Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Пред да ме исмеете мене или луѓево што прават и поставуваат видеа на Youtube или членовите на т.н. Flat Earth Society, сакам да кажам дека не ја отворам темава за да ве убедам дека е точно тоа што се тврди, туку сакам што повеќе луѓе да размислуваат, да се запрашаат за работите/аргументите кои се прикажани и напишани и да дискутираме за тоа колку оваа теорија може да биде точна или е само уште една conspiracy theory, која нема врска со реалноста.

Значи, одредени луѓе, поддржувачи на оваа идеја, тврдат и што е најважно, имаат одредени докази, експерименти и размислувања, дека Земјата воопшто не е топчеста планета, туку рамна плоча како што и се мислело одамна, во античко време.

Има повеќе аргументи во прилог на ова, за почеток ќе поставам неколку видеа, ако ве заинтересира понатаму темава можи и сами да побарате некои:




Како е претставена Земјата според оваа теорија:
Flat_earth.png


Логото на Обединетите Нации:
azimuthal_equidistant_projection.png



http://www.atlanteanconspiracy.com/
Наместо да те исмеваме може да собереме донација и да ти уплатиме една авионска карта до австралија па америка и преку европа назад. И само ќе ти кажеме среќен пат.

Како да не те исмеваме бре, па нормален ли си ти? Во кој милениум живееш?

А ако не си знаел постои и hollow earth теорија на завера па може и да те пратиме и до земјените полови да провериш да не случајно има дупка до внатрешноста на земјата каде чека Jack Sparrow да му дојдеме на чај со рум.

А да исто така има и будали кои веруваат дека месечината не е вистинска туку холограм или нешто друго.

Јао куку мене, интернет не е за секој. Најстрашно е тоа што админите на тие сајтови се богатат од реклами кликови и посетеност а будали навистина веруваат во тоа што читаат таму.
 
Сега веќе нема дилема свештеников разреши се
www.youtube.com/watch?v=ipIkLYSIBYc
Овој ниту слушнал за гравитација,ниту може да си ја претстави брзината на авионот и брзината Земјата.А споредбава е исто како да се споредува мрава со слон.Ако овој е во право,тогаш Магелан го излажал целиот свет.
 
Овој ниту слушнал за гравитација,ниту може да си ја претстави брзината на авионот и брзината Земјата.А споредбава е исто како да се споредува мрава со слон.Ако овој е во право,тогаш Магелан го излажал целиот свет.

сарказам бе дете..
 
Уште нашите антички предци знаеле дека земјата е рамна плоча, нешто како џиновска тепсија со капак одозгора. Кога Господ (Четвороглавиот Алачки, Амди Бајрам, Џејми Оливер и Баба Рада) ќе го дигне капакот да види до кај е манџата тогаш е ден, а кога ќе го затвори иде ноќ, пошто капакот има дупки. Кога ќе уклучи на тројка иде лето.
Според една друга филозофска теорија за која посебно загреана школата на копрофагите светот е џиновска вецешолја во која наизменично полнат, палат и гасат Боки и Јанко13, се додека не се затне и не се излее Големиот Потоп.
 
Вие изгледа не сте слушале за гуглерт...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom