Дневниче,
После долго време пак започнав дружба со железата, за старт со „чистење“, што јас го викам чистење на џебот. Во моментов 83кг, бев 87во понеделникот али внесот на само 80грама јаглехидрати на ден, 200 грама протеин и останатото до 1600ккал масти си го направија своето.
За џомба што има паузирано нешто повеќе од година, добро се држам со килажите, 90кг гради, 110 мртво, 100чучањ на прв тренинг за нозе.
До крај на следната недела очекувам да сум 80кг, протеините ги планирам да одат кон 240грама на ден, а јаглехидратите на 50грама, за последната недела пред одморот да ги скинам целосно и да ја исфрлам водата.
Засега 5 оброци, 3 тврди и 2 протеин, креатин 10грама на ден, глутамин 10грама, бета аланин 5грама.
Следен петок ќе ти се фалам или жалам, зависи како ќе оди, кардиото ми е сеуште малку само 20 минути 4 пати неделно, морам да стигнам до 45 минути 4 пати за следнава недела.
Лоша вест е што се откажав од пивцето оваа недела и сладоледот, јбг мора жртва за стомачни.