Интересно е како за многу работи имаш солидни познавања, но повремено за други работи многу наивно размислуваш. Не постојат непријателства меѓу народите, само интереси на големите сили.
Израел има прецизно одредена надворешна политика, вазали се на САД - исто како и Саудијците. Русија сега е непријател на САД (во недостиг од уверливост на другите страшила како Ал Каеда и ИСИС), со тоа Русија автоматски е непријател на Израел и С.А. (и другите поситни сунитски Арапи). Сирија и Иран се сојузници на Русија, со тоа и непријатели на САД (и Израел).
Ако падне Сирија, паѓа и руското доминирање на енергетскиот пазар во Европа, тоа крајната игра во оваа последна светска криза (ваљда не и буквално последна).
И пак ли за холакаустот, демек само тој геноцид го извеле човечките ѕверови?
Ние луѓето имаме лоша навика да не ја учиме историјата, токму затоа сме осудени на „судбината„ постојано да ни се повторуваат истите страња:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_genocides_by_death_toll
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
А демек Израел има од бога дадено право на нуклеарно оружје, и право да одредува кој друг ќе го поседува? Да не ме разбереш погрешно, јас би го забранил целото нуклеарно оружје - но ако Иранците сакаат да развиваат програма за нуклеарна енергија... Зошто тие да не можат, а ете Израел да може (и цел западен свет)?
Патем, знаеш ли како Израел дошол до своето нуклеарно наоружување?
Технологијата им е купена на црно од Франција, која и на Иран ја има продадена истата (минус неколку важни делови кои „случајно заборавиле„ да им ги предадат). Патем Франција е потписник на декларацијата за неширење на нуклеарно оружје.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
За првата бомба имаат шверцано руда со ураниум од Аргентина, или така нешто. Бродот прво бил насочен во Британија, после под непозани услови завршил во Израел.
Очигледно погрешно ги разбираш моите коментари, бидејќи јас сум поддржувач на постоењето и на одбраната на Израел, но тоа не значи дека ги оправдувам сите постапки и надворешни политики на Израел - иако добар дел од нив ги поддржувам и ги оправдувам.
Зошто Иран не треба да има сопствена нуклеарна програма ?
Затоа што наводните мирољубиви намери на исламистичките фундаменталисти и фанатици во Иран секогаш ќе бидат ставени под знак прашалник, се додека Иран го негира Холокаустот и повикува на уништување на Израел и на истребување на Евреите.
Но и ако ги тргнеме настрана Израел, Евреите и Холокаустот, самиот владејачки режим во Иран е тоталитарен и ги задушува човековите слободи и права, а со тоа и самиот себеси се етикетира како неподобен за да располага со сопствена нуклеарна програма, а уште помалку па со сопствено нуклеарно вооружување.
Со една Северна Кореја која веќе има сопствено нуклеарно вооружување и еден Пакистан, кој е синоним за нефункционална држава, а истовремено има сопствено нуклеарно вооружување, уште еден тоталитарен режим со нуклеарно вооружување е премногу сериозна опасност за светот и за човештвото.
Кина на хартија и понатаму е социјалистичка диктатура, но во пракса има ограничувања и контрола на власта и ингеренциите - и покрај високото ниво на корупција - поради што сепак не заслужува да биде во истата група со овие тоталитарни режими и таа една нефункционална држава кои ги спомнав погоре.
Зошто постојано го повторувам Холокаустот ?
Па, бидејќи е најтазе пример за организирано масовно истребување на цивилно население само поради етничката припадност.
Се разбира, ИСИЛ/ИСИС/ИД, Боко Харам, Ал Шабаб, Ал Нусра и сличните на нив се борат за соборување на рекордот кој Адолф Хитлер и нацистите го имаат поставено со 6 милиони истребени Евреи, 3 милиони истребени советски воени заробеници, 2 милиони Полјаци и бројни други жртви, но ќе треба да се пролее уште многу невина крв додека овие исламистички ѓубриња ги соборат таквите рекорди, дај Боже да бидат спречени во постигнувањето на нивните цели.
Но секако, тоа не значи дека треба да бидат игнорирани или уште полошо, да бидат заборавени истите геноциди кои се спомнати на листата од линкот кој го постави.
Бидејќи веќе значително отидовме оф-топик, те охрабрувам доколку сакаш, да ја продолжиме дискусијава во соодветна тема.
Мојата критика упатена кон Владимир Путин ќе ја упатев кон било кој поддржувач на тоталитарен режим како што е иранскиот, а и неговата покана до милиот лидер на Северна Кореја, за да присуствува на воената парада во Москва на 9 мај 2015 по повод 70 годишнината од победата над фашизмот, не е баш за некоја пофалба. Но иронично, мислам дека Хорхе наш - кој исто така е поканет на парадата - навистина ќе се чувствува како дома во друштво со тој дибекот од Северна Кореја.