Надворешни односи на Македонија

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.908
Поени од реакции
13.038
Америка и Русија ги исклучувам, или им давам минимални шанси. Тие се тука веќе подолг период, нив не им е потрено запознавање на политичките ентитети кај нас. Е сега најголеми можности има Турција, јасно е дека било барано психоанализа на нашиве политичари на англиски јазик за поматамошно обработување. Тоа говори дека службата работи на непознат терен. Дури и за Грција можностите ги сведувам на минимум.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Е јас баш затоа на сите можни теми го критикувам и пишувам негативно за Ердоган, оти во такво сценарио ни се еба мајката на сите нас, ако дојде ситуација со нас да управува заулавениот турчин кој се мисли дека е реинкарнација на Сулејман Величествениот.

Опасна игра на сите засегнати, но @Vanlok тука е во право, гасоводот мора да ни биде прв приоритет, па макр биле и руски вазали 100 години, боље тоа него турски
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.097
Прво, соодржината на бомбите. Рехабилитација на Фијат и Велија. Двајцата торбеши, со директни бизнис конекции со Турција. Торбешките гласови ги контролира ВМРО, би сакал да ги контролира Ердоган. После, снимки во кои се слуша Цигани. Најсилниот муслимански бастион на ВМРО. Повторно, од интерес на Ердоган. Трето, ДУИ и ДПА веднаш ја избраа страната на ВМРО, особено после гостувањето на Заев во Албанија заедно со тие од Беса. После, прати ги реакциите и на ЕУ, и на САД, и на Русија. Сите ќе го пуштат Заев низ вода.

Ама јас мислам дека Ердоган е свесен дека Заев му е неуспешна приказна. Тоа е само првата третина од планот. Сега успеа да ги убеди СДСМ дека само со коалиција со муслимани може да се вратат на власт и успеа да ги дискредитира ДУИ и ДПА. Втората третина ќе биде правење од Беса партија која ќе тежи 200к гласа. И на крај, коалиција СДСМ-Беса која би имала премиер Македонец кој ќе дава државјанства на дел од овие 6 милиони „Македонци“.

И мислам дека оваа битка ќе ја изгубиме долгорочно. Особено ако не добиеме директна помош од некоја голема сила. Тука ставот на САД е многу битен. Ако САД реши дека Турција не им смета, Македонија, Албанија и Косово први ќе добијат премиери Турци или потурци. После тоа, ако земеш во предвид демографија истата игра ќе може да се префрла во Бугарија и Србија.
Интересно, ама @Inglourious Basterd што мислиш дека е ултимативниот интерес на Турција (Ердоган) во Македонија?
Нели Турски Тек е од голем интерес пред се на Турција, како тоа се вклопува во нашава ситуација?

Потоа, тајмингот на настаниве? Зошто токму сега, од 2010та - 2011та?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.188
Ништо, го дефлектираш фактот дека те обвинив дека се закануваш со тоа дека Америте ќе ни направат војна во Македонија. Или ни потенцираш дека тие ни се закануваат со војна, ако не се откажеме од гасоводот?

Воедно не одговори ни на прашањето, дали тоа произведување војни и страдања е таа позната американска (западна) демократија?

Пак ќе повторам, ми се гади од ваквите лицемерија. :cautious:
Мислам дека не морат, ако им треба војна ќе ја направат, јас само реков дека знаеме низ што поминаа тие земји на кои *влијателите* им се менуваа. И не, не е закана, ако би било, би било *само закана*, не живеам јас во Тунгузија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Интересно, ама @Inglourious Basterd што мислиш дека е ултимативниот интерес на Турција (Ердоган) во Македонија?
Нели Турски Тек е од голем интерес пред се на Турција, како тоа се вклопува во нашава ситуација?

Потоа, тајмингот на настаниве? Зошто токму сега, од 2010та - 2011та?
Турција е империја која го контролирала регионов 5 века, а го нема под контрола само 1 век. А империја тешко ги губи своите империјални пориви. Јас мислам дека гасоводот ќе се гради во секој случај и САД нема да пробуваат да стават рампа на тоа овде. Таа рампа ќе пробаат да ја стават во демографски најздравата држава на Балканот, Грција.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.908
Поени од реакции
13.038
Ванлок за Ердоган ултимативен проект е Османлиска империја,може defacto не, но in jure да. Ние, Бугарија па и Србија на демографски ја губиме битката.
 
?

..........

Гостин
Омг, уште една небулозна теорија, Турција?
Пријателот на Грујо Ердоган:icon_lol:
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.687
Пријател, ако го читаш Героски...
Не го читам Героски, меѓутоа дружбата на Груевски со турски државници таков впечаток остава. Посетите на високи турски функционери во РМ, честите посети на Груевски во Турција, одморот летово... Јасно ми е дека кубуриме по тазе пара, ама позади тоа и нешто друго се влече.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не го читам Героски, меѓутоа дружбата на Груевски со турски државници таков впечаток остава. Посетите на високи турски функционери во РМ, честите посети на Груевски во Турција, одморот летово... Јасно ми е дека кубуриме по тазе пара, ама позади тоа и нешто друго се влече.
Одморот летово беше по покана на Ердоган. И од Груевски таму нешто е побарано. Тој греши што не излегува јавно со тие барања, ама веројатно се плаши.

