Која "пастрмајлија" е подобра?

  • Креатор на темата Креатор на темата Madonna77
  • Време на започнување Време на започнување

Која Пастрмајлија е подобра?

  • Велешката дефинитивно!

    Гласови: 103 32,4%
  • Штипската!

    Гласови: 157 49,4%
  • Не знам, немам пробано никогаш

    Гласови: 58 18,2%

  • Вкупно гласачи
    318
Мене ако ме прашувате, штипската. А да се уверите дека ја зборувам вистината, јадете пастрмалија во Лонгуров. (на влез во Штип од десна страна)

И ќе кошта 500 денари..
 
Добра штипска пастрмајлија прават во Грил Хаус - Аеродром (спроти стар Мек Доналдс пред Капитол Мол). Тестото им е врв, а и мевцето.
 
Јадев пастармалија во Верона во Штип. Поголемо срање немам пробано , а ми беше препорачано како најдобро место.

Ако ова ви беше најдобрата пастармалија , слободно укинете ја пастармалијадата од наредната година.
 
И во тоа пекарата "Гемиџии" во Велес, прават многу убави пити, убаво тесто и ми се свиѓа месото, пошто нема рскавци и такви слични срања кои што ги има кај овие другиве по познати места/ресторани.
 
И во тоа пекарата "Гемиџии" во Велес, прават многу убави пити, убаво тесто и ми се свиѓа месото, пошто нема рскавци и такви слични срања кои што ги има кај овие другиве по познати места/ресторани.

И кај тоа Караколето,татко му умре,ама син му и жена му прават пити во пекарата кај пазарчето,кај КАМ што е продавницата кај трговски..Од таму стално земам пити,ептен ме бендисуваат,70 денара полни со место и јајца..
 
Јадев пастармалија во Верона во Штип. Поголемо срање немам пробано , а ми беше препорачано како најдобро место.

Ако ова ви беше најдобрата пастармалија , слободно укинете ја пастармалијадата од наредната година.
Тој што ти ја препорачал Верона кажи му дека не постои кафеана во Штип која ќе ти направи пастрамајлија со вистинскиот вкус што треба да го има. Најдобра пастрмајлија е онаа која ќе си ја направиш дома, посебно во фурна на дрва и со домашно месо.

Сега гледаат што побрзо да ја направат, да стават повеќе тесто, а каков е вкусот и дали тој што ја јаде е задоволен најмалку им е важно. :D Тестото или е изгорено или недоволно испечено и во него старо месо со сомнително потекло.
 
Месо беше полна , али немаше вкус. Буквално не осеќав никакво задоволство кога ја јадев , како да ми се изгубија сите осети за вкус. :)
 
Месо беше полна , али немаше вкус. Буквално не осеќав никакво задоволство кога ја јадев , како да ми се изгубија сите осети за вкус. :)

Ретко кога ќе погодат веќе, од брзање и немарност ги прават никакви. Најубаво е со свое месо и да однесеш месара а фурна што печи да ти направат.
 
Џабе е полна со месо ако е некое што подолго време било замрзнато и е суво. Па уште и кога ќе видам прават и со пилешко. Секое месо не е за пастрмајлија, ај ако не пак нека измислат и од џигер. :D
Ставаат зејтин наместо свинска маст, а маста на пастрмајлијата и дава посебен вкус.
 
И во тоа пекарата "Гемиџии" во Велес, прават многу убави пити, убаво тесто и ми се свиѓа месото, пошто нема рскавци и такви слични срања кои што ги има кај овие другиве по познати места/ресторани.

Следно идење во Велес таму да ме носиш, а не во Баже нема пити :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom