Денеска, сабајле, добив спој на жици у главата
Бев во парк, на прошетка со Доберманката, и си шетам, и гледам од далеку 2 дечки со пуштен Пит Бул (бел со црно), седат на клупа од десна страна, едно 30 метра оддалечени од патеката по која што одев јас.
И си продолжувам јас по патеката право, и веќе им доаѓам паралелно на нив.
И Питов станува и тргнува малце накај нас, 5 метра се оддалечува од дечкиве и застанува, и со погледот не следи.
Доберманкава секако врзана и поред нога си оди покрај мене, без маска нормално, у случај на инцидент да може да се одбрани.
И едниот му вика, не, стој, не таму ... а Питов не ги ферма 5%.
И повторно продолжува накај нас, веќе на 50 / 50 растојание, пола до мене, пола до газдите оддалеченост.
И овој уште појако вика на кучето, не таму, стој, дојди ... ни сам веќе незнаеше што збори.
И на мене автоматски почнаа сите жици да ми се спајаат у глава, гледајќи ја неговата неспособност и идиоштина ... го пуштил, без поводник и маска, а нема 1% контрола врз него.
И веќе изнервирана од самата помисла, од случката што може да следува доколку се приближи Питов, му викам на веќе изнервиран и висок тон да си го прибере Питот и да не ми се доближува поблиску.
А Доберманкава веќе го примети Питов, и целата се накостреши до максимум и почна веќе гласно да ржи, да го предупредува Питот да не приоѓа поблиску, бидејќи како мала на 4 месечна возраст беше крволочно нападната од Стафорд (копија на Питбул) и едвај ја спасив, и сега кога и да види Питбул / Стафорд, сака да се одмазди на некој начин, бидејќи сега е 3.5 годишна крупна женка, која што сега е во апсолутна моќ и снага, и е свесна за својата моќ, и не се плаши од ништо.
И верувам дека недај боже во случка да се здави со Питбул / Стафорд, би идела до крај без да се повлече, до смрт.
За случката кога беше нападната од Стафордот имам раскажано тука (
линк).
И само што му свикав да си го прибере, у тој момент Питов шпринт накај нас ... у тој момент, искрено нозе ми се пресекоја, си викам у себе ете покољ сеа.
И залетан целиот затрчан накај нас, укочуе на буквално пола метро од нас.
А Доберманкава веќе излезе надвор од контрола, збесна целата ... пољуто и погневно ржење досега никогаш не сум чула од неа, накострешена цела како еж буквално беше, збесна, се дигна на 2 нозе скроз се исправи и почна да влече гневно накај Питов, притоа ржејќи и течејќи и пена и лигавици од устата, од што почна да се гуши од огрлицата бидејќи беше исправена на 2 нозе влечејќи со сета сила накај Питов.
Јас едвај ја задржав, у еден момент наеднаш толкава експлозија на моќ, адреналин и снага излезе од неа, што едвај успеав да ја исконтролирам и задржам таа 40 килска маса и разбеснетост.
И тука веќе почнувам јас да урлам, да пцујам, мајки шајки, да терам се' у курац ... притисокот 200 инстантно ми се качи, збеснав и јас.
Значи сето ова погоре што го опишав се дешава во 5 - 10 секунди.
И за огромна среќа протрчува џукелчето што не следеше низ паркот, и Питов целото негово внимание го пренасочи накај џукелчево зашто му протрча пред него, и автоматски Питов почна него да го брка.
За среќа не настрада џукелчето, ваљда Питов сеуште беше млад, а и џукелчето го знам јас од паркот, и секад си игра со сите кучиња, такво е игриво и знае како да игра со секое куче.
Али тоа не значи дека ако беше Питот мирен со џукелчето, дека ќе беше мирен и со мојата Доберманка, особено што беше збесната она и крволочна кон него.
И коа почнаа да се бркаат да трчаат напред, овој едниот дечко коа почна да трча по Питов, брканица беше тоа, никаква контрола, неможеше да си го прибере, апсолутна непослушност имаше Питот.
Со кој памет го пуштил кога ни 1% не го слуша, тоа не ми е јасно, имаат ли грам памет луѓево бре?
После на крај таму у далечина, видов дека едвај го фати Питов.
И како што ми беа споени жиците, сакав да ја врзам за клупа Доберманката, и да им се вратам и да ги отерам у ***** ... рацете цели ми беа црвени од што едвај ја задржав таа 40 килска снага.
Будалска работа, одиш да се релаксираш на прошетка, а ќе се вратиш дома со притисок 200 качен
