Очигледно дека за тебе тие зборови се максимум од „огромната“ култура што ја имаш, и не е чудно што толку многу си вообразен.
Само редно е да признеш дека додека ја пропагираш твојата религија, истовремено се дружиш со Луцифер (гордост), Мамон (алчност), Сатана (бес). Ако не ти е јасно како, еве ти објаснување:
Гордост, арогантност - Горд човек е човекот кој се однесува со омаловажување кон луѓето, а според христијанското учење и на Бога. Гордоста претставува преценување на своите можности и создавање чувство на супериорност во однос на другите луѓе. Арогантен човек е човек полн со себе, смета дека се најдобро знае, а дека се најдобро може да направи.
Алчност - Алчноста е карактеристична за луѓе кои сакаат се да чуваат за себе. Тоа не е само алчност кон материјалните добра, туку исто така ја вклучува и духовената алчноста. Се вели: сиромашните сакаат нешто, богатите луѓе многу, а алчните луѓе сакаат се.
Бес, гнев и незадовлоство - Гневот е емоционална реакција, кои можат да бидат предизвикани од објективни настани, но, исто така, ирационален, предизвикани од автосугестија. Гневот се манифестира со силна емоционална реакција преку говорот, подигнат тон, викање, со намера да се нанесе болка, страдање, и слично.
Доволно се овие три, од седумте смртни гревови јасно да го покажат вистинското лице кое те отсликува во твоите постови, без разлика од кога си зачленет и колку мислења имаш, и дали твојата омраза е насочена кон твоите верници или кон моите неверници.
P.S. За твоја подобра писменост кога понатаму ќе го користиш зборот ОФЦА, правилно се пишува со ОВЦА.
Во спротивно зборот нема никакво значење.