Градски паркинзи Битола ( срамота )

  • Креатор на темата Креатор на темата Keepitreal
  • Време на започнување Време на започнување
Е сега законски тие НЕ СМЕАТ да го блокираат возилото со механички справи, зато што ти одземаат право на користење на сопственост, и комотно може со бонсек да ја исечеш и си заминеш.
А шо ќе ја сечеш со бонсек? Ако законски не смеат да стават механички справи, смени ја гумата со резервната, побрзо иде.
 
А шо ќе ја сечеш со бонсек? Ако законски не смеат да стават механички справи, смени ја гумата со резервната, побрзо иде.
може и така зависи од самата канџа кај едни мислам во србија шо ги користат не можеш да ја извадиш гумата - ги покрива штрафовите од бандашот
 
Епа на што личи тоа паркирани коли на зелени површини и на пешачка патека?

Па непрописно паркираните возила треба да се казнуваат без разлика дали се во рамките на паркингот или не. Не треба да паркираш на пешачка патека/зелена зона.
И како едното резултира на првото? Едно е, и плус прашање е дали, да биде забрането паркирањето на одредени површини, друго е да се даде привилегија на приватна компанија, која ПЛУС има и интерес да санкционира некое дејствие кое не оди во прилог на нивниот бизнис.
Заради ваквиот тип на релативизирање со аргумент кој не соодветствува на премисата, дојдовме до вакво дереџе да бидеме окупирани од криминална мафија.

Ако површините се забранети има полиција, сообраќајна полиција, инспекции, ЗОШТО обични неписмени инкасатори вработени во приватна компанија да одлучуваат и да казнуваат за површини кои не се во доменот на нивното делување.
 
Кое дереџе? Се работи за култура!
Па на запад за вакви работи никој не ти прогледува низ прсти! Ќе си платиш ко поп и готово, па затоа и возат точаци ко луди на -20

Ако полицијата го праи тоа ти шо го велиш, утре ќе се преплави медиумскиот простор со срања од типот: не чини влада, нема слобода, демократија итн
 
Пак истиот тип на извртување на аргумент. Дискусијата НЕ Е за нелигитимно паркирање, туку тоа што приватна компанија самостојно се дрзнува или општината и дава ПРИВИЛЕГИЈА да суди и пресудува.

Исто НЕ Е релевантно што ќе се случува ако полицијата казнува. И тоа е сосема друго прашање.
И не се работи за култура, туку за чист бизнис. На компанија блиска до локалната власт дадени на рака и се сите улици и тротоари во градовите на ПОСЕДУВАЊЕ без никаква инвестиција, освен ветување за вработуање на неколкумина партиски војници кои ќе ѕемнеат на студот со телефоните в раце за минимална плата. Ова во нормална држава би се сметало за лоупотреба. И сега плус им се дадени и права да казнуваат.
 
Ти пречи отварањето на нови работни места?
 
Ти пречи отварањето на нови работни места?
Мене ми пречи, ова не се продуктивни работни места. Ова е собирање на арач, и по потреба измислување на прекршоци - пошто им се може и никој не ги контролира. Не постојат регулации за ова, пошто законски не е предвидено.

Иначе јас и не видов некој да ги брани сељачиштата што се паркираат на пешачки патеки или тревни површини. Ама нив треба да ги казнува полицијата, која веќе ја плаќаме со народни пари. Зошто ни треба приватна компанија да ја работи работата на полицијата, и за тоа накнадно да плаќаме? Исто и тоа, со народни пари.
 
Ти пречи отварањето на нови работни места?
Пак извртување на аргумент, сигурно се шегуваш зашто не муслам дека си глуп. Зборуваме за нелигитимно казнување.
А впрочем и ми пречи таквото "вработување" децата буквално се искористуваат, а се ставени во позиција да веруваат дека тоа вработување им е привилегија, плус другите околности кои ги спомнаа погоре.
 
Да, може утре ќе им текне да наплатуваат воздух, или одење по тротоар. И тогаш ќе има соросоиди и пета колона на која ќе им сметаат вработувањата во службите за наплата на тоа.
 
Да, може утре ќе им текне да наплатуваат воздух, или одење по тротоар. И тогаш ќе има соросоиди и пета колона на која ќе им сметаат вработувањата во службите за наплата на тоа.
Постоењето на овие подвлечениве е неоспорно, само не е убаво да се спрдачиме со нивното постоење (и целта на тоа нивно постоење). Тие не се занимаваат со таква ситна боранија како продавање места на паркинзи... Тоа не е нивниот бизнис, тие се во бизнисот на продавање на државата.

Затоа морам да ти укажам дека не и правиш услуга на националната кауза, со шегување за петатта колона.
Остави го на страна диспаритетот опозиција-позиција и погледај повисоко од тоа. Тотално сеедно е кого моментално го подржуваат невладините организации на Сорос, преку кои се перат пари за да се купуваат луѓето овде. Зошто ако денес тоа е опозицијата, утре (а можеби и веќе денес) тоа може да е позицијата... Сеедно велам, зошто агендата нивна ќе им остане иста, а таа агенда е спротивна со интересите на македонскиот народ.
Впрочем, погледај сам која беше улогата на Џорџ Сорос во поттикнувањето на војната во Украина, и како ги употреби истите тие невладини организации чии пандани ги поседува и во Македонија. Најпосле човекот сам отворено кажа дека тој беше значаен дел од организирањето на вооружениот преврат кој ја смени власта (со нацисти, марионети на САД).

Најпосле, верувам дека и од други теми си заклучил дека не сум апологет на сегашнава итерација на власта. Напротив, за било која тајфа на политичари верувам дека треба да се менуваат исти толку често како што на бебе му се менуваат пелените, од истите причини (заради кои се менуваат пелените). Но ова што ти го кажувам е надпартиско, ова за што зборувам е национален интерес. Џорџ Сорос е крвник на Македонскиот народ - исто како што е крвник на толку други народи низ светов.

Морав да го кажам ова, иако сум во офтопик - за што се извинувам на сите.
 
... Сеедно велам, зошто агендата нивна ќе им остане иста, а таа агенда е спротивна со интересите на македонскиот народ.
Знам бре. Ја ги користам тие амеби, за да се спрдам со овие другиве, кои како магарето што му се смеело на зајакот оти имал долги уши, ги посочуваат соросидите како причина за сите невољи, од првобитниот грев, па наваму, а самите тие, прават небројни дела кои исто така одат на штета на македонскиот народ, и кои дела очигледно и цврсто стојат во графата предавство.
 
Пак истиот тип на извртување на аргумент.

Читај ја од почеток темата!

Аргументите се извртени од твоја страна. Ти како граѓанин си должен да ги почитуваш правилата а не да се правиш паметен и да береш гајле кој е надлежен а кој не. Крај краева ако тоа те интересира и толку боли оваа проблематика форумот е последното место каде би успеал да го решиш овој проблем. Кабадајска работа.
 
Да ама чинам ја знаеш приказната за момчето кое постојано врискало „ВОЛК, ВОЛК„?
@Beric Dondarrion ;)
 
Мене ме интересира, колку се цврсти тие лисиците? На пример, дали ќе се скршат на удар со поголем чекан?

Сериозно прашувам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom