Денес го земав указот, за сите што треба да одат: закажете онлајн, ќе имате предност пред другите што немаат, можете да отидете и порано од терминот само не покасно, тие што каснеа ги оставаа да чекаат, претходно плаќате во банка 50 лева, (+5 лева провизија)значи одите во било која банка и ке кажете за што е- такса за блгарско гражданство(јас и го покажав испринтаниот лист од закажаното на таа во банка, и толку,таму пишува што треба да се пополни(они немаат уплатници како кај нас туку ги пополнуваат на компјутер па ги принтаат), ако ја земате службената адреса ќе пишете Ул. Леге No. 6 кога го земате указот потоа , треба да идете во општината Средец се наоѓа одма до хотел Рила на улица Леге нормално, на кат 1, ќе ви дадат формулари на шалтер 9,(таа беше супер љубезна па ми објасни што се и каде да пополнам, иако и не е мн тешко бидејќи е скоро исто како кај нас,ги пополнувате, потоа на каса се плаќа 30 лева и чекате највеќе до десет дена
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)