Најдоа некоја трага или малезиско сценарио?
Тек ќе се открива, тешко дека е малезиско сценарио, не прелетувал преку земји кои се во зоните на опасност па некој да го бутне одоздола. А и за тероризам поточно за бомба некоја или слично мали се веројатностите (не е невозможно) бидејќи после нападите во Париз сите француски аеродроми се под невидено строга контрола и ептен појачано обезбедување на сите нивоа. И плус од Шарл де Гол полетал, a таму моментално кибрит неможеш да внесеш, камо ли нешто повеќе.
Јас мислам дека се работи за самоубиство ко случката со germanwings летот 9525. од Барселона за Дизелдорф од пред една година.
А дефект, не ми се верува бидејќи и да се работело за каков било дефект,дури и најлош engine failures на двата мотора, пожар некој ептен опасен или било што, пилотот имал време за mayday повик код египетската или грчката контрола бидејќи бил на 37000 ft имал доволно време да направи повик за помош,, па дури и да проба да го ублажи некако падот во вода, во меѓувреме да се опремат патниците со елеци и колку толку да пробал да извлече некој подобар крај. distress call е примен. Последните движења му биле 90 степени лево, и одеднаш 360 десно. од 37,000 нагло ептен нагло паднал на 15.000, а веќе на 10,000 изгубли секаков сигнал и контакт.
Претпоставувам дека се работело за некое борење низ кокпитот, и пробување да се сопре катастрофа...ама касно. И да летал пример со брзина од 400-450 чворови ко што е скоро па нормална брзина за А320, ако он тек така за кратко време паднал на од 37000 на 15000 тоа значи дека вертикалната брзина била сигурно -3000 -4000 а може и повеќе, збориме за нагло одеднаш го насочување на авионот под ``пун`` гас према вода. А кој знае, ќе свати дека под ``пуна`` и со толкава вертикална брзина, авионот од 400 kts за невидено кратко време достигнал брзина до 600,700 чворови, каде што при толкава брзина автоматски се изгубил од сите радари и контроли, а и да пробал некој нешто да направи веќе било невозможно да се дигне пак во ваздух со толкава брзина. Ќе чекаме да видиме ако го најдат, па црната кутија да каже повеќе до тогаш можеме само да нагаѓаме.