И ако пратиш подетално, после изградбата на крстот спроти зградата на Џевахир (чија изградба патем, е најмонументалната глупост што ја има направено владата на Груевски, и тотално го засени ефектот од стопирањето на Космос) сите турски инвестиции во Македонија се само во најава, а ниедна не се случува на терен.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Зарам сега со тоа ќе се плашиме, дефетстички да се согласиме да останеме економски утепани и со никаков стандард затоа што во спротивно Американците ќе ни направат војна овде? Дали тоа ни го кажува(ш)(аат)?

Ова се повеќе и повеќе излегува како во онаа приказната (што ја мразам) за кубурот. Ти текнува чинам? :cautious:
Не,туку ти кажувам нешто што претпоставувам дека и самиот го знаеш ама некако го губиш од предвид во дискусијава.
Ти кажувам дека гасоводот,сам по себе,не значи економски развој,туку можност за економски развој.Слично е и со членството во ЕУ.

Ти го даде примерот со членството на Хрватска во ЕУ,за да покажеш дека членството во ЕУ,само по себе не значи економски развој,јас ти го давам примерот со Украина,од истата причина.

Заборави ја војната,таа почна пред 1 година и нема врска со муабетов.
Има врска,тоа што низ Украина минуваа најважните гасоводи,дека добиваа гас по смешна цена,дека добиваа еден куп пари за транзит на гасот,и пак беа мизерија.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.445
Поени од реакции
18.433
Одморот летово беше по покана на Ердоган. И од Груевски таму нешто е побарано. Тој греши што не излегува јавно со тие барања, ама веројатно се плаши.

И ако пратиш подетално, после изградбата на крстот спроти зградата на Џевахир (чија изградба патем, е најмонументалната глупост што ја има направено владата на Груевски, и тотално го засени ефектот од стопирањето на Космос) сите турски инвестиции во Македонија се само во најава, а ниедна не се случува на терен.
Значи за брзо време ќе нема турски серии на Сител.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.097
Ти кажувам дека гасоводот,сам по себе,не значи економски развој,туку можност за економски развој.Слично е и со членството во ЕУ.
Не бе пријател, ги мешаш малку лончињата.
Гасоводот не е можност, туку гасоводот е дефакто ЕВТИН ЕНЕРГЕНС. Нешто што е императив за секоја економија. Понатаму грешиш што гасоводот го ставаш како пречка за членство на ЕУ. Пак ќе ги спомнам Германија, Франција, Белгија, Холандија, дури и Британија, и цела западна Европа... Зарем за нив с’ркањето евтин гас од Северниот Поток е пречка за нивното членство во ЕУ??
Остај ти реториката на ЕУ, ако имаат интерес да не примат ќе не повикаат - без разлика дали мене тоа не ми се допаѓа, или на тебе ти се допаѓа.

Единствен реален проблем е примерот со Украина што го посочуваш и потенцијалот за војна со кој мафтаат Америте и нивниве локални сојузници - немој да сметаш дека пријателов Пуно не го зборува тоа што Албанците генерално го мислат.
Не ни помислувам дека е можно Македонците да се судрат меѓу себе, ама втората опција - етничките судири, тоа секогаш виси во воздух. И ќе виси - како можост за дестабилизација дури и да сме членки на НАТО (скраја да е), се додека не се одземе нелегалното оружје - нешто што очигледно на сите Албанци им смета, а ете тоа можеш да го заклучиш и според ставовите на Пуно.

Но во оваа очајна економска состојба во која сме сега, зарем ќе дозволиме да испуштиме ваква монументално голема шанса... заради нешто што најверојатно е само блефирање (дури и газолижачката ЕУ нема да дозволи војна во сред Европа).
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.097
Турција е империја која го контролирала регионов 5 века, а го нема под контрола само 1 век. А империја тешко ги губи своите империјални пориви. Јас мислам дека гасоводот ќе се гради во секој случај и САД нема да пробуваат да стават рампа на тоа овде. Таа рампа ќе пробаат да ја стават во демографски најздравата држава на Балканот, Грција.
Јас сметам дека тие (САД) работат на повеќе нивоа паралелно. Можеби и си во право дека примарна цел им е да го запрат гасоводот уште во Грција - но секако паралелно работат и на други опции, меѓу кои секако е и Македонија.

Во врска со Турција, сметам дека твојата теорија не дава одговор на прашањето на тајмингот, зошто токму сега излагаат снимените материјали, од сите можни времења (од 2010та до сега).
Второ, Турски Поток е и голем економски потфат за Турција, зошто би се саботирале сами себе?

Те разбирам што сакаш да кажеш, ама нека логика, сметам дека не држи вода теоријата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom