекувања да биде многу боље од првиот :toe:
 
Епа од Ултрон очекував да биде многу појак, откако го изглеав глеам дека првиот трејлер беше ептен misleading. И ептен комедија го направија, баш само за забава филмов ко што пишаа погоре.. имав високи очекувања да биде многу боље од првиот :toe:

Па и забавата е цела поента на овие филмови. Не знам зошто очекуваат некои deep shit. Ве испусти Нолан со бетмените.
 
Па и забавата е цела поента на овие филмови. Не знам зошто очекуваат некои deep shit. Ве испусти Нолан со бетмените.
Затоа Бетмен ќе ми е форевер омилен :love:
п.с. добар аватар (y)
 
Ако нешто добро било поврзано со БетмеЊ то било ова


п.с Kaко треба да изгледа еден филм, пример листава е сосема солидна.

http://www.listal.com/list/favorite-movies-thewolf
 
Последно уредено:
Со Коле Ангеловски нема утка за комедија. Го глеав денес во Кинотека, Три во Едно, три приказни за љубовни сплетки, швалерисувања и слично :D, со многу дијалог и динамика.. убаво се изнасмеав. Мора да се каже дека е за 4 дена напраен филмов и го праеле без буџет, и на некои места страда ради тоа, али од друга страна напраен е со љубов и надокнадува, затоа од мене ќе добие една убава 8ца.

И уште еднаш браво за нашите јаки телевизии, прочитајте го линков за да ви стане појасно.. има и други информации

Додека да дое овој по кината, го препорачуем исто од Коле, Време за Плачење..
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom