Ова темава за Охрид сте ја направиле политичка преписка.
Ѓоа градоначалниците биле главни и на даночниците.
Па кога ќе чујам дека не чинеле странските инвестиции и дека порано се живеело поубаво
Пред 10 и 20 години повеќето Македонци едвај собираа париче за леб да купат, платите (работничките плати беа околу 3000 денари) каснеа со месеци и години (за придонеси да не зборуваме), а работа немаше ниту за лек.
Но, ја разбирам буржуазијата и елитата од 90-те години, тие во тоа време уживаа во политичките привилегии и приватизацијата на државниот капитал, во купувањето палати, накити, уметнички дела, станови, скапи коли и други луксузи, на работниците не им даваа плати и придонеси (и тие пари ги ќареа од работникот), додека обичниот Македонец немаше леб да јаде. За нив тоа биле добри времиња, подобро живееле, ама апсолутното мнозинство Македонци едвај преживуваа со леб, ајвар и туршија.
Сега власта ги стегна газдите и оние што ќарија фирми од транзицијата, мораат да плаќаат плати и придонеси, а мораат и да ги зголемат платите зошто има нови фирми (посебно странски инвестиции) кои им ги земаат работниците. Затоа им пречат странските инвестиции, зошто имаат конкуренција, не може веќе да ги зезаат работниците како пред 10 години, сега работниците можат да си најдат работа и на друго место.
И сега е лошо за работникот, платите се мизерни, ама барем има можност да најде некое работиче полесно и да има барем за леб. Само со странски инвестиции и зголемена побарувачка на работна сила ќе се зголемат платите и стандардот на луѓето.