Indigo
баниран/а
- Член од
- 8 септември 2012
- Мислења
- 763
- Поени од реакции
- 414
и јас исто за кејф земав а сега сонувам да станам професионален гитарист и вежбам што е можно повеќе.За прашањето. Се водев по ова.
Буџет до 5000. Рокче. Нирвана, ЦЦР, Lynyrd, класик рок. Абе за ќејф зиам, животна желба ми е ова, не планирам нешто апла професионален гитарист да биднувам.
како и да е, да не забегуваме за сега... за 4500 денари, има 1 модел на Squier во мимимузика, што лично го имам испробано и звучи неверојатно за тие пари. е сега има 2 маани.
1. има прилично дебел врат и е малку потешко да се свири соло на таа гитара. дури и за акорди, можеби ќе ти биде потешко од некои други гитари.
2. нема cutaway, што мене лично ми пречи пошто често цепам соло и на акустична па ми требаат тие екстра 4-5 прагови.
јас за мене земав од 5500 гитара од кинеското на плоштад, на гитарата се свири далеку полесно од Squier-от штима без проблем, има cutaway, тенок врат, озвучена е, но ја нема онаа топлина, боја и длабочина на тонот како на Squier-от.
заклучок од ова е дека за тие пари мора да се откажеш од некои работи. мој совет ти е или да го прошириш буџетот докај 8000 денари или да бараш гитара на старо.
уште еден совет, немој да купуваш сам гитара. Многу, Многу, Многу е битно да имаш некој што има искуство.