Сосема си во право. Но, не наведе дека и фруктозата треба да се ограничи. Чисто информативно, белиот шеќер е составен од глукоза и од твојата дозволена фруктоза (речиси во еднаков сооднос). Покрај тоа, бидејќи се збори за едноставни јаглехидрати, тоа значи дека во предвид треба да ги земеме калориите кои ги внесуваме (наместо да расправаме кој шеќер е подобар или пак поздрав, а веќе знаеме дека тоа што е прекумерно не е здраво), бидејќи истите веднаш се искористуваат од телото, за разлика од комплексните за кои е потребно време на процесирање, и поради нивниот термички ефект не може да се рече дека калоријата си е калорија, додека пак ќе повторам за едноставните шеќери калоријата си е калорија. И напротив, кога станува збор за инсулинот кај белиот шеќер (заради глукозата и др. шеќери што го поттикнуваат инсулинот), ако се внесе умерено, нема да дојде до таложење на масти, бидејќи истиот преку инсулинот (кој е анаболички хормон) ќе се искористи за надополнување на гликогенските резерви и последователно на тоа амино киселините ќе си ја завршат својата добро позната работа исто така со помош на инсулинот. Зборам за активни индивидуи нормално, а и за умерен внес.