Таман со парите потоа, ќе може ново оружје да се купи. Ново, пософистицирано, по стандардите на НАТО, а?
Еј што добра идеја за „бизнис„ а? Целото скапано оружје од поширока околина нека се „испере„ во Македонија, демек западните држави ќе се фателе за свој џеб... Можеби, ама само како заем за после Македонците да враќаат, преку даноци и такси. А таму на северозападот слушам нешто послабо одело наплаќање на даноци, такси, па и сметки воопшто.
Иначе и мене ме нервира вложување во споменици кога има толку многу поважни работи. Ама на крајот на краиштата, се некако се мислам дека повеќе би гледал бронзени лавови отколку нови џамии да се прават со тие пари.
Сума сумарум, јас од бронзени лавови веднаш би се откажал - во корист на општа благосостојба. Но вистинското прашање е: Дали ти би се откажал од џамиите?
Нормално, и лавовите и џамиите разбери ги како метафори - за нивните вистински симболзирани значења.
А агенда се гледа јасно кој има, шириш анти западна прпаганда интензивно, тоа може само некој кој таткото му го убиле западњациве, или па зема пари за тоа.
Наивно е да се верува дека русите не мешале прсти во Балканот, ги има во Грција, Албанија, Косов, Бугарија, па и овде.
Јас немам скриена агенда, а очигледно е дека сакам подобар живот, подобри стандарди, сакам да искусиме дел од животот на тие од запад. Сакам да живеам во општество каде можам да се вработувам врз основа на моите квалитети, со тоа ќе здобијам независност како млада особа кој мора да живее со родителите.
Искрено верувам дека можеме напред да одиме само ако го следиме западот.
Тебе татко ти, да ти го убија „источњаците„ а?
Јас преска општо кажав, дека само на некој со лоши намери - може да НЕ му одговара одстранување на
целото нелегално оружје во Македонија. А ти ете одма се препозна. Слета мувата на капата, а?
А тоа што велиш дека ширам пропаганда, е само твое (погрешно) мислење. Пропаганда е едно, а ВИСТИНАТА е нешто друго. Вистината не може да биде пропаганда.
Вистината е таа што јас ја кажувам - и таа не е толку антизападна колку што е МАКЕДОНСКА. И пошироко, таа е вистината за секој еден обичен секојдневен граѓанин на оваа држава, без разлика од кој народ е.
Само тие лоши намери и со агенда може да профитираат од судири, или скраја-да-е „обоени револуции„ или војни. А тоа се методи што нашироко низ светов ги применуваат тие што ти ги нарекуваш „запад„. Да не мислиш дека обичниот Албанец ќе профитира нешто ако се деси овде граѓанска војна, после која земјата ќе се опустоши и можеби Албанците ќе добија федерализација/сецесија? Ако така мислиш, погледај малку погоре - посеверно. Прашај ги Косовците зошто бегаат од Косово? Прашај ги што аир видоа тие од „големата победа„?
Впрочем, не знам што ти си мислиш ама јас и не велам дека го претпочитам „истокот„. Јас ја претпочитам неутралноста на Македонија.
Што и фали на Швајцарија, или на Финска, што не се во НАТО?
Нејсе. Прв дестабилизирачки фактор во државава е нелегалното оружје, со кое државата се држи заложник. Тоа е во позадина на сите процеси, како лоша зканувачка сенка која секој момент може да излезе на виделина.
Затоа велам дека одстранувањето на нелегалното оружјето е императив за стабилноста на оваа држава. Тоа што ти не се согласуваш со тоа, ни зборува дека твој интерес не се стабилноста и благосостојбата на државава.
Типично ти е тоа, само немој да мислиш дека не си провиден кога ни пропагираш „западни вредности„, вредности во кои всушност се скриени барања за дефетизам и потчинетост.
[DOUBLEPOST=1426073126][/DOUBLEPOST]
Јас немам скриена агенда, а очигледно е дека сакам подобар живот, подобри стандарди...
Ако навистина си за подобар живот, и за подобри стандарди - ајде тогаш едно прашање за тебе, да видиме дали ќе можеш искрено да одговориш.
- Дали си за изградбата на гасоводот Турски Тек низ Македонија?