Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мислење за Регал Раптор нац 250 и колку пари идат нови се работи за овој модел
Јас барав нов, но веќе не се продаваат во МК, имаш половни на пазар3 и реклама5.Полагав со ваков и моторот е супер.
 
Дечки Yamaha Aerox 2006 година, со 4600 превозени километри се продава за 750 евра. Не е ова прениска цена за ова? А и само 4600 превозени за 8-9 години?
 
Дечки Yamaha Aerox 2006 година, со 4600 превозени километри се продава за 750 евра. Не е ова прениска цена за ова? А и само 4600 превозени за 8-9 години?

Хаха кој ја знае колку е и дали се стварно само 4600... Ако му стоела у гаража ОК, ама ако ја возел 9 години, тешко ... И како што гледам ова е у Словенија, така да толку ке да е цената, секако е реална... Инаку кај нас не би била под 1200 евра сигурно, башка ако стварно има само 4600км, тогаш некој може и 1500 да и бара, без разлика што е скутер стар 10 години ...
 
Солиден нискобуџетен street fighter проект. https://www.youtube.com/watch?v=KAz-LZK0FnQ

ОК е се, само никако несакам едноседи, може ако е некој "bobber" или некој "softtail" чопер, ама се друго ми изгледа грдо без опашка...:D

Со вакви мотори глава се губи. Никогаш не би возел спортски мотор постар од 15 години.

Зошто не ако е чуван и одржуван како што треба... или пак ако е ремонтиран правилно и добро... се може само рамот да не му е крив или искривен па исправан... друго се се средува ...
 
Дури сум загреан и овде да спамнам :rolleyes:. Како одат дечки kawasaki ninja 300 или сличните мотори од тој ранк? Сакам да земам едно такво како за почетник гледав нешто од Бугарија ама не ми се реални цениве некако ..
 
Како за почетник по закон неможеш да возиш Нинџа 300... Законот вика возач почетник несмее ништо појако од 25 kw, а нинџата 300 мислам дека беше нешто над 26-27 kw... Како почетник брзински мотор можеш само некоја 125-ка... А тој модел е релативно нов, така да е скап и не се исплати 4-5 000 евра за него ...
 
Последно уредено:

Од 125те не ми се допаѓа звукот што го „произведуваат“. Затоа не ги сакам, како предлог вака ако не ти е мака нешто да ми предложиш? Иначе сега проверив k. ninja 300 е 25.93 ама со оглед на децималата најверојатно на 26 го заокружуваат...
 
Тоа 0,9 kw е нешто за кое што некој терсене џандар може да ти се закачи... А иначе и таа 300-ка е со еден цилиндар, па така да и она ке има многу сличен, скоро ист звук со 125-ка... Друго како што ти раков нов кошта 6000 евра, што е многу, за 7000 евра нов Хорнет 600 се купува, а бидејќи е многу нов модел, што се вика од пред година-две, и половен да го најдеш пак нема да е под 4- 4500 евра, што пак е многу, за тие пари GSR 600, Z750 ке купиш... Единствено ти влага во математика некоја Honda CBR 250 да најдеш... А ако ти е како за почетник и за учење 125-ка некоја, Априлиа, Јамаха Р-125, се добри моторчиња и се наоѓаат по цени како нов скутер од 50цц, а после и се продаваат... Најубаво би ти било ако имаш 4-5000 евра на располагање некој голиштарец да си најдеш добар 600-750 кубика, лесни се за возење, ама секако се бесни, така да со памет :D
 
сакам rks 125, имал некој? возел? искуства?

Ова не е под 2500 евра ново сигурно, а за тие пари 125ки квалитетни колку сакаш ... 2 тактна Априлија РС 125 имаш за тие пари, се разбира половна, ама иде до 170 км/ч и е каде каде поквалитетна, а ова ако е 4 таткно иде до 120-130...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom