Надворешни односи на Македонија

Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Во врска со Турција, сметам дека твојата теорија не дава одговор на прашањето на тајмингот, зошто токму сега излагаат снимените материјали, од сите можни времења (од 2010та до сега).
Второ, Турски Поток е и голем економски потфат за Турција, зошто би се саботирале сами себе?

Те разбирам што сакаш да кажеш, ама нека логика, сметам дека не држи вода теоријата.
Зошто истовремено и на Косово и на Албанија им се случуваат потреси на политичка сцена и огромна маса на луѓе на улица? А имаат комплетно прозападни власти.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.296
Поени од реакции
18.292
Ако Америка ја изгуби Македонија ќе го изгубела приматот на светскиот трон:icon_lol: Гасоводот низ колку земји пројде па нашата земја да е клучна?
Русите и Американците се тегнат неофицијално веќе 20 години и сеа влегоа малце поагресивно,нема никакво губење на светско влијание а и ние за среќа сме далеку од бафер зоната. За сите што имаат желба да се најдат таму,во украина има отворен конкурс.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.306
Зошто истовремено и на Косово и на Албанија им се случуваат потреси на политичка сцена и огромна маса на луѓе на улица? А имаат комплетно прозападни власти.
Затоа што изгледа дека за сојузниците на западот, едно се ветувањата а друго е реалноста. Ова го прашував и Пуно, кој ќар ќе го види посечниот секојдневен Албанец од евентуална војна овде. Напротив, сите па и Албанците, ќе видат голем зијан. Впрочем, прашајте ги Украинците.

Нејсе, не одговори на прашањата за тајмингот на настаниве. Воедно и за целта/интересот на Турција во твојата теорија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Затоа што изгледа дека за сојузниците на западот, едно се ветувањата а друго е реалноста. Ова го прашував и Пуно, кој ќар ќе го види посечниот секојдневен Албанец од евентуална војна овде. Напротив, сите па и Албанците, ќе видат голем зијан. Впрочем, прашајте ги Украинците.

Нејсе, не одговори на прашањата за тајмингот на настаниве. Воедно и за целта/интересот на Турција во твојата теорија.
И како Албанците протестираат затоа што се незадоволни во животот? Нема тука политичка позадина?

Не знам како го поврзуваш тајмингот со Турски тек. Турски тек е проект во најава. И да се гради, ќе се гради во наредниве 10 години. Нема да биде утре готов. А интересите на Турција во регионов се многу потрајни од тоа, и многу побитни од било кој Турски тек. Турција не се доживува како руски вазал, па Турски тек да им биде најбитен геостратешки проект.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Русија и Турција сеуште меѓу себе го немаат договорено турскиот тек, овој веќе го бара во програми на партии и ветувања на политичари.

Па дури и да се изгради, како можеш да им веруваш на политичари што крадат избори преку заглавување на пензионери во лифтови дека нема парите од гасоводот да ти го испокрадат?

Нема гасовод или пара странска поради која треба да зимижиме пред огромен криминал и ебење на народот во здрав мозок скоро цела декада. Вакво злоупотребување на националните чувства и зборот ‘патриотизам‘ немало.

Ова што се случува кај нас е поголемо од било каков гасовод.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.477
Вакво злоупотребување на националните чувства и зборот ‘патриотизам‘ немало.
Интересна тема ова со патриотизмот, во минатото точно се знаело што тоа значи, а денес не знам дали патриотизам е мазохизам и работење за никакви пари кај македонски новопечен-феудалец со криминален бекграунд, кај кој освен методот на газење по работниците и нивните права, друго ништо не постои во неговиот вокабулар или мигрирање на запад, каде што ќе се чувствуваш како човек и ќе праќаш девизи во Македонија, за да може оваа наша банана држава да го закрпи буџетскот дефицит.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.306
И како Албанците протестираат затоа што се незадоволни во животот? Нема тука политичка позадина?
Не знам дали си во тек, ама веќе некое време постои масовно иселување на Албанците надвор од Косово и Албанија.

Не знам како го поврзуваш тајмингот со Турски тек. Турски тек е проект во најава. И да се гради, ќе се гради во наредниве 10 години. Нема да биде утре готов. А интересите на Турција во регионов се многу потрајни од тоа, и многу побитни од било кој Турски тек. Турција не се доживува како руски вазал, па Турски тек да им биде најбитен геостратешки проект.
Никој не кажа дека Турција се доживува како руски вазал. Но сметам дека Турција ситуацијата со Турски Поток го гледа како добар бизнис кој воедно е и од солидно геостратешко значење за ширење на нивното влијание во Европа. Не разбирам од која причина, или поточно зошто сакаш ситуацијата да ја претставиш како Турција да не е заинтересирана за проектот.

Нема да ја спорам теоријата дека Турција сака да ја шири сферата на влијание и во Македонија, тоа е повеќе од извесно. Но токму гасоводот Турски Тек е алатка за ширење на таа сфера на влијание. Затоа сметам дека секако не држи вода теоријата дека Турција во моментов работи на ширење нестабилност во Македонија. Ако заради ништо друго, тогаш заради тоа што така ќе го минира токму гасоводот Турски Поток (кој веќе реков, им е и стратешка и економска цел од интерес).

Тоа што почнувањето на проектот тек претстои, не значи ама баш ништо за тврдењето дека тајмингот на настаниве кај нас, не е поврзан со изградбата на гасоводот. Структурите кои работат на планирање (и саботирање) на вакви работи планираат и работат со децении однапред.
Сеедно, не добив валидна контра-теорија зошто токму сега се случува ова, ако временскиот прозорец бил цели 5 години (снимките почнуваат од 2010та).
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219
Единствен реален проблем е примерот со Украина што го посочуваш и потенцијалот за војна со кој мафтаат Америте и нивниве локални сојузници - немој да сметаш дека пријателов Пуно не го зборува тоа што Албанците генерално го мислат.
Не ни помислувам дека е можно Македонците да се судрат меѓу себе, ама втората опција - етничките судири, тоа секогаш виси во воздух. И ќе виси - како можост за дестабилизација дури и да сме членки на НАТО (скраја да е), се додека не се одземе нелегалното оружје - нешто што очигледно на сите Албанци им смета, а ете тоа можеш да го заклучиш и според ставовите на Пуно.

Но во оваа очајна економска состојба во која сме сега, зарем ќе дозволиме да испуштиме ваква монументално голема шанса... заради нешто што најверојатно е само блефирање (дури и газолижачката ЕУ нема да дозволи војна во сред Европа).
Колку само ми ги извртвуваш ставовите... нека, само ти уживај...[DOUBLEPOST=1426188068][/DOUBLEPOST]
Затоа што изгледа дека за сојузниците на западот, едно се ветувањата а друго е реалноста. Ова го прашував и Пуно, кој ќар ќе го види посечниот секојдневен Албанец од евентуална војна овде. Напротив, сите па и Албанците, ќе видат голем зијан. Впрочем, прашајте ги Украинците.

Нејсе, не одговори на прашањата за тајмингот на настаниве. Воедно и за целта/интересот на Турција во твојата теорија.
Па нелегалното оружје одамна не проработе, рѓа го зафатило, мора да има нешто да се пука.
Го кажа ова просечен албанец и си замина.
Не знам дали си во тек, ама веќе некое време постои масовно иселување на Албанците надвор од Косово и Албанија.
Албанците секогаш се иселувале заради економски причини, но и за други, но овој пат заминуваат за тие 300 евра што ги даваат во Австрија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.306
Колку само ми ги извртвуваш ставовите... нека, само ти уживај...
Можеби Пуно, ако објасниш, ќе разберам како тоа јас ти ги извртувам ставовите?

Нели ти самиот кажа дека ако го изградиме гасоводот, америте може да ни направат војн... Извини, кажа дека ако го изградиме гасоводот, америте може да ни да ни донесат демократија и западни вредности.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219
Можеби Пуно, ако објасниш, ќе разберам како тоа јас ти ги извртувам ставовите?

Нели ти самиот кажа дека ако го изградиме гасоводот, америте може да ни направат војн... Извини, кажа дека ако го изградиме гасоводот, америте може да ни да ни донесат демократија и западни вредности.
Кад тад ќе ме фатиш на кондиција, нејсе ти за парче леб работиш, ти ја разбирам упорноста.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.306
Ваљда кога ќе се почне во детали да се зборува за внатрешните настани а без конотација кон надворешната поврзаност, тоа е веќе дефакто дискутирање на внатрешна политика. Која е забранета на форумов (од некоја причина).
Никаде не видов да бришат постови со имиња ниту со настани, кога контекстот е поврзан со надворешната политика.

Кад тад ќе ме фатиш на кондиција, нејсе ти за парче леб работиш, ти ја разбирам упорноста.
Ова и јас за тебе би можел да го кажам. И можеби, велам МОЖЕБИ... Ако покажеш како дојде до таков заклучок, МОЖЕБИ кажаното ќе имаше некаква тежина. Вака е како ветер кога дува. Во магла.

Патем те замолив да дообјасниш што тоа ќе ни се случи ако ние (Македонија) си го тераме економскиот интерес и започнеме изградба на гасоводот кон Европа. Ист таков гасовод каков што си имаат и Германија, Франција и... да не должам, западна Европа. Разни работи зборуваш. Те си за гасоводот ама само ако се гарантира дека нема Балканот да го контролираат Русите, те не си за гасоводот затоа што си бил за ЕУ (чуденка).
Ајде биди љубезен како што (извесно не) си паметен, и не го дефлектирај прашањето. Кој е дефинивно твојот став за гасоводот, и што тоа ти ни кажуваш дека ќе ни случи во Македонија ако започнеме со изградба на гасоводот кон Европа.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219
Ова и јас за тебе би можел да го кажам. И можеби, велам МОЖЕБИ... Ако покажеш како дојде до таков заклучок, МОЖЕБИ кажаното ќе имаше некаква тежина. Вака е како ветер кога дува. Во магла.

Патем те замолив да дообјасниш што тоа ќе ни се случи ако ние (Македонија) си го тераме економскиот интерес и започнеме изградба на гасоводот кон Европа. Ист таков гасовод каков што си имаат и Германија, Франција и... да не должам, западна Европа. Разни работи зборуваш. Те си за гасоводот ама само ако се гарантира дека нема Балканот да го контролираат Русите, те не си за гасоводот затоа што си бил за ЕУ (чуденка).
Ајде биди љубезен како што (извесно не) си паметен, и не го дефлектирај прашањето. Кој е дефинивно твојот став за гасоводот, и што тоа ти ни кажуваш дека ќе ни случи во Македонија ако започнеме со изградба на гасоводот кон Европа
Јас не знам што може да се случи, не сум странски шпиун, не сум против изградба на гасоводот, туку сум против руското влијание, затоа што знаеме сите што се случува со државите каде се мешаат двете суперсили, и не, не е ова закана, како може да е...
Верувам дека на американците не им пречи рускиот гас, нели го има во Германија, Турција, но очигледно им пречи руското влијание конкретно кај нас(сето ова го пишвам за таа твоја хипотетичка ситуација кај која американците им ги предале материалите на Заев).
Во секој случај тука ние ништо не можеме да сториме, албанец, македонец, било кој, ние сме обични смртници.
Но ако тебе ти е важно моето мислење, по трет пат ти кажувам дека сум за секаква инвестиција, било кинеска, било руска од која има минимални шанси за подобрување на општата благосостојба во држава.
Пак ќе повторам, ние имаме економски интерес, но рускиот гас не доаѓа заради економски цели.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.306
не сум против изградба на гасоводот, туку сум против руското влијание
...
Пак ќе повторам, ние имаме економски интерес, но рускиот гас не доаѓа заради економски цели.
Јас никако не сум убеден дека Руската Федерација се напнува за да го прошири своето влијание во големата Македонија. Ако имаат такви интереси, тие се однесуваат на Европа (а факт е дека имаат, само тоа и не е наша работа).

Епа сега што правиме, заради туѓи интереси ние да се откажеме од нашиот економски интерес (мило ми е дека барем за тоа се согласуваме). Или ние да си го тераме нашиот интерес, а тие што се засегнати на друг план - тие нека си чукаат главата. Ете им ги Австрија, Унгарија и Грција, тие се членки на ЕУ - нив нека им продаваат приказни за „европски вредности и заедништво„... Во исто време додека истата таа западна Европа цица евтин руски гас од нивниот северен гасовод.
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
272
Поени од реакции
182
Гасовод преку Турциjа е пораз за сите учесници со исклучок на самата Турциjа. Неjкем да сум енергетски зависен от турците.

Puno, турците инсистираат да се купувачи и продавачи на гас со Turkish Stream, нема тразит тука.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.296
Поени од реакции
18.292
Гасовод преку Турциjа е пораз за сите учесници со исклучок на самата Турциjа. Неjкем да сум енергетски зависен от турците.

Puno, турците инсистираат да се купувачи и продавачи на гас со Turkish Stream, нема тразит тука.
Ќе добиеш поефтин гас или во најлош случај како сега,која ти е таа зависност? Ако решат другите земји да проаѓа ќе пројде и тука,за што не се продале нашиве за ова проблем ќе е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom