Да, може утре ќе им текне да наплатуваат воздух, или одење по тротоар. И тогаш ќе има соросоиди и пета колона на која ќе им сметаат вработувањата во службите за наплата на тоа.
Постоењето на овие подвлечениве е неоспорно, само не е убаво да се спрдачиме со нивното постоење (и целта на тоа нивно постоење). Тие не се занимаваат со таква ситна боранија како продавање места на паркинзи... Тоа не е нивниот бизнис, тие се во бизнисот на
продавање на државата.
Затоа морам да ти укажам дека не и правиш услуга на националната кауза, со шегување за петатта колона.
Остави го на страна диспаритетот опозиција-позиција и погледај повисоко од тоа. Тотално сеедно е кого моментално го подржуваат невладините организации на Сорос, преку кои се перат пари за да се купуваат луѓето овде. Зошто ако денес тоа е опозицијата, утре (а можеби и веќе денес) тоа може да е позицијата... Сеедно велам, зошто агендата нивна ќе им остане иста, а таа агенда е
спротивна со интересите на македонскиот народ.
Впрочем, погледај сам која беше улогата на Џорџ Сорос во поттикнувањето на војната во Украина, и како ги употреби истите тие невладини организации чии пандани ги поседува и во Македонија. Најпосле човекот сам отворено кажа дека тој беше значаен дел од организирањето на вооружениот преврат кој ја смени власта (со нацисти, марионети на САД).
Најпосле, верувам дека и од други теми си заклучил дека не сум апологет на сегашнава итерација на власта. Напротив, за било која тајфа на политичари верувам дека треба да се менуваат исти толку често како што на бебе му се менуваат пелените, од истите причини (заради кои се менуваат пелените). Но ова што ти го кажувам е надпартиско, ова за што зборувам е национален интерес. Џорџ Сорос е крвник на Македонскиот народ - исто како што е крвник на толку други народи низ светов.
Морав да го кажам ова, иако сум во офтопик - за што се извинувам на сите.