Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Класика...

market_8588_1372716001.gif
 
Vidal-%E2%80%93-Marotta.jpeg

Колку е само млад Видал на ова слика :)
Памтам тоа лето бев у Монпеље коа случајно на фб ја видов сликава. Урлав од радост. Тогаш ни избега Инлер и мислев дека пропуштивме доста добар играч ама затоа Тролов ни го донесе Артуро Д Кинг :cool:
 
a kolku e samo slab na slikata...[DOUBLEPOST=1429568692][/DOUBLEPOST]
Според Газета, заинтересирани сме за Миранда (30) од Атлетико, на кој договорот му истекува ова лето.
market_8588_1372716001.gif
 
Последно уредено:
Колку пари ќе добиеме ако влезиме во полуфинале?
 
Колку пари ќе добиеме ако влезиме во полуфинале?
Од Уефа 7 милки , ваљда има плус други екстри... пример натпревар пред полн стадион и 2-3м итн итн....
 
Мaлце е 18 aмa дo 25мил. мoже дa се oди зa негo и мислaм декa би гo пуштиле зa тaa сумa
 
Претседателот на Бока Јуниорс бил спремен да даде 5 милиони, и наместо до 2016, Јуве да му го препушти Тевез уште летово.

Сега Марота треба да излези и да изјави „А да ти дадеме 5 милиони и да престаниш да замараш постојано за Тевез, не е најдобро?“

5 милиони....[DOUBLEPOST=1429631805][/DOUBLEPOST]Тутоспорт пишува дека Алегри размислувал за 3-5-2 формација, со Тевез и Мората напред. Мислам дека не треба да се избрзува и да се става оваа формација во ЛШ, особено кога имаме предност од 1 гол, а играме на гостински терен. Се надевам дека е погрешна.
 
Последно уредено:
Уште минатата недела пишав дека очекувам 3-5-2 и натаму стојам на тоа. Премногу бевме ранливи на контра напади во првиот меч, да не заборавиме дека Буфон не спаси. Сега немаме никаква потреба од такви ризици, а со 4-3-1-2 се неизбежни. Не заборавајте дека на гости против Дортмунд отидовме со Барзаљи-Бонучи-Киелини и се покажа како добитна комбинација. Монако нема да ризикува уште од почетокот, бидејќи свесни се дека примен гол може автоматски да ги исфрли. Затоа треба полека, смирено и цврсто да се одигра и да се внимава многу на прекини. Тројцата централни би требало повеќе да помогнат околу тоа и затоа мислам дека на сметка на еден од Пирло или Переира ќе игра Барзаљи.
 
Претседателот на Бока Јуниорс бил спремен да даде 5 милиони, и наместо до 2016, Јуве да му го препушти Тевез уште летово.

Сега Марота треба да излези и да изјави „А да ти дадеме 5 милиони и да престаниш да замараш постојано за Тевез, не е најдобро?“

5 милиони....[DOUBLEPOST=1429631805][/DOUBLEPOST]Тутоспорт пишува дека Алегри размислувал за 3-5-2 формација, со Тевез и Мората напред. Мислам дека не треба да се избрзува и да се става оваа формација во ЛШ, особено кога имаме предност од 1 гол, а играме на гостински терен. Се надевам дека е погрешна.
Доста сме истурени со 4-3-1-2, тоа се виде во Торино на првиот меч, посебно првите 25 минути, кога им се фатија нозете на скоро цела екипа.
Лихтштајнер едно 7-8 пати каснеше на враќање во одбрана, не е тоа од што е спор или не му се трча, баш напротив, го знаеме Лихт, тие му се баш најјаките страни.
Али претпоставувам такви се инструкциите,бековите да бидат длабоко во противничката половина, што ги остава само Бонучи и Киелини во случај на контра назад сами.

Со 3-5-2 имаме човек повеќе назад------>поголема заштита за Пирло, ако одлучи Алегри да ја контролира утакмицата со посед, многу полесно ќе го направиме тоа со 3-5-2, исто и ако се одлучи да се забарикадира назад, се трансформира во 5-3-2 и пак сме побезбедни и така.

Сега се ослабнува офанзивната многу со тоа, да, ама не ни треба многу да напаѓаме, имаме предност еден гол, мора да тргнат они да дадат, па да се искористи некоја контра или грешка нивна.
 
Знаете... ако поминеме утре, тогаш во полуфиналето ќе биде ептен гадно... Ептен јаки екипи ќе ни бидат евентуални противници, и се плашам дека сеуште не сме на потребното ниво за да се надигруваме со нив. :-/
 
Подобро да испаднам од Баерн/Барса во полуфинале него од Копенхаген во уште во групи. Нема ништо срамно во тоа, баш ќе ни кажи до каде сме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom