Во таква една разврска не можеш да кажеш дека ефектот од бомбите е само 400 гласа повеќе во Центар. Да го натераш Груевски да се откаже од тимот со кој е заедно повеќе од 10 години, со неговиот inner circle, тоа веќе е голем ефект, и тоа покажува дека не е баш се чисто и невино во владеачките кругови.
Од друга страна одговорност веројатно треба да има пред се од една основна причина, како е можно да дозволиш 10 години Верушевски и неговата клика да ти работат во твојата служба, да ти роварат и подрвиаат, знаејќи го нивното минато (Големото уво, 2001 и сл) и притоа да не успееш на време да се отерасиш од нив, за прецизни, тактични и пресметани луѓе како што се овие сегашниве од ДПМНЕ, тоа е ептен голем пропуст.
Интересно е тактиката на борба против „режимот“ на самопрогласените партизани, со доставување на докази во „режимското ЈО“, очекуваш „режимските судови“ да пресудат во твоја корист, наговестуваш враќање во „режимското“ собрание, би прифатил избори организирани од владата на „режимот“ на чело со „диктаторот“ (само без 2-3 министри). Ама добро, и партизаните за време на војната соработуваа со Германците, иако тоа вешто е прекривано во историјата и никој не сака за тоа да зборува.