Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
29 јануари 2015
Мислења
31
Поени од реакции
9
Прво ти така се изразуваш што не пред една година туку вчера како да си роден.
Второ,ти неможеш да ми забраниш јас било што да правам на Кајгана во однос на каде и што да напишам.
Трето,види го коментарот што го напишав одкако ти го постираше тоа со мајмунот,дали реков ти или атеистите.
Четврто,ти повисоко ниво се сметаш дека си ? па тоа е позабегано верување од тоа дека си мајмун...
Јасно е дека имаш изразито јак речник, па затоа и амнезијата ја поистоветуваш со шизофренија. Твоите изречени зборови „не мрчи“, „вози моторче“, „не паламуди“, можеби ги употребуваш и меѓу твоите и се нормално културно однесувањеа во твојот Фан клуб.
Исто така можноста за избор на форумов ја разбра како забрана.

Бидејќи си човек со потекло од Едемската градина, и ќе живееш 1000 години, a потоа ќе одиш во рајот, има еден цитат од Блез Паскал (не верувам дека си слушнал за него) кој вели: „Повеќе би сакал интелигентен пекол, отколку глупав рај“.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.660
Поени од реакции
9.260
Кој вели дека не е? :)
Ако не те е срамота, шетај си :D
Значи, за тебе е срамота да се шета во пчеларска блуза со капа која некому кој е алергичен на убод од инсекти може животот да му го спаси, а не е срамота жена да се шета во никаб и тоа само поради патолошката љубомора на својот сопруг, кој е таква морална величина што многу лесно сексуално се возбудува на неразвиени малолетни девојчиња и први братучетки, залагајќи се за општество кадешто вакви извитоперени вредности се сметаат не само за нормална, туку и за пожелна појава?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Можда ти ќе ми средиш средба и со папата и со вселенскиот архиепископ....
Не ми је префрлај кривицата: пошто цело време запињаш „Ватикан па Ваткан„, дај конечно сретни се со Фрањо и лично кажи му ги твоите забелешки околу педофилијата во Ватикан.[DOUBLEPOST=1428512331][/DOUBLEPOST]
Али и со Г.Г. Стевчо би бил задоволен да се сретнам...
Г.Г. Стефан често е присутен на богослужбите по нашите храмови, особено во периодите од повеќедневните пости, а можеш да закажеш средна преку лицата вработени во Архиепископијата, веднаш зад соборниот храм „Св. Климент„ во Центар, во Скопје.[DOUBLEPOST=1428512661][/DOUBLEPOST]
Видиш, кога станува збор за ватикан и нивните троа поинакви вистини, или за лагите и клеветите на истиов овој портал за Кроули, ОТО и телема, лаги што ти на неколку наврати ги пласираш, т.е. копи пастираш, истите не се клин со кој се избива клинот, арно ама, кога станува збор за православен свештеник, тогаш имало и поинакви вистини од оние на медиумите.
Медиумите служат само за една цел: да го „забављаат„ и кретенизираат пучанството, а Црквата, како и интернет-порталите наклонети кон Црквата, служат за ширење на вистината. Нивната различна улога во Светов е појќе од очигледна.

Ако на некој сајт, попут „Борба за веру„ се изнесе критички став кон Кроули, авторите на тој сајт не лажат, туку ја посочуваат вистината за Кроули: кој и што бил тој славен лик и кои се последиците од неговото делување. За Кроули, пофални зборови можат да кажат само неговите поклоници, кои „одлепиле„ од вистината и на кои лагата им омилела.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Абре од толку ширење ја искинаа, парам парче ја направија, па кутрите поради тоа мора постојано да ја крпат и прикриваат.

