Ова што го имаш напишано не е јавниот долг, туку само надворешниот јавен долг, а заедно со внатрешниот го добиваш ова:
2002: 1,829.9
2003: 1,717.8
2004: 1,722.4
2005: 1,992.2
2006: 1,818.3
2007: 1,569.8
2008: 1,558.3
2009: 1,772.2
2010: 1,936.3
2011: 2,414.9
2012: 2,908.8
2013: 3,281.4
2014: 3,921.3
Јавниот долг на крајот од 2014та достигна 3,9 милјарди евра, што е за 640 милиони евра повеќе него во 2013та, невиден рекорд.
Ако претходната Влада во 2002-ра наследила 1.829.900.000 евра долг, а оставила на новата Влада во 2006-та долг од 1.818.300.000 евра долг. (11,6 милиони помалку).
Оваа новата Влада си наследи 1.818.300.000 евра, а ќе си истави над 4.000.000.000 евра долг на следната Влада.
Исто така се оставаат многу стапици во наследство: зголемување на платите преку ноќ, нови вработувања во државните институции (3000 волонтери), разни други исплаќања кои не се превидени со буџет ...
Сето ова ќе го зголеми буџетскиот дефицит, а тоа значи ќе треба да се задолжиме секоја година.
Нека каже некој ако е поинаку.