Ако сака некој да ми каже што е со ..
Водолија(таа) и Јарец(тој) ..
има ли шанси за врска и каква врска би била таа доколку постои?
Секогаш има можност за врска, како што имам кажано на неколку наврати предходно, ако сакате детално „читање на судбината“ од ѕвездите многу е побитна местоположбата на Венера кај двајцата партнери отколку матичниот знак, но, се работи со оние информации што се достапни.
Женските Водолии се познати по својот шарм и потреба за слобода, за разлика од сите останати воздушни знаци кои што исилено бараат да им ги тргнат ланците, Водолиите го прават тоа без прашање што им отежнува да се впуштат во врска на прво место.Имаат чудни сфаќања за животот и перцепцијата им е невообичана, нешто што го плаши машкиот Јарец кој што е приврзаник на земјата, конзервативното и познатато.По правило, оваа врска би можела да биде многу продуктивна ако научат да живеат со своите различности, но можноста да бидат заедно покрај тие спротивности е скоро минорна.
Краткотрајна романса да, но врска на долги стази, не.