Шо велит Бетмен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување
Овој и еден тон експерти, фб херои и зналци, да се собереа и да излезеа јавно против овие гомна за кои само пишуваат и се прават паметни, земјава ќе беше можеби подобро место за живеење. Во спротивно ваквите лингури и лингурки ми се одмилени одамна, класични атеншн курвици, кои или немаат попаметна работа во животот или достигнување им изигравање шут по мреживе. Зборам и за тој што го склопил клипот а немал попаметна работа, ама и за овие затуцаниве и недоносени твитерџии, фејсбук махери и слични ванаби клише херои. Ебате беља ебате.
 
Најмногу што ме нервира моментално од телевизииве што биле против владата сеа во овие моменти ми глумат нешто демократија.
На едни не му чинело какви одговори добиваат од ЗЗ.
Други ми викаат секакви про владини "експерти", аналитичари (кои во ова време ми се чини дека би пошле и во Кривогаштани за да ја бранат партијата), за да имало дискусија.

Наместо да си искористат и да напднат со све што имаат и немаат тие се ебаваат, ако Грујо го преживее ова ништо не го трга од власт после 20-30 години.
Е тогаш ќе ги видам.
 
Наместо да си искористат и да напднат со све што имаат и немаат тие се ебаваат, ако Грујо го преживее ова ништо не го трга од власт после 20-30 години.
Е тогаш ќе ги видам.
Целта на Телма е да известува објективно и непристрасно. Притоа тежнее да ги опфати сите релевантни групи во државава. Ако таа објективност доведе до нечие 30 годишно владеење, Телма не би требало да има ништо против тоа. :tvg:
 
Бисер е видеово !!!:cuc: Наеднаш од јак шизик на социјалниве мрежи кој пленеше со зборови,некако не знаеше шо да каже во емисија. ЈАКО !!!:zver:

Не му е прв пат. И друг пат истото се случува кога е пред камера. Разликата со тоа и со пишана мисла е што пишана мисла можеш да ја препрочиташ, едитираш, скоцкаш на начин на кој си гледан како интелектуалец. Затоа таму растура, а пред камера е растуран. И јас не би се снашол во дебата во живо, пред камера, со луѓе од бранша со каква он е ставен. Али нели, јас си признавам до кај ми се можностите, капацитет и се. Некој е слеп за тоа што и колку го бива. И нормално, ќе се бламираат по ТВ.
 
jakim.jpg
 
Ако сакате да читате некој интелектуалец на нашиов интернет простор читајте го Приказни од булеварот.Бетмен велит за него е гола вода.
 
нишо бе не велит или јас слабо слушам ? само мр мр мр нешо.........
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a
Ако сакате да читате некој интелектуалец на нашиов интернет простор читајте го Приказни од булеварот.Бетмен велит за него е гола вода.
Го имам читано и не е нешто посебно. Башка што во пишувањето прави милион правописни и граматички грешки, а и неретко е доста вулгарен. Малку се мешаат поимите интелектуалец, експерт и човек што едноставно го пишува своето мислење на интернет.
Интелектуалец и експерт е човек кој со години работи и е докажан професионалец во своето поле и има успеси зад себе. Човек кој се докажал во одредено поле со својата способност. Не е ни битно дали се согласуваш или не, битно е дека истиот има легитимитет и право да зборува на одредени теми.
Се останато се луѓе кои едноставно имаат став. И 109203920 луѓе да те следат и читаат, ти си човек со мислење кое го дели со поширока публика, но не те прави тоа интелектуалец, ниту експерт.

Јаки се луѓево во државава, ај што мислат дека за се се експерти, туку и за интелектуалци ги прогласуваат сите луѓе со кои се согласуваат, а тие со кои не се согласуваат се идиоти и неписмени. Објективност страшно фали во државава.

Друг проблем е што политиката како таква е деликатна работа. Да, за неа сите имаме мислење, за било каков политички скандал, проблем или ситуација имаме сите мислење, пред се затоа што и политиката сакале-нејќеле влијае на нашите животи, но тоа не не' прави експерти. За политика треба малку повеќе “чувство за осет“ и пак ќе кажам долгогодишо следење и искуство во анализи и истражувања, не правење вицови, досетки и имање мислење.

И на интернет сосема е ок на своите профили да пишуваме што сакаме или да пишуваме статии и да изразуваме ставови, но дебатна емисија за политичка ситуација си бара експерти од полето, докажани новинари и слично. Не е ни битно дали се опозиционери или власт, ама најубаво би било кога би имало претставник од две страни со издржани луѓе, за да ги видиме двете страни на паричката.

Ова зборам генерално сега, затоа што со отворен Твитер профил или блог со политичка содржина сите мислат дека се аналитичари од CNN.
 
Видеото т.е монтажата ќе му дојде нешто како best of од гостувањето во емисијата, бидејќи само тоа од монтажата е добро.
Како и да е, видеото не е некоја јака работа т.е да се направи вака да биде добро посебно ако се има добар соговорник
 
Бетмен велит што ќе му каже Трендо.
А Трендо сака да биде многу кул и „неутрален“ (што реално е невозможно во оваа ситуација) и си сака да си седи на што е можно повеќе столчиња. Па Бетмен мора да следи.
 
Не е проблем да се биде неутрален. Проблем е да се пушта слика со ракување со претцедателот, па да се пишува како истиот е пронајден исчезнат во сопствен кабинет а на крај да се прокламира неутралност во топ тема на телма. Е па чорба...
 
Кубик бука 2500 ден.
Кубик даб 2600 ден.
Хмм амм бб'мммм - бесценето !
 
Аааааааааааааааааа........, дека кај човеков има недостаток на зборови, има.

Ама подобро........ ааааааааааааааааааааааааааа........ одколку да го чита од ливче она што го збори:)
 
И на интернет сосема е ок на своите профили да пишуваме што сакаме или да пишуваме статии и да изразуваме ставови, но дебатна емисија за политичка ситуација си бара експерти од полето, докажани новинари и слично. Не е ни битно дали се опозиционери или власт, ама најубаво би било кога би имало претставник од две страни со издржани луѓе, за да ги видиме двете страни на паричката.

Ова зборам генерално сега, затоа што со отворен Твитер профил или блог со политичка содржина сите мислат дека се аналитичари од CNN.
Ова!
Со самото тоа што Телма уште од старт си кажа дека типот што е викнат е ништо повеќе од блогериџија. Со тоа у старт покажува чиви ставови се изградени со години и години следење на политичката сцена а чиви ставови се изградени од лајкови на социјалните мрежи. Од една страна сериозна емисија која повикува “несериозен“ гостин, од друга страна објективен показател пред народот кому треба да му се верува и колку е всушност небитно копчето „лајк“ во сериозните дискусии.
Проблемот е што во нашава држава премногу им се верува на себепрогласените „експерти“ како Бетмен и останати.
Инаку тој што го измонтирал видеото всушност ништо не направил освен мала реклама на ликот и делото на Бетмен. Си го праат на-ти-го-дај-ми-го.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom