Набрзина завршив со Rogue, сега скокнав на Assassin's Creed III. Назад ќе одам, вај нот.
Не знам дали е до мене или е вистина така, ама сеуште ептен добро изгледа играва. Посебно лицата на клоусап кога се и очите ми личат многу живо за разлика од некои денешни игри. А рачунај, три и пол години е стара. Се мислев да одам прво на Black Flag, да пробам да најдам некоја партија онлајн, ама приказната во Rogue ми се допадна толку многу (иако беше очекувано глупа) шо морав да ја продолжам со AC III.
Исто ја играм и Metro 2033 за прв пат. Доцнам, знам, ама секогаш кога ќе ја пробав ми личеше нешто како слаб рип-оф од S.T.A.L.K.E.R. и после тоа некако не ми се играше. Колку грешев, еј. Една од најатмосферичните и страшни игри кои ги имам играно. Не е во стил на овие " хорор " игри шо ги играат сите Јутубери, ама цело време те држи на нерва, да ти е страв еден куршум да испукаш за да не ти скокни нешто од негде па да те извади од кожа. Не знам како да објаснам, едноставно ќе кажам дека ептен е јака играва.
При крај сум со игри на Стим, аман веќе нека излезе уште некоја од овие епизодичните побрзо, нејќам да ги преигрувам за да не менувам ништо.