Keepitreal
И сега ?....
- Член од
- 18 септември 2012
- Мислења
- 386
- Поени од реакции
- 371
Внимание! Вашето возило е блокирано со механичко средство – лисица. За деблокирање обратете се кај контролорот или на телефонот за информации. Оваа порака од Друштвото за посебна намена Градски паркинзи, денес изненади многумина возачи низ Битола, кои своите возила ги паркирале на пешачка патека или на зелена површина во сопственост на Општина Битола. Граѓани кои паркирале далеку од зоните на паркирање со кои стопанисуваат Градски паркинзи, а сепак добиле лисици на тркалата од своите возила, се обратија во Телевизија Орбис за информација на што се должи непријатната новина. Изненадени што овластувањето на полицијата и комуналната инспекција да казнуваат непрописно паркирани возила, сега преминува во надлежност и на Градски паркинзи, граѓаните револтирано бараа објаснување за новонастанатата ситуација.
Е сеа малце да продискутираме што вие мислите за овој би го нарекол гнасен чекор на битолската полиција, општината и друштвото за посебни намени ГНАСНИ ПАРКИНЗИ...
Е сеа малце да продискутираме што вие мислите за овој би го нарекол гнасен чекор на битолската полиција, општината и друштвото за посебни намени ГНАСНИ ПАРКИНЗИ...