Драга Кајгана (виртуелен дневник)

I

[In]kognito

Гостин
К,
ми текна на една дешавка кога бев прво одделение па срам ме фати. Наставничката ни даде за домашна да научиме песничка за жабата и штркот ама јас заборавив. Не е тоа трагичното,туку наредниот ден сите по ред ја рецитираат а јас предпоследна клупа седам цела исплашена и вика ајде ти и глупо дете викам не ја знам ( од страв дека не сум ја научила дома а ја научив на часот додека стигна до мене и ми шљакна 1:nesumjas:). И одам така дома цела уплакана како ќе кажам на татко ми и човекот ни две ни три почнува се гази од смеење и ми вика мали, ученик без кец не е ученик :ojeaa:
Ајт :motorce:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
http://press24.mk/sites/default/files/jadranka-kostova.pdf

Јас да бидам прогласен за кодош за вакво нешто ќе бидам горд и без срам ќе го кажувам на сите.

Е затоа законот не смееше никако да важи после 1991 година, оти сега испаѓа дека се напатени жртви оние кои уште се влажнат на Сан Стефано.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.218
Поени од реакции
7.277
Ја памтиш онаа фаза кога локалните рапери ги сметаш за генијалци? Како побогу може некој толку брзо да зборува и да има смисла сето тоа? Се идентификуваш со нив, и ти си дете од улицата, и тебе не те сфаќа никој.. Генијалци, богови. :cuc:

Several years down the road, се прашуваш како можи 30 годишни магариња да прават битови за локални дунди и педери.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.272
Драга, штотуку ми заѕвоне на врата поп да праша да не треба осветување на вода.....:popce::popce::popce::popce:

....а можда бил стрипитзер облечен како поп и ја утнал куќата ??:cautious::cautious:
 
Член од
22 јануари 2015
Мислења
37
Поени од реакции
218
Гарант Е. Л. Џејмс инспирацијата за насловот на книгата го добила поминувајќи низ нашите улици и патишта,а да бараме дел од авторските права? :свиркам:

50 nijansi sivo.jpg
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Секогаш кога ќе се појави пролетно сонце, кога почнуваат топлите денови, ме фаќа некоја љубов кон јоргованите. Не знам зошто. Остатокот од годината не ги ни помислувам, не сум некој човек што е многу по цвеќиња и слични работи, ама ете, првите пролетни денови и првите сончеви зраци во пролет секогаш ме потсеќаат на мирисот на јоргован. А јоргован ме потсеќа на среќа.

Немам некои спомени што ме потсеќаат на јоргован, а сепак мирисот и помислата на јоргован ме прави среќна, ме разнежнува и некако ми е асоцијација за убави денови.

Мирна сум денес. Убаво ми е. Мислам на јорговани. <3
 
Член од
21 јули 2011
Мислења
1.339
Поени од реакции
3.202
Дикеј, од денес почнувам да трчам. Ептен сум се здебелил зимава, мора да влезам пак во омилените шорцеви и маици. Ќе ти пишам после како било.
bruh, never again.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom