Според постов испаѓа дека ние сме полоши и од Грција ? не сум упатен во темава ама 60 милиони евра мислам дека се смешни како долг,други држави имаат долгови пута 2 ама во милијарди,па ене ги пак живеат и пак се кпат во море.
Може ли некој реален да каже дали стварно е толку ЛОШО а да не прави копи=пасте од либертас или друг вид на срање медиум,или пак копи=пасте од шител или друг вид на срање медиум ? нели вратија некој дел од парите,еве и тука читам 130 милиони вратиле останале уште 60,на шител слушнав дека вратиле 170 милиони ?
Нема држава што не се задолжува,барем толку знам.
Никој не знае колку борчиме. Тој податок се чува како државна тајна, тоа е прв знак дека нешто н во ред.
Парите владата ги враќа со позајмување, и тоа се поголемо, ако денес треба да врати 80 милиони евра, ќе позајми 120, 80 враќа - 40 троши, следното враќање ако треба 100, ќе позајми 150.... така заглавија и многу семејства, земаа кредит ќе го исплатеа до некаде, па земаа поголем за да го вратат стариот и со остаток на пари покријат трошкови, и така после неколку земања, сега им чукаат извршители на врата.
Долгот на државата зависи и од економскат моќ на една држава, Америка е најзадолжената земја на свет нејзиниот долг се мери со трилиони долари али Америка е економска и воена сила и тоа и го држии рејтингот и доларот силен. Што ја држи Македонија? индустрија? земјоделие? сточарство? туризам?
Сегде сме слаби, увезуваме и млеко и сирење и пченица и текстил.... со што ќе гарантираме дека ќе ги вратиме долговите?
Со нови позајмици. И што е најлошо најголем дел од тие позајмици ојдоа во позлата, огради, стиропор и гипс. Јас разбирам да сме зеле 2 милијарди до сега па сме направиле 3-4 големи хидроцентрали, сме направиле модерен автопат, сме осовремениле железница, сме средиле земјоделие со вода, канали патишта... па сега од приходи од струја, патарини, транспорт и земјоделие - враќаме земеното и живееме.
Исто ти е како и едно семејство, ако едното зело кредит и отворило бизнис со тие пари, полесно ќе врви од колку ако за тие пари изнакупило алишта, смартфони и ги потрошиле на одмори.