Кога некој намерно и свесно ја извртува суштината и значењето на одреден поим или реченица, тогаш тоа не е никаква критика, туку обична, дрска и подла лага! Значи ти за овие 7 или 8 години на форумов, повеќе од доволно пати си дознал дека "Прави што ти е волја", незначи прави што ќе ти текне! Но тоа не те спречуваше да постираш текстови од порталот борба за параноју каде што оваа реченица беше претставена токму на тој начин! Значи се работи за нешто кое многу лесно може да се провери, но ти и покрај тоа помагаше во ширење на лажна информација! Да тврдиш дека и после толку демантирања, еден ваков портал се разликувал од медиумите што го кретенизирале народот и дека само вистина излегувало од таму е врв на лицемерието!
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абре од толку ширење ја искинаа, парам парче ја направија, па кутрите поради тоа мора постојано да ја крпат и прикриваат.
Ако вистината е веќе откриеина, нема потреба од прикривање. Прикривањето е својствено само за ликови кои имаат проблем со совеста.[DOUBLEPOST=1428514907][/DOUBLEPOST]
тогаш тоа не е никаква критика, туку обична, дрска и подла лага!!
Уште колу пати ќе ме наклеветиш дека лажам, без да кажеш која е вистината?...[DOUBLEPOST=1428515248][/DOUBLEPOST]
Значи ти за овие 7 или 8 години на форумов, повеќе од доволно пати си дознал дека "Прави што ти е волја", незначи прави што ќе ти текне!!
Простата негација не значи дека негираното веднаш ќе исчезне.

Дали „правењето што ми е волја„ е различно од „правењето што сакам„, тоа е ствар на „разблажување„, доколку „јас„ е референца во вистината, или ствар на точна дистинкција, доколку постои објективен ориентир за вистината.

Во мојата вера, нема разлика помеѓу „прави што ти е волја„ и „прави што сакаш„, оти мојата вера поаѓа од човековата отпаднатост и огревовеност, така да оставањето на поединецот да чини што му е волја по авоматизам значи и правење зло или во најдобар случај, правење нејасна мешавина од доброто и злото, каде појдовна основа е „јас„ а не Бог и Неговата волја.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Простата негација не значи дека негираното веднаш ќе исчезне.

Дали „правењето што ми е волја„ е различно од „правењето што сакам„, тоа е ствар на „разблажување„, доколку „јас„ е референца во вистината, или ствар на точна дистинкција, доколку постои објективен ориентир за вистината.

Во мојата вера, нема разлика помеѓу „прави што ти е волја„ и „прави што сакаш„, оти мојата вера поаѓа од човековата отпаднатост и огревовеност, така да оставањето на поединецот да чини што му е волја по авоматизам значи и правење зло или во најдобар случај, правење нејасна мешавина од доброто и злото, каде појдовна основа е „јас„ а не Бог и Неговата волја.
Твојата вера нема врска со Кроули и телемата! Во телемата концептот за волја има сосема поинаква суштина и значење, се однесува на метафизичкиот - динамички аспект на битието! Тоа е она што го дефинира одредено битие, и на форумов тоа тебе безброј пати ти било нагласувано, но ти и покрај тоа, продолжуваш со лажење и ширење неточни тврдења за суштината на таа реченица! Тоа е крајно подло и лицемерно!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Твојата вера нема врска со Кроули и телемата!
Се согласувам: фала Му на Бога што ни дари вера која нема врска со телемата, а Кроули и тоа како има врска со лагата и нејзиниот татко.[DOUBLEPOST=1428516700][/DOUBLEPOST]
Во телемата концептот за волја има сосема поинаква суштина и значење, се однесува на метафизичкиот - динамички аспект на битието!
Го разбираш напишаново?[DOUBLEPOST=1428516768][/DOUBLEPOST]
Тоа е крајно подло и лицемерно!
...и разобличувачко.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Се согласувам: фала Му на Бога што ни дари вера која нема врска со телемата, а Кроули и тоа како има врска со лагата и нејзиниот татко.
Ти си очигледен пример за подло, дволично и лажливо човече! Ми се гади што дишам ист воздух со луѓе како тебе! :sick:
...и разобличувачко.
Кога сме кај разобличувањето! Ти и твоите истомисленици упорно и подло ширите лага дека телемата порачува - "Прави што сакаш", "Прави што ќе ти текне!" Еве текст од православното гласило од каде константо се шират клевети и лаги:

"Као мото једног од самозваних гласника овог „новог доба“, енглеског окултисте Алистера Кроулија, стоји парола „чини оно што ти је воља“, а за његове следбенике, изнад овога нема другог закона. Ово је врховна идеја, крајња поука човеку и једина ултимативна тежња људског битисања, да ради оно што жели. "
Извор: Link

А еве што навистина значи таа порака:
Liber II:
"...Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири.

“Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија. Од овие разгледувања треба да биде јасно дека “Прави што ти е волја” не значи “Прави што сакаш”."

"Сега секој би требало совршено едноставно да ја сфати Пораката на Мајсторот Терион. Ти мораш

(1) да откриеш што е твоја Волја.
(2) Да ја извршуваш таа Волја со
а) едно-насочност
б) непристрасност
ц) мир.

Тогаш и само тогаш, ти си во хармонија со движењето на Работите, а твојата волја е дел од Божјата, и спрема тоа еднаква на неа. И бидејќи волјата е само динамички аспект на нашето битие, и бидејќи две различни битија не можат да имаат идентични волји тогаш ако твојата волја е Божја волја, значи Ти си тоа."
Извор: Link

Ова не е прв пат да ти го посочувам ова, а со оглед на твојата подлост, најверојатно нема да биде ни последен.

П.С. Поради ова е моето повторување, бидејќи луѓето како тебе, својата злонамерност ја остваруваат со надеж дека евентуално, кога тогаш ќе им се здосади на останатите да ги демантираат и разобличуваат.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Јасно е дека имаш изразито јак речник, па затоа и амнезијата ја поистоветуваш со шизофренија. Твоите изречени зборови „не мрчи“, „вози моторче“, „не паламуди“, можеби ги употребуваш и меѓу твоите и се нормално културно однесувањеа во твојот Фан клуб.
Исто така можноста за избор на форумов ја разбра како забрана.

Бидејќи си човек со потекло од Едемската градина, и ќе живееш 1000 години, a потоа ќе одиш во рајот, има еден цитат од Блез Паскал (не верувам дека си слушнал за него) кој вели: „Повеќе би сакал интелигентен пекол, отколку глупав рај“.
Тие зборови се огромна култура за твоето однесување и непознавање на членовите овде па што ме судиш мене.А што сакаше да кажеш со ова последново ? што се однесува за цитатот,имам слушнато еден еднаш рече ,,Ми се иде во мртовечница...''.Познавајќи го овој и читајќи го цитатов твој помислив за ист човек се работи... за иста лудо-збунета офца.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.660
Поени од реакции
9.260
А еве што навистина значи таа порака:
Liber II:
"...Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири.

“Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија. Од овие разгледувања треба да биде јасно дека “Прави што ти е волја” не значи “Прави што сакаш”."

"Сега секој би требало совршено едноставно да ја сфати Пораката на Мајсторот Терион. Ти мораш

(1) да откриеш што е твоја Волја.
(2) Да ја извршуваш таа Волја со
а) едно-насочност
б) непристрасност
ц) мир.
Сè ми е позволено, но не е сè полезно; сè ми е позволено, но ништо не сакам да завладее над мене.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сè ми е позволено, но не е сè полезно; сè ми е позволено, но ништо не сакам да завладее над мене.
Некој очигледно мисли дека со клевети и лаги ќе извлече корист за себе и дека тоа му е и полезно и дозволено.[DOUBLEPOST=1428521273][/DOUBLEPOST]
Уште колу пати ќе ме наклеветиш дека лажам, без да кажеш која е вистината?...
Вистината е дека си лажов, еве твој пост од мај 2014, од темата Законот на Телема:
Па кога сме више кај Кроули, еве нешто и за таа славна фаца:

http://borbazaveru.info/content/view/6650/85/
На линков се наоѓа текст преполн со лаги, извадени од контекст значења и клевети. Еве дел од нив:

"КРОУЛИ У ПРВОМ СВЕТСКОМ РАТУ
Године 2002, Би Би Си је направио велико истраживање о стотину најутицајнијих Британаца у историји. Црни маг и сатаниста Алистер Кроули, творац изреке „Чини оно што хоћеш и нека ти то буде једини закон“, био је на 73. месту. Случајно? Наравно да није."

За глупостите дека учествувал во потопување на бродот Лузитанија.....нацистите и што уште не, мислам дека не ни вреди да се коментира.....

Како што реков, иако ти беше нагласено и посочено дека не се работи за такво нешто, тебе тоа не те спречи да продолжиш да ја шириш оваа лага, и уште бесрамно да тврдиш дека сум клеветел и дека не сум ја изнел вистината.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти си очигледен пример за подло, дволично и лажливо човече! Ми се гади што дишам ист воздух со луѓе како тебе! :sick:
А ја‘ верувам дека имаш и високо мислење за себе.[DOUBLEPOST=1428527322][/DOUBLEPOST]
Кога сме кај разобличувањето! Ти и твоите истомисленици упорно и подло ширите лага дека телемата порачува - "Прави што сакаш", "Прави што ќе ти текне!".
Начелото „Прави што ти е волја„ можеш да го разблажуваш до бесвест, а тоа нема да ја проемни суштината на своеволноста, која била, е и ќе биде заснована на „јас„, каде „јас„ е бог на кој треба да му се клањам...

Но како веќе напишав, се‘ е до ориентирот за вистинитоста од нештата: ако Кроули ми е ориентир, тогаш секоја лага кажана од Кроули аутоматски станува вистина.

Кроули го објаснува Кроули. Кроули му потврдува на Кроули дека е во право.

[DOUBLEPOST=1428527404][/DOUBLEPOST]
А еве што навистина значи таа порака:
Liber II:
"...Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири.
.
А која е „вистинската волја„? „Онаа„ вистинската?...[DOUBLEPOST=1428527501][/DOUBLEPOST]
(1) да откриеш што е твоја Волја.
(2) Да ја извршуваш таа Волја со
а) едно-насочност
б) непристрасност
ц) мир.
.
1. Мојата волја е мојата волја...
Сега треба да следува тешка философија за начинот на кој треба да ја „откријам„ мојата волја, така?

2. Нормално, и за точката „2„ треба да следува философирање на начинот за кој таа волја ќе треба да ја извшрувам, а сигурен сум дека тоа важи и за секоја наредна точка.[DOUBLEPOST=1428527769][/DOUBLEPOST]
Вистината е дека си лажов, еве твој пост од мај 2014, од темата Законот на Телема:
.
Аман човеку, дај конечно извади ја вистината на видело и не ме клевети дека лажам!!!

(За полесно да ме прочиташ, пишувам со зголемен фонт).[DOUBLEPOST=1428527925][/DOUBLEPOST]
За глупостите дека учествувал во потопување на бродот Лузитанија.....нацистите и што уште не, мислам дека не ни вреди да се коментира.....
.
Лагата секогаш се прифаќа по „линија на најмал отпор„.

За прифаќање на вистината, потребно е откажување од сопстената волја (онаа на која бесконечно се повикуваш...) и исполнување на Божјата.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Начелото „Прави што ти е волја„ можеш да го разблажуваш до бесвест, а тоа нема да ја проемни суштината на своеволноста, која била, е и ќе биде заснована на „јас„, каде „јас„ е бог на кој треба да му се клањам...

Но како веќе напишав, се‘ се до ориентирот за вистинитоста од нештата: ако Кроули ми е ориентир, тогаш секоја лага кажана од Кроули аутоматски станува вистина.
Не се работи овде за толкување, овде се работи за класична подлост и лицемерие! Неможеш да користиш христијански концепти и со нив да дефинираш телемитски поими! Волја во случајов се однесува на метафизичка особина, не на своеволие, намера, желба! Безброј пати ова ти е кажано, и ти упорно лажеш и истата порака се обидуваш да ја протолкуваш како "прави што сакаш".
А која е „вистинската волја„? „Онаа„ вистинската?...[DOUBLEPOST=1428527501][/DOUBLEPOST]

1. Мојата волја е мојата волја...
Сега треба да следува тешка философија за начинот на кој треба да ја „откријам„ мојата волја, така?

2. Нормално, и за точката „2„ треба да следува философирање на начинот за кој таа волја ќе треба да ја извшрувам, а сигурен сум дека тоа важи и за секоја наредна точка.
Значи твојата неспособност да разбереш е твое оправдување да продолжиш да тврдиш дека лагите искажани од тебе и од српскиот портал всушност не се лаги, туку вистина?!:tapp:
Мислиш дека со ова тегавење ќе успееш тие лаги да ги претставиш како вистина?
Аман човеку, дај конечно извади ја вистината на видело и не ме клевети дека лажам!!!
Вистината е дека "Прави што ти е волја" незначи "прави што сакаш"! Ти постирав цитат од официјален документ, Liber II, каде тоа јасно е нагласено. Ако тоа не ти е доволно за да разбереш, тогаш имаш проблем да сватиш прости работи, оди барај си психијатриска помош во тој случај.

Лагата секогаш се прифаќа по „линија на најмал отпор„.

За прифаќање на вистината, потребно е откажување од сопстената волја (онаа на која бесконечно се повикуваш...) и исполнување на Божјата.
Во телемата чистата вистинска волја е дел од Божјата а со тоа и еднаква на неа. Така да твоево тврдење е комплетно бесмислено од телемитски аспект. Ако Божјата и човечката волја не се усогласени, т.е. ако човечката волја не е дел од Божјата, тогаш таквиот Бог има потреба накнадно да интервенира, да исправа и поправа....а за да интервенираш накнадно одкако еднаш си создал, значи дека првичното создание е со грешка! Бог што создава креација во која има грешка, не е безгрешен Бог.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не се работи овде за толкување, овде се работи за класична подлост и лицемерие! Неможеш да користиш христијански концепти и со нив да дефинираш телемитски поими! Волја во случајов се однесува на метафизичка особина, не на своеволие, намера, желба! Безброј пати ова ти е кажано, и ти упорно лажеш и истата порака се обидуваш да ја протолкуваш како "прави што сакаш".
.
Христијанскиот „концепт„ е од Бога дадено учење за човековата оптадната природа и истото тоа учење има суштинско познавање на таа отпаднстост, но и на начинот на лечење на таа ортадната човекова природа и нејзино враќање во почетната, од Бога створена состојба..

Она кое ти и твоите истомисленици го рекламирате како философија на живеење, не е ништо друго туку афирмација токму на таа отпаднатост, која е и појдовна основа за телемитската мудрост за живеење според својата волја.

Рисјански кажано, тоа е уживање во калта и бљувотината од својата огревовеност.[DOUBLEPOST=1428529539][/DOUBLEPOST]
Мислиш дека со ова тегавење ќе успееш тие лаги да ги претставиш како вистина?
.
Нема потреба од тегавење: миљон пати имам напишано која е рисјанксата вистина, без потреба од нејзино бесконечно барање.[DOUBLEPOST=1428529637][/DOUBLEPOST]
Вистината е дека "Прави што ти е волја" незначи "прави што сакаш"! .
Вистина е само тоа, дека негацијата сама по себе не води кон вистината, исто како што од негацијата нема да исчезне негираното.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Христијанскиот „концепт„ е од Бога дадено учење за човековата оптадната природа и истото тоа учење има суштинско познавање на таа отпаднстост, но и на начинот на лечење на таа ортадната човекова природа и нејзино враќање во почетната, од Бога створена состојба..

Она кое ти и твоите истомисленици го рекламирате како философија на живеење, не е ништо друго туку афирмација токму на таа отпаднатост, која е и појдовна основа за телемитската мудрост за живеење според својата волја.

Рисјански кажано, тоа е уживање во калта и бљувотината од својата огревовеност.
Нема поголема кал и бљувотина од потребата да оцрнуваш некого, за сопственото убедување да го оправдаш пред себе си и другите. Нема поголема одпаднатост од таа да лажеш, со цел да го проектираш толку потребниот непостоечки непријател, без кој твојата вера ќе се сруши како кула од карти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom