Инвестициски БУМ во Македонија

V

viktora

Гостин
оние изгорените од 90тите години кога преку ноќ нивните фирми отидоа под стечај од бранковите директори не се сложуваат со тебе
Не бе тогаш беше супер.Ни фискални ни даноци ни пријавувања,платичка 5-6000,а и
и таа ја земаа само за три месеци во годината.Права на работникот инаше само по филмови.Да не збориме за работно време,газдата те држеше колку душа му сака,и пак за истите мочани 6.000 кои ги дибиваш следната година.Ако имаш среќа.Топ беа ти '90 е сега фирмиве плачат.Зошто?Па морада плати придонеси,плата на картица,плус прекуцремено итн.Ете затоа ГАЗДИВЕ наши кукаат.
 
V

viktora

Гостин
Значи и ти се слагаш дека сега работење 6 дена во неделата по 10-тина саати во зониве за 9.000 денари е супер?
Не се слагам,скраја да е.Него било и многу полошо.Мајками работеше во Типо за 6.000ден и каснеа со плата две гидини.Мораше да седи поради стажот,кој на крај испадна да не ти бил платен.Исто и стариот во гранит.Јас работев во фастфуд за мочани 8.000 а раб време до три четири сабајле.И ми се сере најискрајно кога некој од работодавачиве кука како фирмат му идела лошо.А кога носеа вреќи пари дома во 90те и ги ебеа работниците,арно било тогаш.Е сега данок вработени кириј итн,и пак замисли возат коли од неколку десетици илјади евра и идат на одмор некаде каде обичен работник не може и на гуглмапс да го најде а камо ли да отиди тамо.
9.500 се ужас плата,но имало и бетер.Само повеќето се млади и не памтат.Порано и со пари и достонство ти ебале.А 80% од денешниве ГАЗДИ парите ги направиле во деведесетите год,или они или нивните родители.И тоа се на грб на обичните раб.И сега кукаат,па ќе кукаат кога треба да дадат пари,а тоа што го ебе раб и му ги троши год од животот?
 
C

cige

Гостин
Значи и ти се слагаш дека сега работење 6 дена во неделата по 10-тина саати во зониве за 9.000 денари е супер?
Во Дрекселмаер и и она во Жабени почетна плата е 9000, во Илинден сите зимаат над 20.000.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Во Дрекселмаер и и она во Жабени почетна плата е 9000, во Илинден сите зимаат над 20.000.
Во Бунарџик има околу 1000 вработени, во останатите се скоро 5 пати повеќе, затоа ги земав останатите за пример. Инаку ако не си приметил ги имам фалено Џонсон и Џонсон како инвестиции, ќе го фалев и Дрекслмаер да даваа 300+ евра плата колку што ветија на почетокот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.829
Поени од реакции
82.917
Браво за Прилеп.

Груевски: „Гентерм“ ќе отвори 2.000 работни места
Петок, 27 Февруари 2015 15:55


Со инвестицијата на американската компанија „Гентерм“ во изградба на фабрика во индустриската зона во Прилеп ќе се отворат 2.000 нови вработувања и ќе има многу работа на локалните фирми, истакна денеска премиерот Никола Груевски.


- Како што објавија претседателот на компанијата и другите негови соработници, „Гентерм“ влегува во Македонија и го одбра Прилеп за локација. Градбата ќе почне многу брзо, некаде март, април и ќе заврши брзо некаде во октомври, затоа што тие веќе ги прават подготовките, рече Груевски, по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци.

Вработувањата, истакна, ќе почнат во октомври и постепено ќе се достигне бројката од 2.000 луѓе. Компанијата објави дека ќе почне да ги регрутира првите вработени и да ги испраќаат на тренинг затоа што во октомври некој треба веќе да започне со работа и тоа е добро, а во октомври ќе почнат помасовно да примаат луѓе.

- Ќе биде одлично за граѓаните на Прилеп и на целиот прилепски регион затоа што сите што живеат во тој регион ќе имаат можност да конкурираат и да се вработат и да бидат дел од овие 2.000 луѓе. Ќе има доста работа и за локалните фирми коишто можат да бидат добавувачи на „Гентерм“, истакна Груевски и додаде дека „Гентерм“ веќе има 8.600 вработени во автомобилската индустрија.

Инвестицијата, како што рече, е резултат на заеднички сили од повеќе лица и долго работење на Владата со оваа компанија, по долги убедувања.

-Во конкуренција на пет други држави, Македонија беше избрана како најдобра локација за градба на нивната следна фабрика, додаде премиерот Груевски.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/191297-Gruevski-Genterm-ke-otvori-2000-rabotni-mesta?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed: kurir/makedonija (Курир - Македонија)[DOUBLEPOST=1425074009][/DOUBLEPOST]Браво и за Валандово. Пред се се радувам што инвеститорот се залага за еколошко ископување.

