Ако сакате да читате некој интелектуалец на нашиов интернет простор читајте го Приказни од булеварот.Бетмен велит за него е гола вода.
Го имам читано и не е нешто посебно. Башка што во пишувањето прави милион правописни и граматички грешки, а и неретко е доста вулгарен. Малку се мешаат поимите интелектуалец, експерт и човек што едноставно го пишува своето мислење на интернет.
Интелектуалец и експерт е човек кој со години работи и е докажан професионалец во своето поле и има успеси зад себе. Човек кој се докажал во одредено поле со својата способност. Не е ни битно дали се согласуваш или не, битно е дека истиот има легитимитет и право да зборува на одредени теми.
Се останато се луѓе кои едноставно имаат став. И 109203920 луѓе да те следат и читаат, ти си човек со мислење кое го дели со поширока публика, но не те прави тоа интелектуалец, ниту експерт.
Јаки се луѓево во државава, ај што мислат дека за се се експерти, туку и за интелектуалци ги прогласуваат сите луѓе со кои се согласуваат, а тие со кои не се согласуваат се идиоти и неписмени. Објективност страшно фали во државава.
Друг проблем е што политиката како таква е деликатна работа. Да, за неа сите имаме мислење, за било каков политички скандал, проблем или ситуација имаме сите мислење, пред се затоа што и политиката сакале-нејќеле влијае на нашите животи, но тоа не не' прави експерти. За политика треба малку повеќе “чувство за осет“ и пак ќе кажам долгогодишо следење и искуство во анализи и истражувања, не правење вицови, досетки и имање мислење.
И на интернет сосема е ок на своите профили да пишуваме што сакаме или да пишуваме статии и да изразуваме ставови, но дебатна емисија за политичка ситуација си бара експерти од полето, докажани новинари и слично. Не е ни битно дали се опозиционери или власт, ама најубаво би било кога би имало претставник од две страни со издржани луѓе, за да ги видиме двете страни на паричката.
Ова зборам генерално сега, затоа што со отворен Твитер профил или блог со политичка содржина сите мислат дека се аналитичари од CNN.