Јас не реков никаде дека е должна да ја спасува Грција,реков дека не би била нормална ако тоа го направи.
Јас добив сосема спротивен впечаток.
За тоа со Путин,сите знаеме дека тоа во бизнисот се вика пропаганда.Да создаваш а во случајов да објавуваш насловни и да правиш некој најјак на цел свет(што нема врска во реалниот живот ни буквално ни метафорично Путин не е број е,питај бога дали воопшто е во топ 10) за да ти се продава тиражот.Тоа во Политикологијата нема апсолутна врска нити пак ставањето на некого во насловна и величење е некое мерило за нешто.Јас ВЕ направив русофили затоа што членот погоре ме направи ЗАПАДЊАК.Он ја направи поделбата,не јас.
Она што е актуелно во гео-политиката секако дека ќе биде предмет на анализи и дискусија, без разлика дали тоа е делумно производ на маркетинг или не. Односно истиот аршин за етикетирање како “пропаганда“ може да се примени и на изворите кои ти ги користиш.
Што се однесува до прилогот на руската ТВ,јас СЕ ГАДАМ од таквото лицемерие! па имаат ли малце барем грам совест,да објавуваат ,,историска вистина за Македонија'' за истата онаа етничка Македонија која они БАШ ОНИ инисистираа дека не смее да постои и ако веќе смее,да биде поделена на три вилаети!? како сега Американците да земат за Косово да направат прилог,како Косово одсекогаш е српско,истото тоа Косово за кое довлечкаа 1000 борбени авиони да го отцепат..
Без да ги утврдувам по стоти пат погрешните историски концепции на секој член одделно, ова што го напиша нема никаква допирна точка со денешните интереси на Македонија.
Ако според тебе големите сили имаат морална обврска да држат фиксиран курс на надворешната политика, тогаш имаш утописки размислувања за водењето политика и отсуствува реалната потреба од промени, која на пример во случајот на Македонија итекако е потребна доколку сакаме да избегнеме нови повторувања на историјата.
Што значи не знам како може да се гадиш и обвинуваш за лицемерие, доколку денес Русија ја сменила својата позиција во корист на Македонија?
На ова погоре не мора да одговориш, затоа што и онака се обидуваш да ја поставиш тезата врз селектирани историски предуслови. Башка за ова има веќе посебна тема во Историја.
Во врска со твоите прашања.Јас не се согласувам со ничиво мешање во било која држава затоа што така се поткопува суверенитетот на таа држава односно правото сама да ги уредува Уставот и законите.А за второто,прашањето е дали воопшто тие амбасадори може да влијаат на било кој начин во една држава.Не дека амбасадорите се тие што ја кројат светската политика,ама бидејќи Русија е прочитана книга,гледаш дека амбасадорите на Русија во светот исто како и да не постојат.. додека на овие американскиве ''им се јаде зборот''.Само ја кажувам реалната и фактичка состојба.
Па ако споредиш резултати од американскиот притисок врз останатите ЕУ членки тогаш многу лесно можеш да го процениш влијанието.
Амбасадорите не се независни претставници туку официјални курири на американските надворешни интереси.
Доколку ти ја мериш силината на амбасадорите преку нивните механизми за уценување и непочитување на суверените земји, наспроти амбасадорите кои би требало да градат соработка и овозможуваат рамноправен однос меѓу земјите партнери, тогаш ми станува јасно зошто си склон кон фаворизирање на западното практицирање на “демократија“.
Воедно и совршено ја отсликува денешна позиција на Македонија која нели гледа “стратешки партнер“ во Западот.[DOUBLEPOST=1428619112][/DOUBLEPOST]
Ти прашуваш за мојата диплома а јас се чудам @
Bratot зошто кога јас поставував во минатото прашања надвор од темата бев експрено брзо баниран... прави руски двојни аршини на Кајгана..
Дозволи да ти го најавам следниот експресен бан од темава доколку продолжуваш да иницираш офтопик дискусија. Тоа важи и за оние кои прифатиле да дискутираат за твоите офтопици.
Во иднина ако очекуваш никој да не забележи дека самобендисано потенцираш сопствени дипломи, тогаш воопшто не ги наведувај на тоа бидејќи реално и никого не ги интересираат твоите лични квалификации.
Овие коментари ќе бидат избришани, без да ве казнувам, ако продолжиш со полемиката после овој коментар на темава верувај ќе го надминам рекордот во давање брз бан.