Страшно е она што му се има на Прилеп случено. Јас мислам дека никогаш порано не било толку бедно. Посебно нагласено беше околу нова година и празниците кога немаше ниту една улица, освен главниот булевар, исчистено. И таму дури имаа земја турано, обична земја наринато со багери во тамче од 50-тите и фрлаа така по улици.... резултат од тоа, градот гнасотилук невиден, ко во Кандахар да се најдува човек. Рекорден број на скршеници имаше од неисчистени тротоари и улици и никој бре до толку да не се запраша што се случува со тие што се одговорни за тоа?
Видоа од локалнава самоуправа дека неприкосновено веќе 10 години владеат со идиоти и си се опуштија, ич не им чуе... им се чини општината е приватна фирма од која треба профит до максимум да исцицаат.
Страшно... немам зборови за она што му се случува на градот. Не е само инфраструктурно и финансиски до дното допрен, туку и културно, социјално и интелектуално. Израснав во тој град и жално ми е ко ќе си дојдам да ја посетам фамилијата да ги гледам во каква гнасурија од град живеат.