Инвестиција од 250 милиони евра, нови 250 вработувања во рудник кај Казандол
Петок, 27 Февруари 2015 13:21


Вкупна инвестиција од 250 милиони евра за четири години и 250 нови вработувања само во првата фаза предвидува договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол што денеска го потпишаа министерот за економија Беким Незири и менаџерите на компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ – Скопје.


Согласно договорот, најпрво ќе се гради фабрика за катоден бакар со капацитет од 4.000 тони годишно, а геолошките истражувања продолжуваат на уште два локалитета каде се планира изградба и на објекти за финални производи.

- Владата продолжува со активностите за привлекување странски инвестиции кои имаат позитивен ефект врз растот и развојот на економијата. Компанијата САРДИЧ со англиско-украински капитал во првата фаза од проектот ќе вложи 25 милиони евра и ќе вработи 250 лица, но плановите не застануваат тука, рече министерот Незири пред потпишувањето на договорот.

Како што информира извршниот управител на компанијата Генадиј Сичов, изградбата на фабриката почнува во мај, а производството треба да стартува најдоцна до крајот на годинава.

- Експлоатацијата на бакарната руда ќе се врши со најсовремена технологија, според сите еколошки стандарди, без какви било влијанија на животната средина, напомена Сичов.



Бакарните катоди ќе бидат наменети за македонскиот пазар, но дел и ќе се извезува. Се очекува приливот на средства во државата да изнесува околу два милиона евра.

Во подготвителните активности за целиот процес САРДИЧ досега вложи пет милиони евра.

Компанијата во јануари минатата година по електронското наддавање го доби тендерот за детални геолошки истражувања во рудните наоѓалишта Казандол, Плавуш и Петрошница. Истражувањата завршија во рекордно време и беа изготвени потребните елаборати. Новиот капацитет на САРДИЧ ќе користи напредна, веќе разработена технологија за извлекување бакар. Станува збор за специфичен процес во затворен циклус на извлекување и преработка со електролиза без испуштање какви било гасови, течности или тврди отпадоци во околината
http://kurir.mk/makedonija/vesti/191271-Investicija-od-250-milioni-evra--novi-250-vrabotuvanja-vo-rudnik-kaj-Kazandol[DOUBLEPOST=1425074157][/DOUBLEPOST]Ова уште не е официјално ама чим премиерот го спонува сигурно е 99,997%. Само уште да се открије локацијата

Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика во Македонија
Американска компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски.


Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два.

- Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика- рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, Општина Бутел.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=46079
Е шо браво? Па и ја можам у Прилеп да отворам 3000 места со минимална плата од 20 денари.[DOUBLEPOST=1425582357][/DOUBLEPOST]
Значи и ти се слагаш дека сега работење 6 дена во неделата по 10-тина саати во зониве за 9.000 денари е супер?
Трите смени!
Да не ги заборавиме трите смени.
 
C

cige

Гостин
Денес е најавена нова Белгиска инвестиција во Гази Баба
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.829
Поени од реакции
82.917
Не се слагам,скраја да е.Него било и многу полошо.Мајками работеше во Типо за 6.000ден и каснеа со плата две гидини.Мораше да седи поради стажот,кој на крај испадна да не ти бил платен.Исто и стариот во гранит...
Тоа беа тие среќни времиња за време на другите коа беа на власт. Вакви причи знам многу.
Стварно, опцијата ни е - змија да те апне или магаре да ти го бапне.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Еден од многуте позитивни ефекти на инвестициите е и тоа што се создава домино ефект или ефект на снежна топка па така тие што се веќе дојдени ги влеачат и другите. Во конкретниот случај се работи за доставувач на една фирма која веќе работи во ТИРЗ. Се надевам дека ќе дојде и ден кога можеби некој од автомобилските производители повторно ќе се одлучи за инвестиции во земјата.

Нова белгиска инвестиција во Македонија
МАКЕДОНИЈА|ЧЕТВРТОК, 5 МАРТ 2015,13:39
0
СПОДЕЛУВАЊА

Сподели на Facebook

Сподели на Twitter

Реномираната белгиска компанија SLABINCK NV е новиот инвеститор во Република Македонија.

По неколкумесечни успешни преговори со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, компанијата одлучи да инвестира во општина Гази Баба каде што за почеток веќе е обезбедена хала и работен простор во површина од околу 900 м2 кој наскоро се планира и да се прошири. Компанијата, која има свое седиште во градот Бриж, во провинцијата Западна Фландрија, се занимава со ласерско сечење и обработка на метали, а воедно е и еден од најголемите клиенти на веќе присутен инвеститор во една од технолошко индустриски развојни зони.

На денешната средба во Скопје помеѓу косопственикот и главен извршен директор на компанијата Лук Слабинк и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции Климент Шекеровски беше официјализирана новата инвестиција.

-Задоволство ми е што имам можност, заедно со г-динот Слабинк, да ја информираме македонската јавност за влезот на уште една реномирана компанија која станува интегрален дел од домашната економија. Со влезот на белгиски Slabinck NV, што за нас како владин тим претставува валоризација на сиот досегашен ангажман и напори за нивно убедување да дојдат во Република Македонија, ќе се отворат нови можности за вработување на нашите граѓани, но и можност за деловна соработка со голем број локални коминтенти. Значајно за нас е и тоа што во оваа почетна фаза опремата и машините се набавени од домашни компании, а во натамошниот период ќе следува и проширување на просторот и негово доопремување со најсовремена машинска технологија. Според најавите на инвеститорот, се очекува вредноста на целокупната инвестиција да достигне околу 3 милиони евра. Денешниот настан е само потврда на успешната политика на Владата за привлекување на странски компании кои ја избираат Македонија како своја бизнис дестинација, истакна Шекеровски.

Директорот на компанијата Слабинк изрази благодарност до Шекеровски и неговиот тим за овозможената поддршка.

-Во втората половина од 2014 година, остварив средба со господинот Шекеровски и неговиот тим од Агенцијата за странски инвестиции во Скопје кои што навистина со својата професионалност и континуирана поддршка во сиот изминат период ми овозможија полесно, заедно со своето семејство, да донесеме одлука за започнување на нов инвестициски проект во дотогаш за нас една релативно непозната земја. Би сакал да упатам благодарност до г-динот Шекеровски и неговиот тим за овозможената поддршка и сигурен сум дека ова ќе биде добра препорака и за моите деловни партнери од Белгија и пошироко за инвестирање во Македонија каде што наидовме на одличен прием“, изјави Слабинк.
http://rsm.mk/web/?p=39133

Вчера зборував и за индиректните вработувања кои се отварат како резултат на отварање на странските компании. Еве еден пример за тоа

Нов објект на компанијата „Мултишпед“ беше отворен во локалната економска зона Илинден, скопско.

Новиот царински склад на оваа компанија која што се занимава со транспорт и логистика и нуди дистрибиција на разни стоки и услуги се простира на површина од 1.000 метри квадратни.

Вкупната инвестиција на компанијата е 500.000 евра, со што се овозможуваат 15 стартни вработувања, кои ќе се зголемуваат во наредниот период.
http://emagazin.mk/vesti/vest/6657

- See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/6657#sthash.MrraeyHm.dpuf
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Еден од многуте позитивни ефекти на инвестициите е и тоа што се создава домино ефект или ефект на снежна топка па така тие што се веќе дојдени ги влеачат и другите.
Ми звучиш како Груевски. :angel:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
со што се овозможуваат 15 стартни вработувања, кои ќе се зголемуваат во наредниот период.
Е многу бе, толку секој саат во јавна администрација се вработуваат, па не се фалат.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Не се слагам,скраја да е.Него било и многу полошо.Мајками работеше во Типо за 6.000ден и каснеа со плата две гидини.Мораше да седи поради стажот,кој на крај испадна да не ти бил платен.Исто и стариот во гранит.Јас работев во фастфуд за мочани 8.000 а раб време до три четири сабајле.И ми се сере најискрајно кога некој од работодавачиве кука како фирмат му идела лошо.А кога носеа вреќи пари дома во 90те и ги ебеа работниците,арно било тогаш.Е сега данок вработени кириј итн,и пак замисли возат коли од неколку десетици илјади евра и идат на одмор некаде каде обичен работник не може и на гуглмапс да го најде а камо ли да отиди тамо.
9.500 се ужас плата,но имало и бетер.Само повеќето се млади и не памтат.Порано и со пари и достонство ти ебале.А 80% од денешниве ГАЗДИ парите ги направиле во деведесетите год,или они или нивните родители.И тоа се на грб на обичните раб.И сега кукаат,па ќе кукаат кога треба да дадат пари,а тоа што го ебе раб и му ги троши год од животот?
Одлучисе...дали тогаш било лошо, или денес.
Во тоа време се богателе наши "бизнисмени", денес странски....значи било како да свртиш работникот е секако во незавидна положба.
И денес имаш газди кој не плаќаат редовно плати, придонеси кон здравство и пензиско, позитивно за македонскиот модерен роб утешително е што може да бира кому ќе му биде роб, дали на домашниот робовладетел или на странскиот донесен од преродбениците именуван како странски инвеститор....................
 

Kajgana Shop

На врв Bottom