К1 телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MKD_Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 септември 2007
Мислења
72
Поени од реакции
9
Здраво луѓе.

Деновиве видов на facebook група за К1 телевизија, нова регионална телевизија со седиште во Велес. Дали некој знае нешто повеќе од ова да каже кога ќе почне со емитување програма и што би содржела оваа телевизија во нејзината понуда?
 
турски серии,шо ќе понуде
 
Здраво луѓе.

Деновиве видов на facebook група за К1 телевизија, нова регионална телевизија со седиште во Велес. Дали некој знае нешто повеќе од ова да каже кога ќе почне со емитување програма и што би содржела оваа телевизија во нејзината понуда?
Тоа е кавадаречката КТВ 41 која стана регионална телевизија, ребрендирана е и ваљда со седиште во Велес.
 
Владеачката партија ВМРО т.е некој што се од таа партија купија повеќе локални тв канали за да ги направат регионални да зрачат во повеќе градови низ регионов. Ќе понудат програма од турски серии, добри филмови, музички спотови со странска,македонска и балканска музика, вести, утринска програма а и емисии од нивна продукција.

Да незаборавам целосно се опремени со нова технологија која ќе можат и во HD да емитуваат сигнал.
 
Како што гледам телевизијава почнала со работа, на youtube објавуваат вести, на кабелските оператори ја нема, па дали некој знае како може да се гледа оваа телевизија?
 
Како што гледам телевизијава почнала со работа, на youtube објавуваат вести, на кабелските оператори ја нема, па дали некој знае како може да се гледа оваа телевизија?
Регионална телевизија е и освен во Велес може и во Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Лозово, Велес, Градско, Чашка

Ја има на MaxTV
http://www.t-home.mk/mk/557/regionalni_kanali.html#29
 
Регионална телевизија е и освен во Велес може и во Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Лозово, Велес, Градско, Чашка

Ја има на MaxTV
http://www.t-home.mk/mk/557/regionalni_kanali.html#29
Ти благодарам MARCELLO на одговорите :-) Уште само дали знаеш кога би ја имало на кабелските оператори Telekabel и Blizoo?
 
Ти благодарам MARCELLO на одговорите :) Уште само дали знаеш кога би ја имало на кабелските оператори Telekabel и Blizoo?
Blizoo колку што имам видено не нуди регионални и локални канали, а Телекабел никогаш до сега не сум имал можност да видам што нудат затоа што во мојот град нема Телекабел нити некој има што го знам.
 
Телевизија Тиквешија е ребрендирана во К1 Телевизија..И е регионална телевизија во Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Демир Капија..
 
Без разлика дали се ВМРО телевизии сепак добро е што им текна да земат да ги ребрендираат.

Барем сега ќе има нешто да се погледне на тие телевизии, ќе имаат малку подобра слика, визуелно ќе изгледаат помодерно, ќе се вработаат повеќе луѓе а не да постојат колку да се рече дека секој град има телевизија и пуштаат програма создадена од мал буџет.

Не дека и сега ќе пуштаат нешто којзнае колку јако, ама ќе биде бар дупло подобро од она што го имале предходно.
 
Да, но како што гледам на Telekabel сеуште ја нема оваа телевизија и кој знае дали ќе ја пуштат воопшто.
 
Да, но како што гледам на Telekabel сеуште ја нема оваа телевизија и кој знае дали ќе ја пуштат воопшто.

Гледам постои некоја Канал Плус телевизија на Штип а никогаш не сум ја видел на ни еден оператор..
 
Добро е што ги има регионалните канали на MaxTV, а мислам дека ги има и на BoomTV, но не разбирам зошто кабелските оператори како Telekabel и Blizoo не ги вклучуваат сите нови регионални телевизии во нивните понуди. Македонски канали да не пуштаат што се достапни во секој регион, не можам да разберам зошто.
 
Мене ми е чудно што со новиве регионални е опфатена цела Македонија освен Скопје. Не знам како во Скопје само нема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom