ShakaZulu
" Тој Сум Бре "
- Член од
- 29 јули 2008
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 3.697
Ај вака објасни на сите што тоа може да заштитат 4 луѓе на 30+ километри гранична линија со КОСОВО која тие треба да ја ОБЕЗБЕДАТ?Во нормална држава (читај Држава) приближување од туѓа територија кон караула подразбира куршуми покрај уши, па потоа ако преживееш прашања од типот кој си и што бараш таму. Ако граничната полиција седи во караулите само за да игра карти (шахот е за пожарникари) и гледа блгарки на Планет, подобро нека им даваат плата и нека седат дома, отколку да трошат струја и некој да се матретира да им доставува храна и вода.
Инаку целава работа е ептен случајна. По случајна неможе да биде. По зачестените петарди од зајакот, по оставките во ДУИ, по притисокот од јенките, по излегувањето на БЦ од глувчешка дупка, онака спонтано (со сендвич во рака) на група косовари
(оние што го правеле познат пикник на јоутубе) им текнуело да влезат во полициска станица (караула). Абе чиста случајност море хеј
колективно на сите ни треба по некоја семка од маслинка
Ниту јас, ниту ти треба да му ја мислиме дали границата ни е безбедна. Тоа треба да се подразбира со самото тоа што имаме граничари. Дали некој ќе сноси одговорност што таму имало само 4 луѓе кои еден е дежурен внатре, еден надвор а еден треба да е некаде околу да шета и чува и еден да одмара за да во круг оди работата. Како тоа пред 10 години имаше 30+ во истата караула а сега 4. Кој раковиди со безбедноста на нас сите. Тие 4 нит ќе видат нит ќе заштитат ако некој сака да помини по сите тие патчиња кои се на тоа место и поврзуваат со селата преку граница...