- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.197
Јас имам друго прашање што навистина ме интересира некој да ми го објасни на темава. Еве ти си од Охрид, дали тебе те вреѓа ако скопјанец ти рече провинцијалец?
Исто Ставрогин од Битола дали некогаш се навредил од скопјанец поради своето битолско потекло?
Што е она што луѓето од другите градови ги иритира кога скопјанец ги „подценува“ поради нескопското потекло, дијалектот?
Истото се случува насекаде, така луѓето во странство се лутат на зборот странец, доселеник итн. И никакво логичко објаснување неможам да најдам зошто би се лутел некој кога де факто е доселеник.
Јас во Скопје имам поминато осум години од мојот живот. Четири на факултет, уште две на постдипломски, и уште два пати по една година. За Скопје ме врзуваат убави спомени, и за разлика од многу битолчнани, јас го сакам Скопје и скопјаните. Во тие осум години најчесто се дружев со скопјани и никој никогаш не ми рекол провинцијалец. Дали јас сум имал среќа да се дружам со нормални луѓе, или во меѓувреме работите се промениле, или овие овде на форумов се нерепрезентативен примерок, навистина не знам.
Дали би се навредил од зборот провинцијалец? Се разбира дека да, затоа што тој збор одамна го има изгубено георграфското значење, и сега има навредлива смисла, односно со тој збор се прави дистинкција на вредни и помалку вредни. Кога некој го употребива тој збор, себе си си придава некоја замислена големина, иако другиот на кој го употребува е можеби поголем човек од него во секоја смисла. Тоа е потполно исто како кога некој се гордее дека е србин и му се курчи на некој македонец, а го гледаш дека нема три грама мозок во главата.
Што се однесува до јазикот, јас во сите тие осум години, во приватниот живот користев строго битолски дијалект, со исклучок што не го користев МУ за женски род, затоа што навистина грдо звучи. Сето останато одеше на битолски. Зошто би си го деволуирал јазикот? Основата на македонскиот литератуен јазик е охридско-битолско-прилепско-велешкиот дијалект. Зошто би ги користел руки, ноги, искачање и сите оние грозни србизми кои ги користат скопјани со образложение дека и дедовците така им зборувале? Цела среќа што тогаш ги немаше секад, никад и ондак, зборови што се одраз на краен духовен провинцијализам спрема Белград.