Нема везе... Јас сум опкружен од девици и супер друштво ми се иако сум скорпија... Татко ми е девица и цимеро ми беше девица и премногу се поштоваме... Е сеа јес да се дешаваат страшни дискусии и вербални расправии ама и скорпиите и девиците се искрени и луѓе што си стојат на зборот, претпоставувам дека и затоа ми одговараат за друштво
Биковите се срциња... многу се несмасни само... земаат чаша да ти наполнат вода и во наредните 5 минути сваќаш дека станот гори и дека единствениот излез ти е од тераса... а на 11 спрат си... инаку во главно се ок... смешковци се.
Раковите се ок бе чоек... Само што треба да се земи во предвид фактот дека се најмрзливите суштества на планетата и дека не се способни за ништо... Немој да работиш со нив... ама не би рекол дека се само за свој газ...
Ти си скорпија и ги вреѓаш скорпиите?! Ќе гориш во пеколот!
За близнаците тотално не се согласувам! Близнаците се генерално затворени личности... Се лицемерни ако не си им другар. Ако се дружиш со нив животот го даваат за тебе верувај... Од искуство... Тие само бараат луѓе што можат да ги разберат... Како и нас Скорпиите...
Потполно се согласувам за вагите... Лудаци! Закон луѓе!
На стрелците им се интересни скорпиите пошто имаме едно нешто заедничко... Перверзија! И ако имате шанса да завршите в кревет, го фор ит! Нема да згрешите!
Јарците се ок, мада знаат да бидат многу неискрени на моменти... Водолиите се супер за дружба...
Значи стигнавме до главните... ОВНИ... Супер се за другари... Многу знаат да помогнат... НО!!! Немојте да си фаќате женска овен! Никако!!! Ќе ве мразам и вас и женска ви! Толку само...
Девица ви препорачувам да си го земите за финансиски раководител ако сакате да заштедите некој денар... Супер се за то...
Лавовите се закон другари...