Македонски фудбалери во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Абе не заебавај, класичен кикс на голманот :)
Од 40 метри му шутира и топката иде право по средина, кај што е и голманот, види како месечар е :ROFLMAO:
Може и така. Се согласувам, ама треба умешност и во рамката да шутнеш, па макар и да ти ја одбрани. Од моменталните играчи се сомневам дека има некој со способност да го погоди голот од слободен удар, камо ли па гол да даде.
 
Може и така. Се согласувам, ама треба умешност и во рамката да шутнеш, па макар и да ти ја одбрани. Од моменталните играчи се сомневам дека има некој со способност да го погоди голот од слободен удар, камо ли па гол да даде.
Добро, шутот како шут не беше лош, за таа далечина...можеби да беше некој посолиден голман ќе изнудеше корнер, дај шта даш :)

А не е дека до толку немаме изведувачи на слободни, досега што сум ги гледал, мислам дека Трајковски не изведува лошо и Агим.
Трајковски го имам видено неколку пати мислам изведуваше во репрезентација, ако не се лажам на некој натпревари и статива/пречка погоди?
А Агим е прв избор и тука, и во Марибор, така ќе им брцнеше на Челзи гол, од слободен од 30 метра, страшна лева има. :)
 
Малиов мора да се викне во А-селекција одма.Подготвен е да игра.Ако се сомневате за среќен слободен удар,побарајте снимки од есенскиот дел каде има добри голови,движења и пасови направено.Момаков е одличен :)
 
Добро, шутот како шут не беше лош, за таа далечина...можеби да беше некој посолиден голман ќе изнудеше корнер, дај шта даш :)

А не е дека до толку немаме изведувачи на слободни, досега што сум ги гледал, мислам дека Трајковски не изведува лошо и Агим.
Трајковски го имам видено неколку пати мислам изведуваше во репрезентација, ако не се лажам на некој натпревари и статива/пречка погоди?
А Агим е прв избор и тука, и во Марибор, така ќе им брцнеше на Челзи гол, од слободен од 30 метра, страшна лева има. :)
Добро за Агим се слагам, за Трајковски не сум го гледал...
 
Иако првично сметав дека е уште му е рано е на Барди за во А репрезентација и доволен си е за сега во У21, оти нема што да бара покрај Адеми и Матиќ во сениорскиот тим на тие позиции, со оглед на тоа што Матиќ по се изгледа пак нема да може да настапи на следниве два дуели, а Демири веќе не игра и исто е отпишан како опција, не ни остануваат подобри алтернативи за ЦМ/ДМ така да јас во ситуацијава сепак обавезно би го земал Барди, барем би му дал него предност него на Глигоров.
Али лично мислам дека Бошко ќе се реши на крај со Адеми и Ѓуровски да стартува во таа линија, ептен запнал по Марио, а во офанзивната линија за врска и онака нема место за него покрај Ибраими, Трајковски, Хасани и Абдурахими, така да изгледа планира како ЦМ да го игра...
 
Гол што вреди повеќе пати да се прегледа. Секоја чест се сомневам дека моментално имаме подобар шутер од младичов.
шутот е бомба,а топката патува со ненормална траекторија на движење,вакви слободњаци изведува Пирло.........голманот очигледно изненаден од движењето на топката во последен момент пушта раце,но е измамен............се надевам ќе продолжи дечкото вака да изведува,па да фати континуитет,вака еден слободен и гол може на секого да му се “фати“
 
Доколку некој од ФФМ чита, тркнете и видете детево што како, може ќе заигра за Македонија еден ден ако го бива и му средат пасош.
 
Колку само играчи излегоа од тој Австралиски Институт за спорт, свака им част... :cuc:
 
Колку само играчи излегоа од тој Австралиски Институт за спорт, свака им част... :cuc:


Академијата на ФФМ ја прават според Австралискиот Институт за Спорт... Е сега колку ќе ја разводенат програмата и колку ќе импровизираат ќе видиме
 
Има уште едно дете Македонец кој е од Шпанија,игра во Тенерифе.Исто има младо македонче од Италија кое игра во Парма млади.Само добра мрежа и организација може да ги зграбиме инашите таленти од надвор.

Иначе тачно е дека така се стреми Академијата,исто имаат и Хрвативе слично направено.Имаат редовни меѓународни или пријателски плус образование и сместување.Пред некој месец беа први или втори на турнир каде играа младинските на Кипар,Грузија,Ерменија и даље ...
 
За волја на вистината, ФФМ изгледа дека подработуваат кога станува збор за лобирање кај Македонците во странство. Никола Кулески (син на Благоја Кулески, помладите од нас може не знаат кој е но постарите сигурно го знаат, поранешен играч на Победа) кој е дел од младинците на Сиднеј ФК веќе некое време игра за младинските репрезентации. Има уште доста деца во Австралија со македонско потекло што играат во А лигата и во државните лиги што може да ги бива за настап.
 
Крис Наумов е најгоре на список со Бен Кантаровски шо би требало да се повикаат.Исто и Дурмиши од Брондби и Мехмеди беше ли од Ајнтрахт Браун.
 
Кантаровски е со мали шанси за да заигра за нас. Наумов би бил одличен играч верувам, има играно за младинците на Австралија и ако ФФМ сака да ги придобие изгледа ќе треба брзо да реагираат. Еве едно видео од Наумов против Сиднеј Јунајтед во ФФА Купот, обратете внимание на првите 2 гола.


Уште еден играч што би го издвоил е Стив Кузмановски, крилен играч од Западен Сиднеј што се уште нема играно за ниедна репрезентација, исто и Урошевски од Рокдејл Илинден.
 
Чек бе, за Кики Наумоф збориш???
 
Чек бе, за Кики Наумоф збориш???

Да, што е најинтересно Википедија вика дека по татко му е Русин, а македонската страна му е по мајка му. Доколку не заигра за Австралија ќе биде жустро за детево. Искрено мали ни се шансите да заигра за Македонија според мене, кога доколку стане добар играч веќе ќе има шанса да игра за Австралија и Русија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom