Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Како можам да аплицирам за на брод он-лине, Ве молам, на кои веб страни и кои компании ми ги препорачувате (сакам да работам угостителство)? И дали некој добил работа на тој начин, со цел да се одбегнат агенциските трошоци, кои сите знаеме дека се релативно високи?
 
Последно уредено:

За угостителство тешко да можеш да улеташ преку онлајн апликација. Реално за тие позиции има многу кандидати за почетните позиции, единствено ако веќе си работел како менаџер на некоја бродска компанија и имаш опасно CV и препораки и им треба итно. Ако си со слабо искуство и без некои специјални сертификати, тренинзи... тешко да добиеш повик преку онлајн пријава. Ако некој од форумов знае за некој таков случај, нека ме демантира. Знам само за случаи во кои луѓе со ретки професии добивале работа онлајн, ама тоа не е случај со угостителство. А агенциите нормално дека наплаќаат, ама ти им ги даваш парите од кога веќе ја добиваш работата, што мислам дека е фер. Во моментов има некои објави на коузон за позиции за угостителство за две компании, MSC и NCL. И тоа двете интервјуа се во април. Ако стварно сакаш да се пробаш, аплицирај, пробај си ја среќата ако стварно сакаш да ја добиеш работата, нема пребирање. Мој совет.

Едит: еве страна на која ги има повеќето отворени позиции за департментот што те интересира. види кај-што бараат и аплицирај кај нив на страницата, повеќето круз компании на сајтот има careers секција каде што можеш да аплицираш директно. Среќно

http://www.allcruisejobs.com/food-beverage-jobs/1/
 
Последно уредено:
Може ли некој да сподели збор-два за MSC Cruises? Сега ќе има интервју, па сакам да знам отприлика барем нешто? Ме интересира за F&B позиции (келнер).
 
Може ли некој да сподели збор-два за MSC Cruises? Сега ќе има интервју, па сакам да знам отприлика барем нешто? Ме интересира за F&B позиции (келнер).

Еве, повели збор два за MSC cruises х)
http://www.msccruises.com/gl_en/About-MSC-Cruises/The-Company.aspx
А инфо за F&B good luck finding. Ако прочиташе барем малку низ форумов, ќе видеше дека се нема многу инфо за MSC искуства.
Е така! х)
You are welcome. :icon_mrgr:
 
Може ли некој да сподели збор-два за MSC Cruises? Сега ќе има интервју, па сакам да знам отприлика барем нешто? Ме интересира за F&B позиции (келнер).

Јас бев расположен да ти улетам со инфо, ама гледам дека на тоа што ти пишав претходно, не реагираш, па си реков дека не си нешто многу заинтересиран
 
Здраво!
Дали некој аплицирал и добил работа самостојно, без посредување од стана на одредени компании? Има некој некакво искуство или невозможно е да се добие работа по овој пат со тоа што сме од Македонија?
 
Се што треба да направиш е да прочиташ малку низ форумов. Посебно за ова што прашуваш имаш одговор (делумно) 4 поста погоре од твојот пост. I'm just sayin'! :cautious:
 
Прашањето е дали некој успеал на тој начин да најде работа а не дали може да се аплицира, нормално дека секој може самостојно да аплицира...
 
Прашањето е дали некој успеал на тој начин да најде работа а не дали може да се аплицира, нормално дека секој може самостојно да аплицира...

Одговорот е: “За угостителство тешко да можеш да улеташ преку онлајн апликација. Реално за тие позиции има многу кандидати за почетните позиции, единствено ако веќе си работел како менаџер на некоја бродска компанија и имаш опасно CV и препораки и им треба итно. Ако си со слабо искуство и без некои специјални сертификати, тренинзи... тешко да добиеш повик преку онлајн пријава. Ако некој од форумов знае за некој таков случај, нека ме демантира. Знам само за случаи во кои луѓе со ретки професии добивале работа онлајн, ама тоа не е случај со угостителство.“
Ова е само еден пост кој ти дава одговор на тоа што прашуваш. За да дознаеш дали ќе најдеш работа или не, се ти зависи од тоа што работа сакаш. Во секој случај, овој пост ти дава одговор и ако целиш кон нешто повисоко, па и ако тераш за некоја пониска позиција.
А ако сакаш да ти се пријави лично некој што нашол работа така и веќе е таму и работи, ондак гуд лак.
 
Да не должам, ќе пишам еден таков пример. ДИЗНИ НЕ ВРАБОТУВА МАКЕДОНЦИ, ама во одреден момент им бил потребен Сениор Бродкас Техничар, а во истото време еден дечко од Кисела Вода со претходно работно искуство во скопски телевизии и Ројал Карибиан на истата позиција им праќа ЦВ, и нормално ја добива работата.

Исто онлајн вработува мојата фирма Имиџ (фото) ама само од одредени земји, нормално балканските земји не спаѓаат тука затоа што Имиџ соработува со Емплојмент Пауер од Хрватска и Мајоми како нивни локални партнери и Оушнџабс од Романија.
 
Или со други зборови кажано, нема да боли ако им се испрати CV, па можеби некого ќе го прати добра среќа.

Е па, со среќа нека им е на потенцијалните идни работници на брод. ;)
 
Здраво , сакам да ве прашам има ли некој reference letter од Carnival Cruise Lines ако може да ми го пушти
 
Јас бев расположен да ти улетам со инфо, ама гледам дека на тоа што ти пишав претходно, не реагираш, па си реков дека не си нешто многу заинтересиран
Барале германски за втор јазик, а јас не знам, така да затоа и немав интерес, али сепак фала за времето. (y)
 
Плаќате ли данок тука на парите што сте ги заработиле на брод?И ме интересира преку Carnival кога одиш по втор пат ти ја плаќаат картата во два правци или пак за натаму ти сам си ја плаќаш?Јас сакам да аплицирам за youth staff па ако има некој искуство нека сподели.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom