Ова и јас за тебе би можел да го кажам. И можеби, велам МОЖЕБИ... Ако покажеш како дојде до таков заклучок, МОЖЕБИ кажаното ќе имаше некаква тежина. Вака е како ветер кога дува. Во магла.
Патем те замолив да дообјасниш што тоа ќе ни се случи ако ние (Македонија) си го тераме економскиот интерес и започнеме изградба на гасоводот кон Европа. Ист таков гасовод каков што си имаат и Германија, Франција и... да не должам, западна Европа. Разни работи зборуваш. Те си за гасоводот ама само ако се гарантира дека нема Балканот да го контролираат Русите, те не си за гасоводот затоа што си бил за ЕУ (чуденка).
Ајде биди љубезен како што (извесно не) си паметен, и не го дефлектирај прашањето. Кој е дефинивно твојот став за гасоводот, и што тоа ти ни кажуваш дека ќе ни случи во Македонија ако започнеме со изградба на гасоводот кон Европа
Јас не знам што може да се случи, не сум странски шпиун, не сум против изградба на гасоводот, туку сум против руското влијание, затоа што знаеме сите што се случува со државите каде се мешаат двете суперсили, и не, не е ова закана, како може да е...
Верувам дека на американците не им пречи рускиот гас, нели го има во Германија, Турција, но очигледно им пречи руското влијание конкретно кај нас(сето ова го пишвам за таа твоја хипотетичка ситуација кај која американците им ги предале материалите на Заев).
Во секој случај тука ние ништо не можеме да сториме, албанец, македонец, било кој, ние сме обични смртници.
Но ако тебе ти е важно моето мислење, по трет пат ти кажувам дека сум за секаква инвестиција, било кинеска, било руска од која има минимални шанси за подобрување на општата благосостојба во држава.
Пак ќе повторам, ние имаме економски интерес, но рускиот гас не доаѓа заради економски цели.